логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 vov

 На 21 ноември/04 декември,Православната црква одбележува еден необичен празник, којшто го нема во Светото писмо и затоа може да изгледа како некоја благочестива легенда. Поголемиот дел од тематскиот материјал за празникот на Воведението на Богородица во Храмот е земено од апокрифното дело што потекнува од средината или крајот на вториот век, познато како Протоевангелие на Јаков (познато и како Евангелие за детството од Јаков). Главниот расказ говори за младата Марија како е посветена во Храмот од нејзините родители подобно на Хана (грч. Ана) и нејзиниот сопруг Елкана, кои го посветиле детето Самоил во Скинијата во Силом (1Цар 1-2). Понатаму во тоа дело се говори за тоа како таа престојувала во Светињата на светињите. Една многу важна научна работа е направена по однос на историската веродостојност на оваа пракса од страна на Меган Нуцман од Универзитетот Олд Доминион, која дава референци во еврејски извори за некое здружение на храмови девици.

Враќањето на Славата на Јахве

Без оглед на историчноста на овој настан, теолошките импликации на овој празник се извонредни. Неодамна, умировениот англикански епископ и маркантен новозаветен истражувач Н.Т. Рајт учествуваше во една панел дискусија на Богословското училиште Дјук, каде што тој нагласи еден од неговите најважни придонеси во проучувањето на Новиот завет, имено дека Новиот завет многу често Го претставува Исус Христос во мотивот на Враќањето на Славата на Јахве при Својот народ.

Езекил 10 гл. опишува една визија на пророкот, каде што тој ја гледа славата на Јахве како таа го напушта прагот на Храмот на подвижна херувимска колесница-трон малку пред уништувањето на Храмот од Вавилонците. Треба да се потсетиме дека внатре во Светињата на светињите, во највнатрешната просторија од Храмот, се наоѓал Ковчегот на заветот, а на поклопката на Ковчегот имало два златни херувима со раширени крилја. Овие фигури го образувале тронот (престолот) на Јахве познат како меркава (трон-колесница или Седиште на Милоста), место каде што присуството и славата на Јахве невидливо пребива меѓу Неговиот народ. Претставата на трон направен од херувими, хибридни криласти суштества, била релативно општа на древниот Блиски Исток, особено во Египет. Еден египетски мотив на ваков трон е пронајден меѓу резбите на слонова коска од Мегидо во долината Језреел во Северен Израел, каде јасно може да се види цар седнат на трон од херувими. Во Стариот завет, Јахве особено е дел од епитетот Јахве Саваот (Господ на војските) Кој седи/пребива меѓу херувимите (1Цар 4,4,; 2Цар 6,2; Ис 37,16) и е Оној Кој јава на херувими (2Цар 22,11; Пс 17,11). Затоа, референците на херувимите, особено во визиите на Езекил 1 и 10, треба да ги разбереме како укажување на колесницата-трон (оттука „тркала“ кај Езекил) на Јахве и особено на присуството на Јахве меѓу Својот народ.

tron

Кога славата на Јахве го напуштила Храмот пред неговото уништување од рацете на Вавилонците, Евреите го очекувале денот кога таа ќе се врати, кога славата на Јахве повторно ќе се всели над херувимскиот трон во Ерусалимскиот храм. Езекил 40-48 детално го опишува овој нов Храм и славата на Јахве како слегува над него. Кога поробените Евреи се вратиле од Вавилон, тие почнале да го реконструираат Храмот, истиот оној Храм во кој Богородица била донесена од нејзините родители. Сепак, славата на Јахве никогаш не се вратила во овој Храм. Немало Ковчег во Светињата на светињите и Евреите сè уште го очекувале враќањето на нивниот Бог да се всели меѓу нив.

Херувимскиот трон

ark

Сега можеме да го воочиме значењето на Воведението на Мајката Божја во Храмот. Кога детето Марија се искачувало по скалилата и влегла во Светињата на светињите, ние ова можеме да го разбереме како враќање на Ковчегот на заветот, Новиот завет, во Храмот. Христијаните многу одамна псалмот 131,8 го толкувале како укажување на Богородица: Стани, Господи, дојди во местото каде што е Твојата почивка, Ти и светиот Ковчег Твој.

Овој псалм првично најверојатно се пеел за време на процесија со Ковчегот на заветот. Можеме да си претставиме дека овој стих се пеел, додека свештениците го носеле Ковчегот од скалилата на Храмот во Светињата на светињите. Така, во самото тоа што детето Марија се искачувало по скалилата на Храмот, ние ја гледаме подготовката за долгоочекуваното враќање на славата на Јахве меѓу Својот народ.

Поистоветувањето на Богородица со Ковчегот на заветот е суштинско за нашето богословско разбирање на нејзиното раѓање (на Христа). Паралелно со поистоветувањето на неа со самиот Ковчег, или подобро кажано дека Ковчегот бил типос (праобраз) и сенка за Неа, ние Богородица можеме да ја поистоветиме и со самот херувимски трон, врз којшто почивал Јахве. Во нашата химнографија, ние ѝ пееме две химни на Мајката Божја, за време на Божествената Литургија. На Литургијата на свети Јован Златоуст, ние го пееме следниов рефрен:

    Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите. Бога Словото нетлено си Го родила, Тебе вистинската Богородица ние Те величаме.

На Литургијата на свети Василиј Велики пееме:

    Он го направи твоето тело трон и твојата утроба попросторна/поширока од небесата.

Химните поставени во овој дел од Божествената Литургија јасно ја претставуваат Богородица и како ангелско суштество и како трон. Ако ја разбираме идејата на херувимскиот трон опишан погоре, ние го воочуваме вистинското значење на овие химни, кои не се само хиперболична декорација, како ја опишуваат Богородица како самиот херувимски трон на Јахве, местото каде што Бог живее меѓу Својот народ. Всушност, дури и нашата иконографија го претставува детето Христос Емануил седнат во прегратките на Својата мајка како на трон.

Мистичното вознесение на небесниот трон


Значењето на овие идеи ја надминува обичната типологија, зашто во него ние можеме да го видиме мистичното вознесение на Небесниот престол на Бога што се случува на секоја Божествена Литургија. Ви еврејскиот мистицизам, мистикот се моли со собени химни и имиња на Бога со надеж дека мистично ќе биде пренесен на горниот небесен Храм, каде што ќе биде удостоен со визија на меркава колесницата-трон, самата слава на Јахве опишана од Езекил. Фактот дека предмет на мистично сосредоточие во јудаизмот е колесницата-трон ни помага да го разбереме нашето сосредоточие на Богородица, којашто го зазема истото место. Во Божествената Литургија, сите ние мистично се вознесуваме на горниот небесен Храм. На почетокот од Литургијата на верните, пееме „Ние што мистично/таинствено ги изобразуваме/претставуваме херувимите…“. Во овој момент од Литургијата, ние се гледаме себеси како мистично, т.е. на еден таинствен и духовен начин, сме на местото на ангелските созерцатели на Божјиот трон. Ние сме влегле во внатрешното светилиште на небесниот Храм, каде што ја созерцуваме славата на Јахве. Во внатрешното светилиште се придружуваме на хоровите на серафимите, пеејќи „Свет, свет, свет е Господ Саваот“, евхаристиските Дарови се осветуваат и тогаш пееме една од песните на Мајката Божја што погоре ги укажавме. Во овој момент, ние нашето сосредоточие го обраќаме на самиот Божји трон, Христовата мајка.

Vierge_Grece_16e

  1. Значењето на овој литургиски акт е следново: со обраќањето на нашето сосредоточие на Мајката Божја, Литургијата нè носи, како за рака, до херувимскиот трон на Јахве, Богот на Израил. И што наоѓаме? Невидливо присуство? Огнен столб или облак? Не, ние ја наоѓаме Дева и нејзиниот Син, Воплотениот Син Божји. Кулминацијата на мистичната надеж на Евреите, долго очекуваното враќање на Јахве меѓу Својот народ, се исполнило во раѓањето на Дева. Јахве живее меѓу Својот народ повторно, седнат врз Својот мајчински трон.

    Иако Синот Божји се симнал да биде роден од Дева, Он исто така се вознесе на Небесата. Враќањето на Јахве при Неговиот народ не се исполнува само со Неговото доаѓање да живее меѓу нас на земјата, туку попрво кога Он нè крева/вознесува нас да живееме со Него во Неговата небесна слава. Во нашето мистично вознесение во Божествената Литургија, ние сме издигнати на Небесата, при самиот трон Божји и ние живееме со Него во евхаристиско општење.

    По пеењето на химната на Мајката Божја, ние потоа ја пееме (или кажуваме) Господовата молитва. Сме го продолжиле нашето вознесение, без да застанеме кај самиот трон. Поточно, гледаме дека и ние сме седнати на тронови како „сонаследници“ на Христа (Рим 8,17). Во Господовата молитва, ние се „осмелуваме“ да Го повикуваме Бога како „Отец“, а тоа го правиме само затоа што сме го добиле статусот да бидеме синови и ќерки на Бога по благодат. Ние сме сонаследници на Христа на Царството Божјо, затоа заедно со Христос се молиме „Оче наш“. Само по ова ние се причестуваме. Само по сосредоточувањето на небесниот трон и нашето восиновување во Царството, ние го актуелизираме нашиот однос, бидејќи ние сме примени како синови и ќерки на Бога, затоа што сме едно тело со Христос. Како членови на Неговото Тело, ние „владееме со Него“ во Неговото Царство.

    Резиме

        Ковчегот на заветот и херувимскиот трон на Јахве се праобраз и сенка на Богородица.
        Воведението на Богородица во Храмот го означува враќањето на Јахве да живее меѓу Својот народ, што се случува со раѓањето на Христос, Воплотениот Бог.
        Значењето на Богородица како херувимски трон се остварува во нашето мистично вознесение во Божествената Литургија.
        Со фокусирањето на нејзиното место како трон Божји, ние го откриваме нашето место како прифатени синови и ќерки на Бога, сонаследници на Христа во Неговото вечно Царство.

    Празникот на Воведението на Богородица во Храмот го знаменува враќањето на славата на Јахве, Чијашто слава ние ја созерцуваме во лицето на Христос Емануил – Бог е со нас. Он е седнат на Неговиот трон и Он нè издигнува нас со Него на небесниот Храм, каде што можеме да заедничариме со Него и да владееме со Него во Неговото Царство како сонаследници. Да не ги пееме химните на Богородица на истиот начин повеќе. Кога пееме „Почесна од херувимите“, да се сосредоточиме на вистинското значење на тоа и да разбереме дека ние сме вознесени од земјата на небесата да заедничариме со Оној Кој седи на херувимскиот трон, Дева Марија.

    д-р Ерик Џоб

    Извор: http://blogs.ancientfaith.com/departinghoreb/237/

    Подготвил: Георгиј Глигоров

Преземено од: http://mistagogia.mk/vovedenie-na-presveta-bogorodica-eric-robe/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 734
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »