Од иноците Калист и Игнатиј Ксантопул: Поука за оние што безмолствуваат
Не барај ги причините на искушенијата, не прашувај се од каде и зошто доаѓаат, туку моли се само да можеш со благодарност да ги поднесуваш, како што говори свети Марко Подвижникː „Кога ќе дојде искушението, не барај да разбереш од што и зошто дошло, туку грижи се само за тоа – со благодарност и прибрано да го поднесеш


Ако сакаш да се удостоиш да ги видиш благата, кои ги подготвил Бог за оние што Го љубат, всели се во пустината на одречувањето на својата волја и бегај од светот. Што е светот? - Светот е похотта на очите и на телото, гордоста на помислите и прелестувањето од видливите работи. Ако избегаш од тој и таков свет, „тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути“
Зашто подобра помош од Исусовата нема да најдеш во целиот твој живот, оти Он е Бог и како Бог ги знае сите демонски стапици, заобиколување и лукавство. Затоа душата твоја храбро да се надева на Христа и Него да Го повикува и од непријателите духовни да не се плаши, зашто не војува душата твоја сама; со неа е секогаш Силниот Цар – нашиот Господ Исус Христос, Создателот
Kој нема духовен учител, од почетокот секогаш има усрдност спрема постот, бдеењето, безмолвието, послушноста и спрема другите добродетели, а потоа неговата усрдност постепено истинува и, бидејќи нема никого, кој да го подучува, да го подржува и да ја разгорува неговата усрдност, - тој почнува да се суши, да паѓа и, најпосле, станува немоќен роб на своите непријатели, кои почнуваат да прават со него сѐ што сакаат.
Кога ќе посакаш да правиш добро дело, најпрво да се подготвиш себеси за соочување со искушенијата, кои ќе дојдат против тебе. Бидејќи непријателот (ѓаволот), кога ќе види дека некој почнува со топла вера еден богоугоден живот, обично го подложува на различни и страшни искушенија, та од нив да се расколеба човекот, и да ја остави добрата намера.
Сеќавај се на две помисли и плаши се. Едната ти вели: „Ти си свет човек“, а другата: „Нема да се спасиш“. И едната и другата доаѓаат од ѓаволот и не се вистинити. Ти мисли вака: „Јас сум голем грешник, но Господ е милостив и ги сака луѓето и Он ќе ми ги прости гревовите“.
Така и јас еднаш испросив послушание по своја волја. Бев економ, но сакав да одам во Стар Русик поради безмолвие. Таму постојано се постеше. Цела недела се јадеше на вода, освен сабота и недела, и заради тоа народот таму ретко одеше. Госто-приемник тогаш беше отец Серапион кој јадеше само леб и вода. Потоа него го замени отец Онисифор.
“ Љубовта е всушност, воскресение на душата од смртта, од мртвите. Кој нема љубов, со целото свое битие се наоѓа во безизлезната темница на смртта; никаде врата, никаде отвор, никаде прозорец; сета душа, и мисла и чувство - се обѕидани со смртта.
Оној што сака да појде да живее во пустина, тој треба да се потруди да биде совршен, да се исчисти од секоја страст или да се ослободи од нив во манастирското братство, и не да бега таму од малодушност, туку со желба да ги придобие вистината на божествените созерцанија, кои и не можат да се придобијат на друго место, освен во пустината.
Само молитвата не е доволна. Некој може да изговара молитвата со килограм темјан, но ако неговиот ум е полн со лукави мисли за другите, тогаш тоа не му донесува никаква полза. Од умот, демонот во срцето испраќа лукава „телеграма“, и од човекот прави ѕвер.
Никој никогаш не постанал возвишен без добри дела, а мнозина се прославиле и без накитени зборови. Благодатта му се дава не на оној, кој благоглаголи, туку на оној, кој добро (целомудрено) живее.
Зашто, меѓу нив се наоѓа Возљубениот Кој ги осветува нивните напори, а сиромаштијата на нивната трпеза ја претвора во неискажлива сладост; Неговите духовни, небесни служители, ги осенуваат – и нив и нивните свети јадења.“
За тоа како подвижникот треба да го минува времето
И покрај неговата подготвеност да му служи на секого како и неговата чудесна скромност и услужлива љубезносп за Божјите работи зборуваше со достоинство и сила. За Бог; зборуваше со заносно воодушевување, со интимност и блискост, онака како што би зборувал за пријател. „Јас Го знам Бога. Он е љубезен, благ, услужлив"
Како е можно некој да се чувствува духовно сиромашен, особено тогаш кога и самиот знае дека е изменет, дека напреднал, дека дошол до знаење и разбирања, какви што пред тоа немал? Додека човек не ги придобие овие работи, тој не се смета за сиромав духовно, туку има многу високо мислење за себе си.
Кога размислувам за мојата огревовеност, во мене се јавува каење (раскајување). Значи, не станува збор за покајание (метаноја), туку каење. Покајанието е дар на Светиот Дух. Бог ќе ми даде покајание. На пример, си сторил нешто и си велиш „Оф леле! Што направив? Зошто не го послушав старецот? Сега старецот ќе ме прекори!“ Ова е каење.
Не треба да очекуваме духовен напредок ако не го направиме своето срце достоен сад, односно ако тоа не стане чисто живеалиште на Светиот Дух. Кога Христос ќе се зацари, во нашето срце ќе дојде мирот. Тоа е мирот што само Тој го подарува и кој никој не може да ни го одземе.
Не, христијаните треба да учествуваат во самото Воскресение Христово! Како да учестуваат? Преку тајните на Покајание и Причестување со Светото Тело и Животворната Крв на Спасителот. За време на Великиот Пост – дните на покајание, очистување и преродување – ние треба да ги обновиме нашите срца за да Му совоскреснеме на Христа. И затоа, оној којшто не учествувал во самото Христово Воскресение не ги разбира и во себе не го носи
И божествениот Макариј говориː „Како што виното оди во сите делови на телото на оној што го пие, и е виното во него и тој во виното, така и оној кој ја пие Христовата Крв – се напојува со Духот на Божеството, се разлева по целата душа, и сета душа е во него и, откако ќе се освети на тој начин, - станува достојна за Христа Господа. Зашто и апостолот говориː ,Сите сме со еден Дух напоени’ (1. Кор. 12, 13).























