логоFacebookTwitterYouTubeeMail


sv.prorokIlija1.jpg
Пророкот Илија живеел  900  години пред Исус Христос, роден е во 816. година пред новата ера, зборел со Господ Исус Христос, што е забележано во Светото Писмо, сведочел за Св. Троица и за постоењето на вечниот живот.
На втори Август Божјата Црква го прославува чесното и светото  име на Божјиот пророк, чудотворец, боговидец и небоземниот граѓанин, силниот ревнител и сведок на Св. Троица и славата Божја, славниот Свети Илија. „ Ангел во телото, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање – Илија Славен, откако одозгора му испрати благодет на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажани очистуваше“. Затоа на оние кои го почитуваат им дава исцеление, се вели во тропарот.
Потекнува од племето Ароново. Роден е во градот Тесвит, поради што е наречен Тесвитец. Уште кога се родил  Илија, татко му Савах видел ангели околу него, „како со огин да го повиваат детето“, што било знак дека тоа дете  ќе има подарено од  Бога огнена сила и пламен карактер. Скоро целиот живот го поминал во молитва кон Бога, во пустина. 

 

 

 

 

 

ЧУДАТА НА ПРОРОКОТ

No automatic alt text available.
Ахав подигнал идолски храм, посветен на лажниот Сириски Бог Ваал. Св. Илија со силна вера и чуда ја покажал пред луѓето  Божјата сила, за да поверуваат во вистинскиот Бог. Бог му испратил од небото огин и ја запалил жртвата, пред многу сведоци, за разлика од жреците на лажниот Бог Ваал кои не успеале да направат такво чудо. Кога меѓу народот владеел неморал и незнабожство, Св. Илија пред Ахава ја најавил Божјата казна и со молитва кон Бога „Он го затвори небото и не паднало дожд три години и шест месеци“. На необичен начин го умножил брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта Сидонска, а и` го воскреснал нејзиниот син. „Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него“. Со молитва го отворил затвореното небо и заврнал дожд. На Ахав и Језевија им ја прорекол страшната смрт. На планината Хорив разговарал со Бог. Св. Илија со својата наметка ја разделил водата на реката Јордан.

sv.prorokIlija2.jpg
Пред својата смрт за наследник го одредил Елисеј. Кога настанало суша и глад, Бог го заштитил својот верен слуга „...сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан: од тој поток ќе пиеш на, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“.

 

Во Светата Земја, во манастирот „Св. Георги Хозевитски“ има пештера, во вдлабината висока карпа ( каде го хранеле гавраните ), посветена на Св. пророк Илија и икона со неговиот лик и гавранот кој му носи во клунот храна. Поклониците му оддават почит на Бога и на Св. Илија на тоа свето место. Св. Илија се вознел на небото. Како што оделе  по патот заедно со Елисеј „наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се понесе во виорот кон небото“. Св. пророк Илија повторно ќе се појави пред крајот на светот,заедно со праведникот Божји Епох.

Тие ќе сведочат за Божјата вистина и за невистината на антихристот.

Извор: Македонско сонце
За Преминпортал подготви: Стојанка Тежак

 

 

 

Image may contain: 5 people

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 405
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

« »