логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 
Потпишување на Актот за канонско единство (08.05.2007)


Повеќе од половина архиереи на Руската Православна Задгранична Црква и околу третина од нејзините свештеници ќе земат учество на историската богослужба во храмот на Христос Спасителот во Москва, која ќе го означи обединувањето на РПЗЦ со Московската патријаршија.

На 17 мај, кога треба да се случи потпишувањето на Актот за канонско единство, се очекува во Москва да пристигнат седум архиереи на РПЗЦ, меѓу кои ќе биде и Поглаварот - митрополитот Лавр и повеќе од седумдесет свештеници, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Николај Балашов.

Според него, „во храмот на Христос Спасителот исто така ќе пристигнат како поклоници околу шестотини наши сонародници – парохијани на Задграничната Црква.“ На нивна молба, на 17 мај во текот на целата свечена богослужба ќе бидат отворени царските двери, што обично се случува само во Светлата седмица.

„Мирјаните сакаа со сопствени очи да видат како ќе се случи тоа за првпат – кога митрополитот Лавр и задграничните свештеници заедно со нашите за првпат ќе се причестат од иста Чаша“, појасни о. Николај.

Потоа во храмот на Христос Спасителот ќе биде отворена изложба посветена на историјата на РПЗЦ. Задграничната Црква даде свој придонес во подготовката на оваа изложба: на пример, овде ќе биде претставен дел од богослужбените одежди на патријархот на Москва и цела Русија Тихон, како и реликвии поврзани со парохиите на РПЗЦ.

На 17 мај ќе биде одржана и прес-конференција, на која ќе земат учество митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, архиепископот Корсунски Инокентиј, како и митрополитот Лавр и архиепископот Берлинско-германски Марк – водечките учесници во преговарачкиот процес.

  Уште еден важен настан ќе се случи на 19 мај, кога патријархот Московски и Руски Алексиј II, во сослужение со митрополитот Лавр ќе го освети храмот на Руските Новомаченици на Бутовскиот полигон, каде што во Сталиновото време беше стрелано огромно мноштво луѓе, меѓу кои и свештенослужители. Пред три години, за време на официјалната посета на митрополитот Лавр во Москва, тој и патријархот Алексиј ги положија темелите токму на овој храм.

  Најпосле, на 20 мај, во историски главниот храм на Русија – Успенскиот Собор на Кремљ – одново ќе сослужуваат патријархот Алексиј и митрополитот Лавр. Спред зборовите на о. Николај, заради тоа што овој храм не може да прими повеќе луѓе, одлучено е на таа служба да учествува минимален број свештенослужители од Московската патријаршија.

„Ова ќе биде сторено специјално со цел да им се овозможи на што поголем број наши задгранични браќа да му сослужуваат на патријархот“, појасни о. Николај.

Потоа задграничните гости ќе ги посетат руските православни епархии како во Русија така и во Украина. Меѓу другото, митрополитот Лавр има намера да го посети Курск, каде што своевремено е јавена Курско-коренската икона на Божјата Мајка, главна светиња на Задграничната Црква, а потоа ќе ја посети Киево-печерската лавра.

На празникот Педесетница (Света Троица) митрополитот Лавр ќе отслужи Литургија во соборниот храм на Света Троица во Почаевската лавра, кој своевремено беше изграден и осветен од првиот Поглавар на РПЗЦ митрополитот Антониј (Храповицки).



извор: Интерфакс

преземено од МПЦ

 



На Велики четврток од Страсната седмица, 5 април 2007 година, Романскиот патријарх Теоктист заедно со членовите на Светиот Синод на Романската Православна Црква отслужи Божествена Литургија во црквата на свети Спиридон Нови во Букурешт. На Светата Литургија беше осветено свето Миро. Светото Миро беше приготвено во почетокот на Страсната седмица во парклисот на свети Јован Крстител,  манастирот Антим - Букурешт, со исполнување на сите за тоа одредени литургиски правила. Светото Миро се употребува за тајната на Миропомазанието, за осветувањето на црквите, за осветувањето на олтарите, антиминсите и при повторно примање во православната вера на оние што отпаднале.


                    




                    



На крајот од Божествената Литургија патријархот Теоктист одржа беседа во која ја истакна важноста на светото Миро и на овој настан: „Не отсуствува светото Миро од ниеден дел од нашиот живот, животот на Православната Црква. Денеска ја имавте радоста да го видите тоа што вашите очи не го виделе и да го чуете она што вашите уши не го слушнале досега. Денес е голем и значаен ден што го доживува нашата Црква и нашиот романски народ. Не постои христијанин, не постои божествено дејствување без печатот на Мирото кое е елеј на радоста, на животот, на надежта, на иднината. Денешните литургиските песни, соборот на светите архиереи и светото Миро не преобразуваат, не пренесуваат од тука во небесните живеалишта. Го молам добриот Господ, по молитвите на свети Спиридон да не удостои да Го љубиме повеќе отколку овој свет, колку и да е привлечен. Да го љубиме нашиот ближен повеќе од самите себеси, да се молиме за непријателите и да се молиме за тие што не можат да се молат.“       
ор: http://www.mmb.ro/ro/index.php?pagina=50&data=2007040525

 


Одредени датумот и местото на потпишување на Актот за канонско единство меѓу РЗЦ и МП


 

 (29.12.2006)


Синодот на Руската Православна Црква донесе решение за датумот, местото и процедурата на потпишувањето на Актот за канонско единство меѓу Руската Задгранична Црква и Московската Патријаршија. Ова на 26 декември го соопшти митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија (ОНЦВ МП). Одлучено е Актот да биде потпишан на 17 мај 2007 година, на празникот на Вознесението Господово, пред почетокот на Божествената Литургија во храмот на Христа Спасителот, после што епископатите на Московската Патријаршија и на Руската Задгранична Црква ќе се обединат во совршувањето на Светата Тајна Евхаристија. Синодот на Задграничната Црква во проширен состав донесе аналогно решение на почетокот на декември, соопшти митрополитот Кирил. „Ставена е точка на процесот на преговорите“, изјави за медиумите претседателот на ОНЦВ МП. „Навистина, остануваат на дневен ред некои технички моменти што треба да се прецизираат и затоа нашиот Синод ја покани делегацијата на Руската Задгранична Црква пред потпишувањето на Актот за канонско единство да ја посети Москва заради разрешување на преостанатите прашања.“ Во однос на првата заедничка Божествена Литургија, владиката Кирил истакна дека „постои предлог причестувањето да се изврши според Пасхалниот чин, кога се отворени Царските двери, за сите присутни да го почувствуваат историскиот момент на заедничарење околу заедничката Чаша на претставниците на Руската Православна Црква и Руската Задгранична Православна Црква“.

Покрај тоа, Синодот донесе решение да ја отповика екскомуникацијата на двајца клирици што своевремено преминаа во РЗПЦ од идеолошки причини: епископот Ефтихиј (Курочкин) од поранешната Омско-Тјуменска епархија и свештеникот Владимир Карелин од Курганската епархија.

Известува: Седмица.Ru


 


Преземено од официјалниот сајт на МПЦ
http://mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=1655

 


МИТРОПОЛИТОТ ЈОВАН ГО ЗАМЕНУВА ПАТРИЈАРХОТ ПАВЛЕ



Свет   28-4-2007

МИТРОПОЛИТОТ ЈОВАН ГО ЗАМЕНУВА ПАТРИЈАРХОТ ПАВЛЕ

Митрополитот загребско-љубљански и за Италија, Јован ќе го заменува на должноста српскиот патријарх Павле.
Таа одлука е донесена на седница на Синодот на Српската православна црква, објави денеска весникот „Блиц“.
Одлуката митрополитот Јован да го замени Павле, кој се потешко ја извршува должноста патријарх, според весникот, има поткрепа во Уставот на СПЦ каде се вели дека поради болест или отсустност, патријархот го заменува најстариот архиереј во Синодот.
Таа одлука важи додека патријархот не се врати на должност или до избор на нов патријарх, а таква одлука може да донесе Синодот или се донесува врз основа на акт кој е потпишан од патријархот.
Како што наведува весникот, во црковните кругови постои намера на седницата на Саборот на СПЦ на 14 да биде донесена одлука за смена на патријархот.
Патријархот Павле веќе две недели е на рехабилитација во Специјалната болница во Бања Ковиљача.

МИТРОПОЛИТОТ ЈОВАН ГО ЗАМЕНУВА ПАТРИЈАРХОТ ПАВЛЕ

 


Изјава на Рускиот патријарх за време на приемот на грчката делегациј

 

Изјава на Рускиот патријарх за време на приемот на грчката делегација (02.06.2007)


Дури ни Израел не се однесува со нас на тој начин“, јавно изјави Рускиот патријарх Алексиј II во обраќањето кон грчкиот претседател Каролос Папуљас, кој е во официјална посета на Русија. Со овие зборови поглаварот на Руската Црква го има предвид „одбивањето на Цариградскиот патријарх да ги отвори вратите на Света Гора за руските монаси“. „Една од духовните врски, кои ги поврзуваат нашите братски народи е Света Гора Атонска, каде повеќе од 1000 години се подвизуваат чеда на Руската Православна Црква. Потокот на поклоници кон ова свето место никогаш не сопре. Тоа неодамна беше посетено и од претседателот Путин“, рече патријархот Алексиј за време на официјалниот прием за грчката делегација, кој тој го приреди во Даниловскиот манастир.


Историски осврт:

Спорот околу присуството на руски монаси на Света Гора меѓу Русија и Грција е долг веќе едно столетие и периодично избувнува со нова сила. Во почетокот на 20 век на Света Гора живеат околу 7500 монаси, од кои повеќето од половината се Руси. Само во рускиот манастир на Свети Пантелејмон се подвизуваат околу 2000 монаси. По 1914 година и Октомвриската револуција, бројот на руските монаси нагло се намалува и после двете светски војни, кон средината на столетието во манастирот на свети Пантелејмон живеат помалку од 60 монаси. Овој период е критичен за целото светогорско монаштво, бидејќи секоја година бројот на атонските монаси се намалува за околу 40–50 души. Околу 1971 година монашкото население на полуостровот брои 1145 луѓе, од кои огромен дел се на поодмината возраст. Во намалувањето на бројот на монасите имаат влијание како политичките настани – комунистичката револуција во Русија, светските и балканските војни, така и внатрешно-црковните фактори од грчкиот верски живот во овој период. Средината на 20 век е време на процут на парацрковните организации „Зои“ и „Сотир“, кои на овој стадиум од својот развој го негираат традиционалното монаштво и прават верската младина да го изгуби интересот за монашки живот. Во 70-тите години оваа етапа од идеологијата на „Зои“ и „Сотир“ е надмината и тогаш започнува новиот постепен растеж на монашкото население, со нови пополнувања од редовите на воспитаниците на овие организации кои се обратија кон монашките идеали. Во 1971 година средната возраст на монасите беше над 60 години, додека во 1990 година мнозинството монаси се на возраст под 40 години. Нивниот број во овој период изнесува 1500 души.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, веќе нема политички пречки за заминување на Руси на Света Гора, но, стравувајќи од нарушување на рамнотежата, како што беше случајот на почетокот на векот, грчките власти и Цариградската патријаршија го препречуваат растежот на руската монашка заедница на полуостровот.Ова прашање беше поставено остро и при посетата на Путин на Грција и Света Гора пред неколку години.



известува: Dveri.bg

преземено од МПЦ 

 


Започна со работа православна мобилна служба „Дознај од свештеникот 09399“

 

Започна со работа православна мобилна служба „Дознај од свештеникот 09399“


Со благослов на патријархот Московски и Руски Алексиј II, на територијата на Русија започна со работа 24-часовна православна мобилна служба „Дознај од свештеникот 09399“.

Според замислата на организаторите на проектот, услугата треба да му помогне на секој човек во секое време да добие одговори на важни прашања од личниот, семејниот живот, од основите на православната вера. Освен тоа, православната мобилна служба може да им помогне и на боготрагателите како и на оние што само размислуваат околу примањето на Светата Тајна Крштение.


Службата „Дознај од свештеникот 09399“ се состои од девет редовно апдејтувани дела, кои овозможуваат да се добие информација за подготовката кон примањето на православните Свети Тајни, за црковниот календар, богослужбите, молитвите, светињите на Москва и Подмосковјето, како и да се слушне совет од свештеник на некое прашање.


Како што забележа раководителот на прес-службата на Московската патријаршија, свештеникот Владимир Вигиљански, една од главните задачи на овој проект е на трагателот да му се понудат неопходните ориентири во дадената ситуација, за тој потоа да може да го направи правилниот избор.
Услугата овозможува не само да се слушнат понудените одговори, туку и да му се постави сопствено прашање на свештеникот.


Според зборовите на организаторите, цената на услугата е минимална, а средствата ќе одат на нејзиното техничко опслужување. Услугите ќе може и бесплатно да се користат на бројот 8-800-505-9399.


Проектот е подготвен и реализиран од православната група „Верност“ во соработка со компанијата „Московски телеграф“, а телекомуникациски партнер на проектот е компанијата „Аудиотеле“.

 

Контакти: тел. 8-915-197-96-61, 8-926-293-03-20.
Официјален сајт на службата: www.09399.ru
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

извор: Патриархия.ru


извор:МПЦ

 

 


Ерусалимскиот патријарх Теофил се сретна со патријархот Вартоломеј (31.05.2007)



Ерусалимскиот патријарх Теофил се сретна со патријархот Вартоломеј (31.05.2007)


Во вторник Ерусалимскиот патријарх Теофил замина за Истанбул за да се сретне со Цариградскиот патријарх Вартоломеј во барање на излез од црковната криза во која западна Ерусалимската патријаршија во последните денови. Минатата недела неочекувано Кралството Јордан го отповика официјалното признавање на Теофил за Ерусалимски патријарх, бидејќи „тој не ги исполни ветувањата што ги даде на Јорданската Влада при својот избор“. Оваа одлука дојде во моментот кога се очекуваше Израел да го признае Патријархот после неколку годишно одлагање. Според информирани лица, и на палестинските власти исто така им се прави притисок да ја откажат поддршката на патријархот Теофил. Овој акт го става патријархот Теофил во исклучително тешка ситуација и веројатна е можноста да се пристапи кон избор на нов патријарх.

Во Ерусалим се редат протести против патријархот Теофил од страна на арапските христијани, обединети околу арапскиот епископ на Севастија Теодосиј, како и митинзи во заштита на Патријархот најмногу од гркојазични христијани, но исто така и од Арапи.

Мината недела Светиот Синод на Ерусалимската патријаршија му наложи на митрополитот Теодосиј двомесечна забрана за служење, која тој не ја почитува како „анти-канонска“ и продолжува да служи. Во неделата со него сослужуваше и митрополитот на Назарет Киријак, што е знак за настанување на раскол во Ерусалимската патријаршија.

На средбата со патријархот Вартоломеј во вторникот беа разгледани сите детаљи околу кризата, однесувањето на Назаретскиот митрополит и други. Патријархот Теофил, кого го придружуваа четворица клирици, престојуваше во Истанбул три дена.



известува: RNN

преземено од МПЦ

 


Апел за молитва на монасите од Света Гора

 

Пресвета Богородице помилуј не!







Во овие моменти кога Романската Православна Црква го избира новиот патријарх се повикува целото православно христијанство на молитва кон Мајката Божја, нашата Покровителка, да ја повторуваме до востоличувањето на новиот Патријарх 40 пати дневно молитвата: Пресвета Богородице помилуј нѐ!

(со светоотечки благослов, монасите од Света Гора)

Извор: Craiovaortodoxa.ro



 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 658
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »