логоFacebookTwitterYouTubeeMail

st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски е роден во градот Солун од благородни и благочестиви родители. Измолен од Бога од бездетни родители, Димитриј бил син единец, заради што бил воспитан и однегуван со големо внимание. Татко му бил војвода солунски, па кога умрел татко му го поставиле Димитриј за војвода, наместо неговиот татко.

Пријателот на царот Максимијан, царот Диоклецијан, во 303 година наредил уривање на сите цркви и спалување на светите книги, одземање на граѓанските права, честа и заштитата на христијаните, а ослободените робови, доколку продолжеле со исповедање на Христовата вера, ја губеле својата слобода. Со втората царска наредба, во темница биле испратени не само верниците, туку и свештенослужителите, а со третата, христијаните биле подложени на најстрашни измачувања доколку и понатака одбивале да принесат жртви на идолите. Гледајќи дека ниту тоа не вродува плод, царот започнал страшна борба, која започнала со спалување на дваесет илјади христијани во градот Никодимија, и тоа на самиот ден Велигден. Кога го поставиле за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорачал да ги гони и истребува христијаните, кои биле во Солун.

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон спасение. Со љубов посеаниот Божји збор паднал на плодна почва, па народот од солунската област почнал масовно со крштевање на луѓето. Младиот Димитриј знаел дека поради тоа го чека сурова казна, но никогаш не се покаја за тоа.

Но, исто така, никаква овоземска слава – успех и благосостојба, не му го помрачиле неговиот духовен вид: пред своите духовни очи тој никогаш не ја изгубил славата Божја и убавината на Царството Божјо. Затоа и одбрал да страда со Господ, за вечно да живее со Него и за Него, отколку да се откаже од Него заради сенки непостојани од трева во поле и од цвет кој венее под зраците на сонцето. Затоа, свесен дека го чека страдање, свети Димитриј Солунски целото свое огромно богатство и имот го предал на верниот свој слуга Луп, молејќи го, што е можно побргу да го раздели на сиромашните, додека тој самиот се подготвувал да го дочека царот Максимијан. Димитриј го дочекал царот со сите почести. Но, истовремено овој благочестив млад човек не само што ги потврдил царевите сомнежи дека е христијанин, туку и се обидел и самиот цар да го вразуми. Кога слушнал за тоал царот Максимијан многу се огорчил на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот свратил во Солун посебно за да ја испита оваа работа. Го повикал војводата Димитриј и го испитувал за верата. Димитриј јавно пред царот признал дека е христијанин и го изобличил идолопоклонството на Максимијан.

Но, заслепен од власта и многуте други демонски пороци, царот наредил да го фрлат во темница, додека не смисли казна достојна за неговата висока положба, и надевајќи се дека Димитриј ќе се предомисли од вербата во Бога. Но љубовта кон Бога била неуништива не само кај младиот Димитриј, туку и кај многубројните христијани, меѓу кои било и едно момче по име Нестор. Нестор многу го почитувал и сакал својот духовен учител свети Димитриј. Младиот Нестор слушнал како царот Максимијан бездушно се забавувал среде христијанскиот Солун. Имено, тој од некој свој крвав поход донел некој огромен мегданџија, варварин Лиј, кој го забавувал царот, така што насилно донесените христијани ги фрлал од бината на остри копја. Затоа Нестор побрзал кон темницата, во која бил Димитриј, молејќи го да му даде благослов за да излезе во борба со варваринот Лиј и да го спречи понатамошниот злостор. Димитриј го благословил, но го предупредил дека може и да настрада. Но, Нестор ни малку не се уплашил туку се качил на бината кај горостасот и со Божја волја го фрлил од неа на истите остри копја, на кои се пролевала христијанската крв. Царот страшно се разгневил и наредил Нестор веднаш да го убијат.

А кога царот дозна дека Нестор излегол на мегдан со благослов на свети Димитриј, наредил и него да го избодат со копја. На 26 октомври по стариот, односно осми ноември по новиот календар, година 306, царските војници влегле во јамата, каде бил фрлен светиот великомаченик Димитриј заедно со својот слуга Луп и го затекнале како се моли. Го убиле, но неговото тело христијаните тајно го зеле и го погребале достојно.

Дека кај Бог нема мртви, туку сите се живи, посведочил и свети Димитриј, и тоа веднаш по преселувањето негово во Царството небесно. Имено, во јамата кога бил убиен, неговиот слуга ја зел неговата кошула и прстен потопени со крв и ги понел со себе, топло молејќи го светецот со своите молитви да му помогне нему и на сите негови блиски. И се случило чудо – сите болни кои ги допреле светите предмети од Димитриј и со верба во Бога, биле излекувани. За тоа чул и царот Максимијан и наредил и Луп да го убијат.

Наскоро царот Галериј ги укинал Диоклецијановите укази и им подарил на христијаните слобода на вероисповед. Дотогаш скриените под земја во катакомби, многу цркви заблескаа пред очите и во срцата на верниците. Така и жителите на Солун изградиле црквичка над гробот на светиот великомаченик Димитриј, кој секојдневно чудотворел.

Леонтиј, човек од стара Илирија, бил неизлечиво болен. Гледајќи дека не може никој да му помогне, а чул за храмот и чудните излекувања на свети Димитриј Солунски, тргнал на далечен пат. Бидејќи не можел сам да оди, го внеле во црквата. Верата негова била непоколеблива и Леонтиј станал потполно здрав. Се заблагодарил на Бога и на светецот, и гледајќи дека црквата е мала, а болни имало многу, наумил на истото место да соѕида голема и преубава црква. Со благослов на надлежниот архиереј, ја урнале старата црква и почнале да копаат темели за новата. Т огаш ги пронашле моштите на светецот потполно сочувани. Изгледал како штотуку починат. И притоа потекло лечебно миро, од кое цел Солун замирисал. Светите мошти ги положиле во златен ковчег украсен со скапи камења и го внеле во новиот прекрасен храм, посветен на светиот меликомаченик Димитриј Мироточив. За сите овие скоро седумнаест векови, никој не успеал да однесе дел од неговите мошти надвор од Солун.

Самиот благочестив цар Јустинијан посакал во новоизградената црква Света Софија, која ја соѕидал во Цариград, да положи дел од моштите на великомаченикот Димитриј. Стигнувајќи во Солун, неговите луѓе, инаку, како што останало во историјата запишано, многу побожни и честити луѓе, дошле до златниот ковчег, во кој биле моштите на светецот, му се молеле на самиот великомаченик да им дозволи дел од неговите мошти да пренесат во царската престолнина. Како одговор, од ковчегот се појавил оган. Самиот светец им се заканил да не ги чепкаат неговите мошти. Првата, пак, опомена била онаа, која ја доживеал самиот Леонтиј. По завршувањето на градбата на храмот на свети Димитриј во Солун, тој купил многу ниви и лозја и ги подарил на црквата и потоа се припремил за враќање во Илирија. Сакал и во своето место, исто така, да соѕида црква на светиот великомаченик и во неа да стави дел од чесните мошти, ама му се јавил самиот свети Димитриј и му рекол да не чепкаат во моштите. Тогаш Леонтиј ја зел само кошулата натопена со крвта на светителот, ја ставил во златен ковчег и тргнал на пат. Дека е заштитуван му покажал светецот на чуден начин. Имено, додека пловеле, се кренала голема бура. И кога изгледало дека нема помош, светецот се јавил на Леонтиј, го охрабрил и ги спасил и него и неговите сопатници од страшните бранови. Стигнувајќи во Илирија, Леонтиј и таму изградил преубава црква во чест на светиот великомаченик Димитриј.

Како заштитник на Солун, свети Димитриј се јавувал многупати и многупати го спасил Солун од големи неволји. Неговите чуда се навистина безбројни. Русите го сметаат и за покровител на Сибир, којшто го освоиле и го присоединиле кон Русија во 1581 година.

Тропар, глас трети:

Како голем херој во бедите те најде вселената, страдалниче, победувајќи ги незнабошците. Па, како што ја скрши Лиевата гордост, а го поттикна на смел подвиг Нестора, така, свети Димитрије, на Христа Бога моли се, да ни дарува голема милост.

 

 https://blagovesti.wordpress.com/2013/11/07/sveti-velikomacenik-dimitrij-solunski/

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 252
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 736
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »