логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Епископ  Велички Гаврил Светогорец

ЧУДО 36.
За неискажливата убавина на пресвета Дева Марија што ја видел еден богобојажлив клирик

Bogorodica.Vodno.jpgВо некој галски град имало еден добродетелен и разумен клирик кој се занимавал со пишување на книги. Тој блажен маж имал голема љубов кон пресвета Богородица и многу сакал да ја виде на овој свет. Поради тоа непрестајно Му се молел на Бога, и Бог, Кој им ја исполнувал волјата на оние што Му се молат, ја чул желбата, па испратил ангел од небото и му рекол: „Небесната Царица ги послуша твоите молитви и ме испрати да ти јавам да се приготвиш оти во недела рано ќе дојде да ја видеш во таква убавина, која е достапна за телесните очи; знај дека и од таа убавина ќе ти ослепат очите". Штом го рекол тоа, ангелот си отишол, а тој останал да размислува како ке живее потоа слеп кога не знае друга работа, освен пишување, па намислил да си го затвори едното око, та само со едното да ја гледа света Богородица и само со него да стане слеп.

Во определеното време му се јавила света Богородица во таква светлина и убавина каква со човечки јазик не може да се искаже. Тој, гледајќи со едното око, се чудел на таква слава и красота, па го отворил и другото за да ја виде подобро, но таа веднаш се изгубила од погледот и тој останал со едно око, па почнал да се укорува и да се кае што не го отворил и другото за да се нарадува повеќе, па макар да останел наполно слеп.

Потоа тој почнал да се моли, велејќи: „О Боже мој, удостој ме уште еднаш да ја видам пресвета Богородица, па макар потоа да останам сосема слеп". Исто така и се молел и на света Богородица и постел за да му се јави. Тогаш ангелот Божји пак дошол и му рекол: „Сецарицата се умилостиви поради твоето срдечно молење и ќе дојде пак да ја видеш, затоа што сакаш да останеш слеп за нејзина љубов". „Благодарам, рекол тој, за нејзината благодат, и се поклонувам и го славам Нејзиното име. И не само видот да си го изгубам, но и рацете и нозете и целото свое тело сакам да го изгубам, само да можам уште еднаш да ја видам". - „Утре да бидеш готов, му рекол ангелот, и нема да ослепиш, но и другото око ќе ти се отвори и ќе ти се зарадува срцето". Кога повторно му се јавила пресвета Богородица, од голема светлина тој паднал со лицето на земјата како апостолите на Тавор и му се отворило окото, а срцето и душата му се просветиле, па станал и ја гледал света Богородица со двете очи се дури не станала невидлива. Потоа клирикот живеел богоугодно, им благодарел на Бога и на света Богородмца и отишол во вечното живеалиште.

ЧУДО 37.
За тоа како едно дете воскреснало и го кажало својот убиец

Некоја благочестива и добродетелна жена имала голема љубов кон пресвета Богородица, додека нејзиниот маж бил нечестив, законопрестапник, одел по други жени и никако не водел сметка за својот дом. И така, еднаш тој долго време бил отсутен од дома, а неговата жена, немајќи што да јаде, зела да дои дете од некој богат човек за да се прехрани. Кога сознал мажот и за ова, дошол тајно ноќе и го убил детето за да ја обвинат и да ја осудат жената. Жената кога се разбудила и го видела детето мртво, не знаејќи како се случило тоа, почнала да плаче и сакала да се убие. Но соседитс кога чуле плачење, дошле кај неа да ја утешат. Кога чул таткото на детето, веднаш отишол и плачел неутешно и не сакал да поверува дека го нашла мртво, туку мислел дека таа го убила, па ја предал на власта да ја осуди по правда: глава за глава. Во тоа време се појавил мажот на жената и се преправал дека му е жал за неа. Кога ја осудиле на смрт и ја повеле да ја убијат, таа немајќи на кого да се обрне за помош, погледнала кон небото и рекла: „Пресвета Владичице и Госпоѓо на целиот свет, помогни ми мене на бедната, бидејќи без вина сум осудена да ме убијат!" Откако го рекла тоа жената од срце, тој час се појавила една прекрасна и славна жена со дете во рацете и им рекла на судиите: „Почекајте малку во вашиот суд да суди и Моето Чедо, Исус Христос". Тогаш проговорило божественото дете и им рекло на судиите: „Не судете криво, туку по правда за да не си ги изгубите душите. Зошто осудувате без сведоци? Така ли заповеда законот? Донесете го убиеното дете да му судам и јас на убиецот". Кога чуле прису-тните таква мудрост од мало дете, се зачудиле и го донеле убиеното дете, на кое небесниот Младенец му рекол: „Во името на Господа, стани и кажи ни кој те уби?" За големо чудо на сите, детето оживеало, прозборело како возрасен човек, го кажало името на убиецот, покажувајќи го со прст. Кога тоа го виделе, сите се зачудиле, а света Богородица заедно со Својот Син, Исус Христа, отишла на небото. Потоа судиите го фатиле убиецот, го врзале за опашката на еден коњ и го влечеле додека не умрел. Жената, пак, ја пуштиле како невина и таа и благодарила на пресвета Богородица, се замонашила и си ја спасила душата.

ЧУДО 38.
За едно еврејско дете кое се причестило и откако било фрлено во оган, останало живо

Некој Евреин во Цариград имал дете на 7 години, кое заедно со христијанските деца отишло в црква да се причести, без да го познае свештеникот. Кога се вратило дома, им кажало на своите родители за тоа. Татко му штом го чул тоа, многу се разгневил и како вистински непријател Христов го фатил детето и го фрлил во една вжарена печка. За да изгори што поскоро, додал уште повеќе дрва. Меѓутоа, Бог, Кој ги сочувал трите деца во Вавилон, го избавил и ова дете и тоа стоело во огнот како на ладно место. Кога чула неговата мајка, отрчала кон печката со плачење, мислејќи дека детето изгорело. Тоа предизвикало да се соберат соседните христијани, па кога виделе дека детето е живо, го извадиле, а на неговото место го фрлиле татко му, кој веднаш изгорел. Потоа го прашале детето како останало живо, а тоа им одговорило: „Таа жена што во рацете држи дете во црквата, каде што се причестив, стоеше до мене и ме покриваше со полата на својата облека, па не дојде огнот до мене". Тогаш сите разбрале дека тоа била света Богородица, Која го покривала заради светата причест. По ова чудо, мајката, дегето и многу Евреи се покрстиле и поверувале во нашиот Господ Исус Христос, Кому Му прилега чест и слава во веки. Амин.

ЧУДО 39.
За жената што света Богородица ја ослободила од осудување поради крвосмешување и детеубиство

Bogorodica.Isus.z2.jpgВо големиот град Рим имало некој благочестив големец, кој намислил да го остави светот и да живее во осаменост за да си ја спаси душата. Тој се опростил со жена му, и оставил едно машко дете, па отишол на едно пусто место, каде што живеел богоугодно до крајот на својот живот. Жената, останувајќи сама со детето, целото свое внимание и љубов му ги посветила нему; го милувала и го прегрнувала не само кога било мало, туку и кога пораснало, таа не се одделувала од него, а како безумна непрестајно била се со него. По содејство на ѓаволот, таа прегрешила со него, и кога сетила дека во утробата има плод од својот син, паднала во бескрајно очајание и сакала да се самоубие. Но кога се сетила за милоста Божја, и минало очајанието и почнала да Му се моли секој ден со солзи на очите и да ги поминува деновите во пост и молитви за да и се прости тешкиот грев. Меѓутоа, кога дошло време да се роди детето, таа се скрила дома на тајно место, родила и, за да не се открие срамот, го фрлила во клозетот, каде што умрело детето и работата останала во тајност.

Но, измислувачот на лошите работи, ѓаволот, намислил да ја посрами пред луѓето за да падне во поголема жалост и да умре непокајана. Поради тоа се преобразил во добродетелен и мудар духовник и почнал да го поучува народот и да раскажува за разни убиства, кражби и други беззаконија. Заради тоа почнале да го почитуваат не само простите луѓе, но и богатите и да му веруваат за се што им проповедал. Еден ден тој рекол: „Благородни господари, ќе ви раскажам за едно големо беззаконие што се случи во вашиот град и за кое се чудам како се уште Бог не пушта оган од небото да го изгори Рим, како некогаш Содом и Гомор, затоа што и овде се случи истото беззаконие. Знаете ли дека онаа жена - и го кажал името - за која мислите дека е света, изврши прељуба со својот син, роди дете и го уби за да го скрие своето недело". Кога го чул народот ова, не му поверувал, но рекол: „Ние сите знаеме дека таа жена е добродетелна и не прави такви недела". Но тој тврдел и рекол: „Запалете овде оган и доведете ја жената, па да видиме кој лаже и оној што лаже, фрлете го во огнот". Тогаш судиите ја повикале жената и и рекле: „Госпоѓо, оној пророк што Господ го издигна во нашиве денови заради нашето спасение, вели дека таков и таков грев си направила. Ако е вистина, исповедај се пред нас сама или, пак, посрами го како лажец и клеветник". Жената просветена од Бога, кога го чула тоа, одговорила: „Премудри судии! Позволете ми малку подоцна да му одговорам на тој клеветник, затоа што премудриот Соломон рекол: Да не одговараме веднаш на големи прашања, но прво да размнслиме за да можеме да дадеме подобар одговор ". Тогаш судиите и дале осум дена рок и таа отишла во својот дом, паднала на колена и плачела многу, а потоа отишла кај архијерејот Лукијан и му го исповедала гревот со голема самоосуда. Архијерејот, откако ја ислушал, се зачудил и и рекол: „Не плаши се, ќерко, но надевај се на Божјата милост затоа што Неговата милосрдност е поголема од сите беззаконија. Тој им прости на гонителот Савле и на Петра кои се одрекоа од Него; и не само што им прости, но ги направи и први. Така и ти моли и се со солзи на Мајката Божја, оти Таа е единствената утеха на очајаните и помошничка на грешните. Бидејќи времето е кратко, друг канон не ти давам, а само моли Му се од се срце на Бога". Откако ја поучил архијерејот, си отишла дома, се затворила во една соба и цела седмица се молела срдечно, без да јаде нешто, а само се удирала во градите и ја молела света Богородица да ја избави од нејзиниот противник. Мајката Божја ја примила молитвата затоа што се молела од срце. Кога дошол одредениот час да отиде на суд, отишла со неа и Таа невидливо. Кога стигнала жената, судиите му рекле на ѓаволот: „Ете ја жената, оче, кажи и ја вината за да ја прими заслужената казна". Кога видел дека при неа стои света Богородица, ѓаволот се растреперил и рекол: „Не е таа родосквернителка и детеубица, но добродетелна и чиста и не смеам да кажам ништо за неа зашто Марија стои близу до неа и ја чува". Потоа кажал дека таа се очистила со пост и покајание, со многу солзи и чиста вера. Кога тоа го чуле оние кои биле таму, се прекрстиле, а ѓаволот исчезнал како чад, поради што сите се зачудиле и Го прославиле Бога. Тогаш ја пуштиле жената да си оди дома со чест, а таа понатаму целиот свој живот го поминала богоугодно, слугувајќи и на света Богородица за срам на ѓаволот, а за слава на Седобриот Бог.

ЧУДО 40.
За едно дете што мајка му го предала на ѓаволот додека уште било во утробата

Имало некој маж што заедно со жена му биле богобојажливи, раздавале милостина и правеле добри дела. Откако минале доста време во брак, се согласиле повеќе да не живеат како маж и жена, а да бидат како брат и сестра. Меѓутоа, непријателот на целомудрието, не можејќи да ги поднесува нивните добрини, го натерал мажот на Велика сабота да направи љубодејство со жена си сосила, без да е согласна таа поради великиот ден, па му рекла со гнев: „О безумниче! Зошто не го почитуваш овој ден? Но ќе се молам на Бога, ако се зачне дете, да биде на ѓаволот". И штом го рекла тоа безумство, во тој час зачнала и со време родила машко дете, кое било многу убаво и колку повеќе растело толку поубаво и поразумно било, така што секој што ќе го видел му се радувал.

Кога станало на дванаесет години, гаволот и се јавил на мајката и и рекол: „Да знаеш дека по три години ќе дојдам да го земам детето, кое ти сама ми го вети". Штом го чула ова мајката, се нажалила и почнала да плаче секој ден. Детето, гледајќи ја така нажалена, ја прашало: „Зошто, мајко, кога ќе ме видиш, плачеш?" Тогаш таа му кажала се подробно, поради што детето се уплашило да не го земе ѓаволот, па една ноќ побегнало во Ерусалим и Ми се исповедало на патријархот, кој го испратил кај еден богоугоден испостник, на кого ангел Божји секој ден му донесувал по еден чудесен леб, а кога имал гостин, му носел по два. Кога стигнало момчето при старецот, му го дало писмото од патријархот и тој штом го прочитал, му рекол: „Да се молиме, чедо, на пресвета Богородица, која ги победува ѓаволите и многу души избавила од нивните раце". Откако го рекол тоа, старецот го натерал момчето да се моли со солзи и го задржал во својата ќелија се до светлото Воскресение кога се навршувале трите години откако и се јавил ѓаволот на мајка му. Еднаш, кога испостникот служел божествена литургија, момчето стоело со страв и трепет пред Светата трпеза и кога излегол старецот со чесните дарови на вход, ѓаволот го грабнал момчето и го однесол со телото во адот. Испостникот кога го чул гласот на момчето, многу се нажалил и откако ги оставил даровите на Светата трпеза, со солзи почнал да Им се моли на Бога и на света Богородица да не го остават во рацете на ѓаволот, туку да го избават. Штом го рекол тоа, тој продолжил да ги чита божествените молитви на светата литургија за да не остане недовршена.И кога изговорил: „Изрјадно о Пресвјатеј..."9 - момчето се нашло во светиот олтар и Ја славело Светата Троица. По отпустот на светата литургија, старецот го причестил момчето и почнал да го прашува каде го водел ѓаволот и како го мачел кога го грабнал? Тоа му одговорило: „Ме однесе во една темна и смрадна бездна, каде што имаше безброј души што се мачеа. Таму дојде света Богородица, па ме извади од тоа проклето место и се најдов в црква". Тогаш старецот Ги прославил Бога и света Богородица што ја примиле неговата молитва, а момчето отишло при патријархот, од кого добило благослов и се вратило во својот дом при родителите, кои Им благодареле на Бога и на Богомајката, со Чии молитви и ние да добиеме небесно блаженство. Амин.

 


9 „Особено за пресветата, пречиста, преблагословена, славна Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.“

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 130
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 296
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 181
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »