логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Признак на љубовта

 
          Еден од признаците на љубовта е “да не се раздразнуваме”. Кој може сериозно да замисли мајка која го раздразнува своето доенче? На мајката & се дава чувство на особена љубов кога нејзиното дете е беспомошно. Но, колку мајки, кои и подоцна, кога децата ќе им пораснат, “не се раздразнуваат” на нив? Во добрината која ја покрива човечката слабост најизразито се покажува образот Божји во човекот. Секако, и гневот – против злото, а не против човекот – може да биде свет; но тоа е веќе нешто сосема поинакво од егоистичната раздразнетост на луѓето едни кон други, раздразнетост која го отежнува животот – како заради оние кои се раздразнуваат, така и заради оние кои раздразнуваат. Светото Писмо дава совет: “кога сте во гнев, не правете грев”. Со други зборови: луѓе, разгневувајте се само на злото, а не на човекот кој од тоа зло страда. “љубејќи Го Бога, мразете го злото”! (Пс. 96, 4).

          Гневот на злото (особено – на своето зло!) може да излече од злото, ако тој гнев исходи од Љубовта. Но сета несреќа е во тоа што темната разгневеност, раздразнетост, како пајажина виси во светот над сите народи, семејства и срца. И таа човечка раздразливост, многу често предизвикувана од ситничавости, го труе животот.

Правилно рече еден човек: “Мрзоволјата и себежалењето, вечните жалби на судбината и познајниците, тоа е, извинете ме, уште полошо, затоа што тие пороци не престануваат и не прават пауза во душата… Подобро е кога човек повремено ќе пламне: ќе експлодира, ќе се изнавика и – ќе се смири. А колку се тешки себесожаливите и навредливи луѓе; тие се големи злопамтила. Навредливиот човек с# го раздразнува. Ако го добие и она што го сака, тој (бидејќи во длабочината на душата го гризе совеста) бара нов повод да се жали. Најтажно од с# е тоа дека од нашата раздразливост и гневливост најмногу страдаат оние кои ни се најблиски, кои н# сакаат повеќе од сите и кои за нас прават добро повеќе од сите. Какви неправедни, злонамерни забелешки нашите ближни мораат некогаш да трпат од нас! А ние тоа си го дозволуваме затоа што знаеме “ама, нема тие да се налутат…”, а ако се налутат - ќе ни простат, нема да ги прекинат односите со нас, па тие се оние кои н# сакаат…

          Во основата на гневливоста и раздразливоста лежат злобата, омразата, гордоста, немилосрдноста и неправедноста. Барата лесно се претвора во побеснет океан. Од едно жарче може да пламне цел град. Од една мала страст може да се запали целата душа и тогаш изгорува во маки. Колкава самоконтрола им е потребна на луѓето, колкава трезвеност и внимание. Ни еден порок – ни страст кон парите, ни страст кон задоволствата, па дури ни вино – погибелноста на многумина – така не го убиваат добриот дух на семејството, како раздразливиот и невоздржан човек. Тој ја нарушува работата, го труе животот на децата и семејството. Во друштво уште и се воздржуваме (заради самољубието) да ја покажеме својата душевна нискост, бидејќи во друштвото бараме добро мислење за себеси. Но во домот, кај “своите”, се распојасуваме, му даваме слобода на своето внатрешно зло…”Гневливиот човек раѓа расправии, а избувливиот многу греши”, говори Соломон во Изреките (29, 22).

          Човекот знае да биде толку низок и ситнодушен, да се лути и на Самиот Господ Бог, својот Величествен Творец! Човекот ропта на животот кој му го дал Он… Зарем никогаш не сме роптале на временските пригоди – затоа што времето не било такво какво што сме сакале? Зарем никогаш не сме се жалеле на својата положба во животот, на своите животни околности? Зарем никогаш не сме се жалеле на тежината на патот по кој н# водела и н# води Промислителната Рака Божја?

          Во човечката душа има едно големо средство за преодолување на самољубието, гневливоста и раздразливоста. Тоа е благоговејната вера во близоста Божја. “Господ е блиску”. Над човекот е распрострена љубов. Само треба да се види со своите внатрешни очи. Тоа е верата. Нам не ни се секогаш јасни исцелителните патишта на љубовта. Но, кога човекот ќе поверува во таа Љубов над нас и над светот, животот почнува да го гледа со духовни очИ, во светлината на своето вишо предназначение. Тоа што порано се чинело несфатливо, стои пред човекот во светла вера како нешто неопходно и важно. Така гледа мудроста на душата и така се открива вечноста.

          Нашата слобода не е само слободно искажување на она за што размислуваме; и не е само можност да го правиме она што сакаме. Најдлабоката наша слобода е слобода од злото, со кое се мачиме себеси и другите. Кон таква состојба - на слобода на духот во доброто, нас и н# води патот на верата. Верата е влез во виша реалност.

 

Подготви: Михаила Поповска

 

Друго:

 

 

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1367
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1898
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1256
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

БEСEДА за дeцата и нивната пoфалба на Гoспoда

Oсвeн тoа, вo малитe дeца трeба да сe вбрoјат и самитe апoстoли, и мнoгутe свeтитeли, испoсници, мачeници за Христа и дeвoјки, илјадници и илјадници oд oниe кoи нeвинo и прoстoдушнo...

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

« »