логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

majka.bozja.sr.jpgКој сфатил дека човечкиот род се наоѓа во падната состојба, дека земјата е место на наше прогонство, наша темница, каде што поминуваме кусо време, па излегуваме за да добиеме или вечно блаженство или вечна казна, тој секако сфатил и тоа дека единственото човечко засолниште на земјата е Христос, Спасителот на загубените. Сходно на тоа, единствено непроценливо човечко богатство на земјата е - познание на Христа и усвојување од страна на Христа.Оној, кој сака да го стекне тоа богатство, ќе сака ли да стекне и привремени наслади? НЕ!!! ?Напротив - ќе ги избегнува, чувајќи се да не го одвлечат. Ќе биде задоволен не само со она што е неопходно, туку и со сиромаштво. А задоволен човек е побогат од богатите!
Браќа, ние во овој свет дојдовме голи; заминувајќи од него ќе ги оставиме и нашите тела. Зошто да бараме пропадлив имот? Зошто да го бараме она што секако ќе мора да го оставиме? Да не го губиме скапоценото време на пропадливи работи, за да не го изгубиме нашето единствено богатство - Христа. Кон Него да ги насочиме и умот и срцето; да бидеме задоволни од својата храна и облека; да не си дозволуваме неумерени барања, за тие, малку по малку да не ја привлечат нашата љубов и да не лишат од Христа.2. 144-145 (в. СТРАВ БОЖЈИ )

С  М  И  Р  Е  Н  О  М  У  Д  Р  Е  Н  О  С  Т

Како што душата е незнајна и невидлива за телесните очи, така и смиреномудроста не се познава кога ќе се најде меѓу луѓето. И како што душата е скриена во телото од човечки погледи иопштењето со нив, така и смиреномудрениот, не само што не сака луѓето да видат и да сфатат дека тој се оддалечил и се одрекол од сé, туку дури би сакал да се сокрие и од себеси, да живее и престојува во безмолвие, целосно заборавајќи ги поранешните помисли и чувства, да биде како да го нема и како да не постоел, непознат дури и на својата душа. Таквиот човек, колку е скриен и одделен од светот, толку е целиот во својот Владика.
2. 227-228 ( в. МОЛИТВЕНИ БАРАЊА)

У М И С Л Е Н О С Т   ( Г О Р Д О С Т )

Гордоста, издејствувајќи ги падот и погибелта на човечкиот род,(луѓето) не го гледаат падот во човечката природа и не се свесни за него: тие во неа гледаат само доблести, совршенства и убавини; и болестите на душата и страстите, се сметаат за благородни особини. Таквиот поглед на човечкиот род ја прави идејата за Искупителот сосема непотребна и туѓа. Видот на горделивите е ужасно светило; а отсуството на гледање кај смирените е способност за гледање на вистината. На тоа се однесуваат зборовите Господови: на суд во овој свет дојдов, слепите да прогледаат, а оние кои гледаат да бидат слепи. 4. 173 ( в. ЗАПОВЕДИ)

(  од свети Игнатиј Брјанчанинов - Енциклопедија на православниот духовен живот )

 

Изборот: од свештенството на  храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)


 Рекол авва Григориј:

- Овие три нешта ги бара Бог од секој човек кој примил Крштение: од душата бара права вера, од устата вистина, а од телото целомудреност.

 

Рекол уште:

- За оние кои живеат во подвиг (пред сѐ молитвен - прим. прев.), целиот човеков живот е како еден ден.

 

 

 

 

Посети:{moshits}

 

Св. Теофан Затворник


Душевниот живот и неговите три главни функции. Првата функција: мисловната страна со нејзините видови. Знаење и наука. Нормални функции на разумот и празно лутање на мислите

Вие и порано сте влегувале внатре; да влеземе повторно. Погледнете, какво мноштво и каква разнообразност на дејствувања и на движења! Де едно, де друго, де влегува, де излегува, де се прима, де се отфрла, се спроведува и повторно се спроведува... Зашто, душата е во непрекинато движење и не може да стои во место. Ако почнеме да ја набљудуваме душата од сите страни, нема ништо да разбереме – потребно е да ги распоредиме нејзините дејствувања по род и секој род да го набљудуваме посебно. А сите дејствувања на душата уште одамна се согледани и распоредени во три сегменти: мисли, желби и чувства, а секоја од овие посебни страни на душата се наречени мисловна, желбена и сетилна. Ќе ја прифатиме оваа поделба и ќе ја разгледаме секоја од тие три страни. 

Мисловна страна.

monah.nebo.jpgАко внатре во нас постои конфузија, таа најголем простор зафаќа во мислите, а желбите и чувствата се поведуваат по нив. Но, во сегментот на мислите не е се во хаотично движење; меѓу мислите има и сериозни активности. Таквите мисли го сочинуваат вистинскиот резултат на душевниот живот. Еве ги тие активности:


1. Штом ќе забележите нешто надвор од вас, преку вашите сетила, или слушнете од други луѓе што тие забележале преку своите сетила, во истиот миг сето тоа се вообразува и се запаметува; и во душата не може да влезе ништо друго освен вообразби и сеќавања. Тоа што не ти е зачувано во сеќавањето, не можеш ни да го вообразиш, и за тоа не можеш ниту да размислуваш. Се случува мислите директно да се раѓаат во душата, но тие во истиот миг се облекуваат во образ, во слика. Така, мисловната страна на душата е образна, сликовита


2. Но, вообразбата и сеќавањето само собираат и чуваат материјал за мислите. Самото движење на мислите произлегува од душата и се раководи според нејзините закони. Спомните си каков вашиот помал брат, кога ќе види нешто ново, веднаш ви се обраќа и ве прашува: „А што е ова? А кој го направил? А од што е направено?“ – и не се успокојува додека не му биде одговорено на сите негови прашања. Мисловната активност на душата започнува токму со креирањето такви прашања и раѓа мисли како одговор на нив, или прифаќа готови мисли за тоа од други. Вообразбата и сеќавањето не мислат. Тие се – надничарски, поробени сили. Способноста на душата, од која излегуваат такви прашања и којашто ги отвора и ги раѓа мислите и одговорите на нив, се нарекува разум, чија функција е да расудува, да осмислува и да наоѓа соодветни решенија. Набљудувајте се самите, и ќе видите дека ништо не правите без осмислување и расудување. Секое и најмало нешто треба да се осмисли. Колку и да се прави тоа мигновено, секогаш настапува расудувањето и оди по претходно поставени прашања.  


3. Кога осмислувате нешто, сè уште не е оформена одредена мисла. Конкретна мисла се оформува кога ќе се најде решение на некое од прашањата. Разумот ги рои мислите, барајќи одговор на тоа што претставува одредено нешто, од каде произлегува, зошто е потребно и слично. Кога самите ќе најдете такво решение, или кога ќе го слушнете од другите и се согласите со него, обично велите: „Сега разбирам, веќе не е потребно толкување, нештото е решено.“ Тоа решение ì дава спокојство на вашата мисловна активност во врска со предметот што ве интересирал. Тогаш вашиот разум се свртува кон други нешта, а заокружената мисла се похранува во душевната архива – во сеќавањето, од каде по потреба се зема како алатка за решавање на други прашања, како средство за сложување на други мисли. Севкупност на сите поимања заокружени на таков начин го сочинуваат образот на вашите мисли, образ кого што вие го откривате преку своите зборови. Тоа е област на вашето знаење, стекнато преку трудот на размислувањето. Колку повеќе прашања имате разрешено, толку повеќе имате конкретни мисли или поимања за одредени нешта; колку повеќе имате такви поимања, толку е поголем кругот на вашето знаење. На тој начин, како што гледате, над сеќавањето и над вообразбата кај вас стои разумот кој со својата мисловна работа ви дава одредени познавања и поимања за нештата.

Но, ние не сме во состојба да дадеме одговор на секое поставено прашање. Поголем дел од прашањата остануваат неодговорени. Мислиш, мислиш, и – ништо конкретно не смислуваш. Затоа и се вели: можеби е вака, а можеби и така. Тоа се мненија и претпоставки, коишто, општо земено, во нас ги има можеби и повеќе одошто има заокружени познанија.

Кога некој, резонирајќи за одредена класа предмети, пронаоѓа самиот, или позајмува од другите доволно одредени мисли и поимања за нив, а нерешеното успева да го дополни со такви успешни мненија и претпоставки, што може да смета дека тој круг предмети е доволно спознаен и разјаснет, тогаш сето стекнато го доведува во ред, го изложува поврзано и со последователност, и ни презентира наука за таа класа предмети. Науката е – венец на мисловната работа на разумот.

Сето ова ви го кажав за да ви биде појасно во што треба да се состои природната, законската активност на нашата мисловна сила. Нејзина должност е да размислува за она што сè уште е непознато, за да го спознаеме. На малкумина им е да дено да бидат научници, ниту, пак, сите можат да ја разберат науката, но сите ние можаме – и должни сме! – да расудуваме за нештата што нè опкружуваат, за да стекнеме одредено спознание за нив. Имено, мисловната сила би требала кај сите нас да биде зафатена со таквата активност. Колку таа ќе успее да оформи спознанија, зависи од нејзината јачина, но таа секогаш треба да се занимава со сериозна активност на разгледување  и на осмислување на реалноста. Меѓутоа, што гледаме во нашата мисловна сфера? Непрекинато движење на слики и претстави без каква и да е определена цел и каков и да е ред. Една по друга се раѓаат помисли, и одат или по ред, или си попречуваат една на друга, или ќе избегаат напред, или, пак, се враќаат назад, бегаат на страна, не задржувајќи се на ништо конкретно. Тоа не е расудување, туку лутање и расејување на мислите; следствено, тоа е состојба сосема спротивна на онаа каква што ì доликува на нашата мисловна сила – тоа е состојба на болест толку впиена во мисловната сила и толку општа за сите нас, што нема да најдете ниту еден човек кој би можел постојано да извршува сериозна задача на мислење, без да биде подложен на расејување и лутање на мислите, коишто го одвлекуваат од трудот и го влечат на разни страни. Ние често сме замислени. Каква е таа состојба? Еве каква: мислата се симнува во архивата на меморијата и со помош на вообразби претура таму по сета насобрана старудија, преминува од една историја на друга според познатите закони на поврзување на претстави, придодавајќи му на постоечкото непостоечко, а често дури и незвозможно, додека не си дојде на себе и не се врати во реалноста. Велат: се задлабочил во мислите. Се задлабочил, но во празнотија, а не во сериозно расудување за нешто. Тоа е исто како и мечтаење во сон – празномислие. Да се набљудуваме малку самите – и ќе видиме дека поголемиот дел од времето го минуваме во такво празномислие и во расеаност. Во некои денови (а такви денови има многу!) ниту една сериозна мисла не ни паѓа на ум. Ве молам да обрнете внимание на тоа и да се зафатите со решавање на прашањето: долично ли е тоа за една разумна твар?  

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

(продолжува)


Значењето на срцето во животот на човекот. Влијанието на страстите врз срцето

Посети: {moshits}
 

 

Митрополит Антониј Блум -

 Мојот однос кон смртта е специфичен и би сакал да го објаснам, зашто јас кон смртта се однесувам не само спокојно, туку и со желба, со надеж, со копнеж по неа. Мојот прв силен впечаток за смртта е разговорот со мојот татко, кој во една прилика ми рече: “Ти треба така да проживееш, што ќе научиш да ја очекуваш својата смрт како што женихот ја очекува својата невеста: ја чека, копнее по неа, однапред се радува на таа средба, и ја сретнува со трепет (воодушевување), умилно.“

Вториот впечаток (се разбира не веднаш после првиот, туку многу подоцна) е смртта на мојот татко. Тој умре ненадејно. Дојдов кај него во бедната мала соба во поткровјето на куќата, во која имаше кревет, маса, табуретка и неколку книги. Влегов во неговата соба, ја затворив вратата и застанав. И ме заплисна таква тишина, таква длабока тишина, што јас, се сеќавам дека гласно извикнав: “И луѓето велат дека постои смрт!... Каква лага“! Зашто таа соба беше преисполнета со живот, и тоа со таква полнота на живот, каква што надвор од неа, на улица или во град, јас никогаш не сум сретнал.

Ете зошто кај мене постои таков однос кон смртта и зошто јас толку силно и длабоко ги преживувам зборовите на апостол Павле: За мене живот е Христос, смртта добивка, зашто се додека живеам во тело, јас сум одделен од Христа... Но апостолот ги додава следниве зборови кои исто така многу ме поразија. Цитатот не е сосема точен, но еве што тој вели: тој навистина сака да умре и да се соедини со Христа, но додава: “Меѓутоа, заради вас е потребно да живеам, и јас ќе продолжам да живеам“. Тоа е последната жртва која тој може да ја принесе: сето она кон кое се стреми, во што се надева, што тој прави, спремен е да го одложи, зашто им е потребен на другите.

Сум видел многу умирања. Петнаесет години работев како лекар од кои пет години на фронт (во војна) или во француското движење на отпорот. После тоа 46 години бев свештеник и постепено го погребував целото поколение на нашата рана емиграција; така што сум видел многу смрт. И ме порази тоа што Русите умираат спокојно; западните луѓе умираат најчесто со страв. Русите веруваат во животот и заминуваат во живот. И тоа е една од работите која свештеникот и секој човек треба да ја повторува и на другите и себеси: треба да се подготвуваме не за смрт, туку да се подготвуваме за вечен живот.

За смртта ние не знаеме ништо. Ние не знаеме што се случува со нас во моментот на смртта, но затоа пак во основа знаеме што е тоа вечен живот. Секој од нас, од искуство знае дека постојат одредени моменти кога не живееме во времето, туку со таква полнота на живот, со таков восхит (радост) кои не му припаѓаат на земното. Затоа, прво што треба е да се научиме себеси како и другите да се подготват не за смрт туку за живот. А ако се зборува за смртта, да се зборува за неа само како за двери, кои широко се отвараат и ни дозволуваат да влеземе во вечниот живот.

Но, да се умира сепак не е едноставно. Како ние би размислувале за смртта, за вечниот живот кога не знаеме ништо за самата смрт, за умирањето. Сакам да наведам еден пример од моето искуство од времето на војната. Јас бев млад хирург во болницата при фронтот. Кај нас умираше млад војник од 25 години колку што имав и јас. Му пријдов една вечер, седнав покрај него и му реков: “Како се чувствуваш?“ Тој ме погледна и рече: “Јас оваа ноќ ќе умрам“. – Дали ти е страшно тоа што ќе умреш?“ – “Да се умре не е страшно, но болно ми е да се разделам со сето она што сум го љубел: со мојата млада сопруга, со селото, со родителите; а тоа што е навистина страшно, е да се умре во самотија“. – Јас му реков: “Ти нема да умреш во самотија, јас ќе останам со тебе.“ – “Вие не можете цела ноќ да преседите со мене...“ Одговорив: “Се разбира дека можам!“ Тој се замисли и рече: “Дури и ако седите вие покрај мене, во еден момент јас за тоа нема да бидам свесен и тогаш ќе влезам во темнината и ќе умрам сам.“ – “ Не, воопшто не е така. Јас ќе седам покрај тебе и ние ќе разговараме. Ти ќе ми зборуваш се што ќе посакаш: за селото, за семејството, за детството, за сопругата, за се што ќе ти падне на памет, на душа, што сакаш. Јас ќе те држам за рака. Постепено, тебе ќе ти постане тешко да зборуваш и тогаш јас ќе говорам повеќе од тебе. Кога ќе видам дека си задремал, тогаш ќе зборувам потивко. Ти ќе ги затвориш очите, јас ќе престанам да зборувам, но и понатаму ќе те држам за рака, а ти повремено ќе ја стегнеш мојата рака и ќе знаеш дека јас сум тука. Постепено, твојата рака, иако ќе ја чувствува мојата, повеќе нема да може да ја стега и јас самиот ќе ја стискам твојата рака. И во еден момент тебе нема повеќе да те има меѓу нас, но ти нема да заминеш сам. Целиот твој пат ние ќе го минеме заедно“. И така од час во час ние ја поминавме таа ноќ. Во еден момент тој навистина престана да ја стиска мојата рака и јас започнав да ја стегам неговата, за да знае дека сум тука. Потоа неговата рака почна да се лади, да се опушта и него повеќе го немаше меѓу нас. И тоа е многу важен момент; многу е важно човек да не биде сам кога заминува во вечноста.

Но, се случува и поинаку. Понекогаш човекот долго време боледува, и ако тој тогаш е опкружен со љубов и грижа, умира лесно, иако болно. Но, многу е страшно, кога човек е опкружен со луѓе кои едвај чекаат тој да умре: велат, додека тој боледува ние постанавме робови на неговата болест, не можеме да се помрднеме од неговата постела, не можеме да живееме свој живот, не можеме да се радуваме на своите радости; тој како црн облак лебди над нас; ех, кога би умрел што побрзо...И оној кој умира тоа го чувствува. Тоа може да се продолжи и месеци. Роднините доаѓаат и студено прашуваат: “Како се чувствуваш? Никако? Дали нешто ти е потребно? Ништо не ти треба? Добро; ти знаеш дека имам многу обврски, но ќе дојдам повторно.“ Дури и ако гласот не звучи толку безчувствително, човекот знае дека го посетиле само заради тоа што таков е редот, а неговата смрт ја очекуваат со нетрпение. Понекогаш се случува и поинаку. Човекот умира, умира долго, но тој е возљубен, тој е драг; и самиот е исто така спремен да се жртвува заради среќата  на пребивање со саканиот човек, зашто тоа може да значи радост или помош за оној другиот. Ќе си земам слобода, сега да кажам нешто лично за себе.

Мојата мајка три години умираше од рак; јас бев покрај неа. Бевме многу блиски, драги еден на друг. Но, јас имав своја работа – бев единствен свештеник на лондонската парохија, и освен тоа еднаш во месецот требаше да патувам за Париз на состанок на Епархискиот совет. Бидејќи немав пари да и се јавувам по телефон, се враќав мислејќи дали ќе ја затекнам жива или не... Беше жива и...каква радост! Каква среќа!... Но, полека почна да се гасне. Се случуваше да заѕвони на ѕвончето, јас да дојдам и таа да ми каже: “Ми беше празно без тебе, би сакала да бидеме малку заедно.“ Имаше моменти кога  мене самиот ми беше неподносливо. Доаѓав кај неа, оставајќи ја својата работа и и велев: “Болно ми е без тебе“. И таа ќе ме тешеше со своето умирање и со својата смрт. И така постепено ние заедно влегувавме во вечноста, зашто кога таа почина ја понесе со себе сета моја љубов кон неа, сето она што меѓу нас се случуваше. А меѓу нас имаше толку многу! Го проживеавме скоро целиот живот заедно, само првата година од емиграцијата живеевме одвоено зашто не можеше поинаку. Но потоа живеевме заедно и таа длабоко ме познаваше. Еднаш ми рече: “Колку е необично: колку што подобро те познавам, толку помалку за тебе можам да зборувам, зашто секој збор кој ќе го изречам за тебе не би бил потполно точен и би требало да се поправи и дополни.“ Да, ние дојдовме до моментот кога толку длабоко се познававме еден со друг што не можевме ништо да речеме еден за друг, а да се вклучиме во живот, во умирање, и во смрт – тоа  можевме.

      И ете, ние сме должни да имаме на ум, дека секој кој умира во таква ситуација, кога луѓето околу него носат таква суровост, рамнодушност, или желба за што побрзо “тоа да се заврши“, му постануваат неподносливи. Човекот тоа го чувствува, го знае и ние сме должни да научиме да ги совладуваме во себе сите темни, мрачни, скверни чувства и заборавајќи на себеси, длабоко замислувајќи се, загледувајќи се да се заживееме во другиот човек. И тогаш смртта ќе постане победа: О смрт каде ти е осилото?! О смрт, каде ти е победата? Воскресна Христос и ниеден мртов во гробот...

Сакам да кажам уште нешто за смртта, зашто тоа е, како што веќе кажав, нешто многу лично. Смртта не опкружува цело време, смртта – тоа е судбина на целото човештво. И сега траат војни, умираат луѓе во ужасни маки и ние треба да научиме да бидеме спокојни во однос на сопствената смрт, зашто ние во неа гледаме живот, вечен живот кој се раѓа. Победата над смртта, над стравот од смртта се состои во тоа, да живееме се подлабоко и подлабоко со вечноста, и другите да ги приопштуваме кон таа полнота на живот.

Но, пред смртта постојат и други моменти. Ние не умираме одеднаш, не дека просто телесно одумираме. Се случуваат многу необични виденија. Се сеќавам на една наша старица, Марија Андреевна, прекрасно мало створение, која еднаш ми пријде и ми рече: “Оче Антониј, незнам што да правам со себе: јас повеќе неможам да спијам. Во текот на целата ноќ во моето сеќавање се јавуваат ликови од моето минато, но не светли ликови од моето минато туку темни и грди, кои ме мачат. Се обратив на доктор, молев да ми се даде некое средство за спиење, но тие средства не ги намалуваат привиденијата. Кога би земала средство повеќе не би била во состојба да ги избркам од себе тие ликови, тие би ме довеле до бунило па би ми станало уште полошо.  Што да правам? Јас тогаш и реков: “Марија Андреевна, знаете јас во реинкарнација не верувам, но верувам дека од Бога ни е дадено да го преживееме нашиот живот не еднаш, не во таа смисла дека ќе умрете и повторно ќе се вратите во живот, туку во таа смисла што сега се случува со вас. Кога сте биле млади, во некои животни ситуации вие сте постапувале лошо; со збор, мисла и дело сте згрешиле пред себе и пред другите. Потоа на тоа сте заборавиле и на различна возраст сте продолжиле по мерата на своите сфаќања да постапувате слично, исто така, да се понижувате себеси, да се осквернувате, огревовувате. Сега, кога повеќе немате сила да им се спротивставувате на сеќавањата, тие испливуваат, и секој пат кога ќе испливаат како да ви говорат: Марија Андреевна, сега кога имаш преку осумдесет години, скоро деведесет, дали во оваа ситуација, на која сега се потсетуваш, би постапила исто како кога си имала дваесет, триесет, четириесет, педесет години?...Ако вие можете длабоко да се загледате во она што било тогаш, во својата состојба, во настаните, во луѓето и да кажете: не, сега, со ова животно искуство, јас за ништо на светот не би можела да изречам таков убиствен збор, не би можела да постапам така како што сум постапила! – ако вие тоа можете да го изречете со сето ваше битие: и со мисла и со срце и со волја и со плотта своја – тоа ќе отиде од вас. Но, ќе доаѓаат други, нови и нови ликови. И секој пат кога пред вас ќе дојде некој лик, Бог пред вас ќе го постави прашањето: дали е тоа твој минат грев или тоа е огревовеност која сеуште ја носиш во себе? Зашто ако некогаш вие сте замразиле некој човек и не сте му простиле, не сте се помириле со него, тој тогашен грев е ваша сегашна гревовност; таа од вас не заминала и нема да замине додека не се покаете.“

Можам да наведам уште еден пример сличен на овој. Еднаш ме повика семејството на една наша старица, прекрасна, предобра  жена. И се приближил смртниот час и тој ден требала да умре. Се исповеда и на крајот ја запрашав: “Кажете ми Наташа, дали на сите  им простивте се или сеуште имате кон некого, некаква  нетрпеливост во душата?“ Таа одговори: “На сите се им простив освен на мојот зет; нему никогаш нема да му простам!“ Јас на тоа и одговорив: “Во тој случај, јас нема да ви дадам разрешна молитва и нема да ве причестам со Светите Тајни: ќе одите на судот Божји и ќе одговарате пред Бога за своите зборови. А таа рече: “Но, јас денес ќе умрам!“ – Да, вие денес ќе умрете без разрешна молитва и без причест, ако не се покаете и не се измирите. Јас ќе се вратам за еден час“ – и заминав. Кога се вратив после еден час, таа ме пречека со блескав поглед и рече: “Колку бевте во право! Го повикав мојот зет, се објаснивме, и во овој час тој доаѓа накај мене, и јас се надевам дека пред смртта ќе се целиваме еден со друг, а јас ќе отидам во вечноста измирена со сите“.

Подготви: М.З.

Св. Игнатиј Брјанчанинов


Милосрдниот Бог, преку Своите свети апостоли и преку светите отци, светители и учители на црквата, востановил различни подвизи спасоносни за душата, меѓу кои е и постот, со кој се врзува и се скротува нашето тело. Главата на сите добродетели е – молитвата, а нивниот темел е – постот. Постот е постојана умереност во јадењето со разумна строгост.

Горд човеку! Ти со твојот ум толку многу и толку високо фантазираш, а тој е– во целосна и постојана зависност од желудецот! Законот за постот, бидејќи е надворешен закон за стомакот, всушност е закон за умот.

Умот, тој цар во човекот, доколку сака да го оствари своето право на власт и да го запази, должен е, пред сè, да му се покори на законот на постот. Дури тогаш постојано ќе биде бодар и светол; дури тогаш ќе може да господари над желбите на срцето и на телото; дури тогаш ќе може, со постојана трезвеност, да ги изучува евангелските заповеди и да ги следи.

На штотуку создадениот човек, внесен во рајот, му била дадена само една заповед – заповед за постот. Една единствена заповед била дадена затоа што таа била доволна првосоздадениот човек за ја запази својата непорочност. Таа заповед не се однесувала на количеството на храната, туку забранувала одреден нејзин вид.

Заповедта за постот, којашто на човекот во рајот му ја објавил Бог, е толку важна што, заедно со неа, е изречена и заканата со казна за случај таа да биде прекршена. Казната се состоела од вечната смрт за човекот. И денес гревовната смрт продолжува да ги погодува оние што ја нарушуваат светата заповед за постот. Оној кој нема да ја запази умереноста и потребната разумност во однос на храната, не може да го скроти гневот, се препушта на мрзливост, на унинија и тагување, станува слуга на суетата и пребивалиште на гордоста којашто во човекот ја воведува неговата плотска состојба, а која најмногу се јавува поради раскошот и изобилството на трпезата.

Заповедта на постот ја возобновило и ја потврдило Евангелието. Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство (Лука 21:34) – е Господово завештание. Прејадувањето и претераното пиење му носат отежнување не само на телото, туку и на умот и на срцето, односно го воведуваат човекот со душата и со телото во плотска состојба.

Напротив, постот го воведува христијанинот во духовна состојба. Оној што е очистен со постот – смирен е со духот, целомудрен, скромен, молчалив, чувствителен, со убави чувства во срцето и во мислите, лесен е со телото, способен е за духовни подвизи и за созерцување, способен е да ги прима Божјите благодати.

Телесниот човек во целост е потонат во гревовни наслади. Тој е сладострасен и по телото и по срцето и по умот, и не е способен не само за духовните наслади и за примањето на Божествената благодат, туку и за покајание. Тој е наполно неспособен за духовни дела: прикован е за земјата, потонат во материјалноста, уште во текот на животот е – мртов со душата.

Тешко вам, преситени сега, оти ќе огладните (Лука 6:25). Ова им го кажува Словото Божјо на оние што ја нарушуваат заповедта на светиот пост. Со што ќе се храните во вечноста, кога тука сте се научиле само да се прејадувате и да се насладувате со материјалното, со нешта коишто ги нема на небото? Со што ќе се храните во вечноста кога не сте вкусиле ниту едно небесно добро? Како можете да се храните и да се насладувате со небесни добра, кога не сте ги засакале, туку ви се омрзнати?

Насушниот леб за христијаните е – Христос. Постојаното јадење на тој леб – тоа е спасоносната наслада на која се повикани сите христијани. Храни се постојано со Словото Божјо; храни се постојано со исполнување на заповедите Христови.
„Од каде да започнеме – прашува св. Макариј Велики – ние кои никогаш не сме се занимавале со истражување на нашите срца? Стоејќи надвор, да чукаме со пост и со молитва, како што заповедал Господ: чукајте и ќе ви се отвори (Матеј 7:7).“ Овој подвиг, што ни го предлага еден од најголемите учители на монаштвото, бил подвиг на светите апостоли. Преку тој подвиг тие се удостоиле да ја чујат објавата на Светиот Дух. Кога Му служеа на Господа и постеа, Духот Свети рече: „Одвојте ми го Варнава и Савла за дело, за кое ги повикав!“ Тогаш тие, откако постеа и се помолија, положија раце над нив и ги пуштија (Дела 13:2-3). Од подвигот во кој биле соединети постот и молитвата, се слушнала заповедта на Духот за призивот на незнабошците во христијанство!

Какво чудесно соединување на постот и на молитвата! Молитвата е немоќна ако не се темели на постот, а постот е бесплоден ако врз него не почива молитвата.
Постот го ослободува човекот од телесните страсти, а молитвата се бори со душевните страсти, и кога ќе ги победи, го пронижува сето устројство на човекот и го очистува; во очистениот словесен храм таа го воведува Бога.

Оној што нема да ја обработи земјата и нема да ја насади, ќе го изгуби семето и наместо пченица, ќе жнее трње. Така и ние, ако го сееме семето на молитвата а не го истенчиме телото, наместо правда, ќе го донесеме гревот како плод. Молитвата ќе биде уништена и развеана со различни суетни и други помисли и фантазирања, ќе се онечисти со сладострасни чувства. Нашето тело произлезе од земја и, ако не биде обработено како земја, никогаш нема да може да го донесе плодот на правдата.

Но, ако некој со голема грижа ја обработува земјата, но ја остави непосеана, неа ќе ја прекрие коров. Така, кога телото ќе се истенчи со пост, а душата не се обработува со молитва, со читање и со смирена мудрост, постот ќе стане родител на најразлични корови – душевни страсти: гордост, суета, презир.

Што е тоа страст за прејадување и пијанство? Откако ќе ја загуби својата правилност, природната желба за храна и за пиење бара многу поголемо количество и разновидност на својствата на храната одошто е потребно за одржување на животот и на телесната сила, на кои претераното земање храна штетно влијае, ослабнувајќи ги и уништувајќи ги.

Желбата за храна се исправа со едноставна трпеза и со воздржување од прејадување и од насладување со храна. Прво треба да се напушти прејадувањето и насладувањето: со тоа желбата за храна се исправа и станува правилна. Кога, пак, желбата ќе стане правилна – таа се задоволува со едноставна храна.

Напротив, желбата за храна која се задоволува со прејадување и со насладување, постепено отапува. За да ја поттикнеме, користиме различни вкусни јадења и пијалоци. Желбата прво изгледа како да е задоволена, потоа бара повеќе, за да се претвори во болна страст којашто бара постојана наслада и прејадување, останувајќи постојано незадоволена.

Ако имаме намера да му се посветиме на служењето на Бога, во темелот на нашиот подвиг треба да го положиме постот. Главното својство на секој темел треба да биде неговата непопустлива цврстина, инаку е невозможно зданието да опстане врз него, колку и да е самото тоа цврсто. И ние никако, никогаш и под никаков изговор не смееме да дозволием да го нарушиме постот со прејадување, а особено не со опивање.
За најдобар пост светите отци го сметале земањето храна еднаш дневно, но не до заситување. Таквиот пост не го заслабнува телото, и не го отежнува со претерана храна, туку го чува способно за дејствување спасоносно за душата. Таквиот пост не претставува нешто особено, и затоа оној што пости нема причина да гордост кон која човекот толку многу е склон кога се работи за добродетелите, особено ако таа силно се истакнува.
Кој се занимава со физичка работа, или е телесно слаб, така што не може да се задоволи со земањето храна еднаш дневно, треба да јаде двапати. Постот е заради човекот, а не човекот заради постот.

Но, при секое земање храна, било да е тоа ретко или често, прејадувањето е строго забрането: тоа човекот го прави неспособен за духовни подвизи, и им ја отвора вратата за други телесни страсти.
Светите отци не го одобруваат неумерениот пост, односно долготрајно непотребно воздржување од јадење: од прекумерно воздржување и истоштеност, до која доаѓа притоа, човекот станува неспособен за духовни подвизи, често се свртува кон прејадување, често паѓа во страст на самоиздигање и во гордост.

Мошне важен е и квалитетот на храната. Забранетиот рајски плод, макар што навидум бил убав и вкусен, делувал погубно врз душата: тој ì го соопштил познавањето на доброто и на злото, а со тоа ја уништил непорочноста во која биле создадени нашите претци.
И денес храната продолжува силно да дејствува врз душата, што особено моѓе да се забележи при пиењето вино. Таквото дејство на храната се заснова на нејзиното различно дејство врз телото и крвта и на испарувањата што од желудецот се издигаат во мозокот и влијаат врз умот. Затоа сите опојни напитоци, особено од житарици, се забранети за подвижникот, зашто го лишуваат умот од трезвеност а со тоа и од победата во духовната борба. Умот што е победен, особено со сладострасни помисли, насладувајќи се со нив, се лишува од духовната благодат; тоа што е стекнато со многубројни и долготрајни напори се губи за неколку мига.

Силната храна треба да се елиминира од трпезата на подвижникот, зашто ги поттикнува телесните страсти. Најприродна храна е онаа што Творецот им ја одредил на луѓето веднаш по создавањето – храната од растителното царство. Бог им рекол на нашите прататковци: Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целат аземја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна! (1 Мојсеева 1:29). Дури по потопот е дозволено користењето месо (1 Мојсеева 9:3).

Растителната храна е најдобра за подвижникот. При користењето на оваа храна најлесно се чува чистотата и бодроста на умот, а со тоа и власта на умот над целиот човек; при употреба на оваа храна страстите дејствуваат послабо и човекот е поспособен да се занимава со подвизи на побожност.
Јадењата од риба, особено ако се подготвени од крупна морска риба, веќе имаат сосема други својства: тие забележително дејствуваат врз мозокот, телото се здебелува, крвта се распалува, а желудецот се исполнува со штетни слузни материи, особено при често или постојано користење.
Овој ефект е неспоредливо посилен кога се користат јадења од месо: тие до крајност го здебелуваат телото, а ја разгоруваат и крвта. Затоа монасите оваа храна воопшто не ја користат; таа им припаѓа на луѓето што живеат во светот и постојано се занимаваат со тешки телесни работи. Но, и за нив постојаното користење на ваква храна е штетно.

„Како! – ќе извика тука божемниот мудрец – Бог на луѓето им дозволил да јадат месо, а вие го забранувате тоа?“ На нив ќе им одговориме преку зборовите на апостолот: Сè ми е позволено, но не е сè полезно; сè ми е позволено, но не е сè за поука. Ние се воздржуваме од јадење месо не затоа што го сметаме за нечисто, туку затоа што тоа го оптеретува целиот организам, попречувајќи го духовниот напредок.

Во своите мудри одредби, светата Црква на христијаните што живеат во светто им дозволила употреба на месо, но не постојано, туку определила време кога можеме да јадеме месо, и време кога треба да се воздржува од него, односно кога христијанинот се очистува од последиците од неговата употреба. Таквиот плод на постот може да го види секој што се придржува до него.

Правилата на постот Црквата ги востановила со цел да им помогне на своите чеда, и како раководство на целото христијанско општество. Притоа, на секого му е препорачано, со помош на искусен и мудар духовен отец, да се испита себеси и да не започне пост кој ги надминува неговите сили: зашто, повторувам, постот е заради човекот, а не човекот заради постот; храната е дадена како поткрепа на телото, а не за негово разурнување.

подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}

Епископ Калистос Вер

 

hristos-i-iskushenijata.jpgДуховен раководите, грчки – „герон“, руски – „старец“ е „стар човек“, кој не мора нужно да е стар по години, но е мудар во своето духовно искуство на божествената вистина и благословен е со благодат на „духовен отец“, со посебен благодатен дар на другите да им биде водач на Патот кон спасението. Тоа што тој им го дава на своите духовни деца не е, превосходно, морална поука или правило за живот, туку лочен однос. „Старец“, вели Достоевски, „е некој кој во сопствената душа и во сопствената волја ја презема вашата душа и вашата волја“.

Старец е човек со внатрешен мир , преку кој можат да се спасат илјадници луѓе. Нему, како плод на молитвата и на самоодрекувањето, му е даден Светиот Дух, дарот на расудувањето кој му овозможува да ги „чита“ тајните на човечките срца; така, тој одговара не само на прашањата што другите му ги поставуваат, туку и на прашањата – честопати многу потемелни – за кои не ни помислувале да ги постават. Заедно со дарот на расудувањето, тој поседува и дар на духовно исцелување – има моќ да ги возобнови човечките души, а често и нивните тела. Ова духовно исцелување тој не го спроведува само со своите утешни зборови, туку и со своето молчење, па дури и со самото свое присуство. Колку и да е важен советот, многу поважна е посредничката молитва. Своите (духовни) деца ги прави целосни така што постојано се моли за нив, се поистоветува со нив, ги прифаќа нивните радости и нивната тага како свои сопствени, ги зема на своите плеќи бремето на нивната вина или вознемиреност. Никој не може да биде старец ако неуморно не се моли за другите.

Ако старецот е свештеник, неговата служба на духовно раководење тесно е поврзана со Светата Тајна Исповед. Но, старец во целосна смисла на зборот е повеќе од свештеник-исповедник. Старец во вистинската смисла на овој збор не може да биде именуван како таков од страна на некоја духовна власт. Тоа што се случува кога Светиот Дух непосредно им зборува на срцата на христијаните, јасно покажува дека Бог одредена личност ја благословил со благодат да раководи и да исцелува други. Иако старец најчесто е јеромонах, тој може да биде и оженет парохиски свештеник, или обичен монах кој не е ракоположен во свештенички чин, а исто така и монахиња, иако ретко, или мирјанка. Ако самиот старце не е свештеник, тој, откако ќе ги ислуша проблемите на неговото духовно чедо, обично ги упатува кај свештеник заради Светата Тајна Исповед и за разрешување на гревовите.

Односто меѓу духовното чедо и духовниот отец може да биде мошне различен. Некои го посетуваат старецот само еднаш или двапати во текот на својот живот, во мигови на особена криза, додека другите одржуваат редовна врска со старецот, гледајќи се со него секој месец, а некои и секој ден. Никакви правила не можат однапред да се пропишат. Таа поврзаност расте сама по себе под непосредно водство на Светиот Дух.

Тој однос секогаш е личен. Старецот не применува апстрактни правила научени од книги, туку во секоја поединечна прилика гледа пред себе одреден човек или жена; просветлен со Духот, тој се обидува да ја пренесе единствената Божја волја, посебно за таа личност. Бидејќи вистинскиот старец го разбира и го почитува личниот карактер на секој поединец, тој не ја ограничува неговата внатрешна слобода туку ја засилува. Неговата цел не е да изнуди механичка послушност, туку своите духовни деца да ги доведе до онаа точка на духовна зрелост  на која може да одлучуваат сами за себе. Тој на секого му го покажува неговото вистинско лице коешто порано во голема мера било сокриено и од самиот човек; неговиот труд е творечки и животодавен и му овозможува на другиот да ја изврши задачата којашто на почетокот му изгледала невозможна. Сето тоа старецот може да го постигне исклучиво затоа што секого лично го сака. Тој однос, дури, е заемен: старецот не може да му помогне на другиот сè додека другата личност не посака да се промени и со љубов и со доверба да го отвори своето срце за старецот. Оној што оди да го види старецот со духовна љубопитност, веројатно ќе се врати со празни раце и неимпресиониран.

Бидејќи тој однос е секогаш личен, одреден старец не може на секого да му помогне во иста мера. Тој може да им помогне само на оние коишто Духот му ги испратил. Исто така, ниту ученикот не може да каже: „Мојот старец е најдобар од сите“, туку би требало да каже: „Мојот старец е најдобар за мене.“

Раководејќи ги другите, духовниот отец ја очекува волјата и гласот на Светиот Дух. „Ќе ти го дадам само она што Бог ми вели да ти го дадам“, кажувал св. Серафим Саровски. „Верувам дека првиот збор што ќе ми дојде е вдахновен од Светиот Дух“. Очогледно дека никој нема право да постапува на овој начин сè додека, преку подвижнички труд и молитва, не стекне исклучително силна свест за Божјото присуство. За секој што не го достигнал ова ниво, таквото однесување би било неодговорно.

Слино вели и отец Захариј:
„Понекогаш човек самиот не знае што да каже. Самиот Господ зборува преку неговата уста. Човек би требало да се моли на следниот начин: „Боже, Ти живеј во мене, Ти зборувај и дејствувај преку мене.“ Кога Господ зборува преку устата на човек, тогаш секој збор на тој човек е вреден и сето она што тој го кажува се исполнува. Оној што така зборува и самиот е изненаден... Човек не смее да се потпира на сопствената мудрост.“
Врската меѓу духовното чедо и духовниот отец продолжува и по смртта, сè до Страшниот суд. Отец Захариј ги смируваше своите следбеници: „По смртта ќе бидам многу пожив отколку сега, затоа немојте да плачете кога ќе умрам... На денот на Судот старецот ќе каже: Еве ме мене и моите чеда“.

Секој православен христијанин треба да има свој духовен отец. Што да правиме кога бараме такво раководство а не можеме да го најдеме? Се разбира дека можеме да се поучиме од книгите: без оглед дали имаме или немаме духовен отец, ќе ја читаме Библијата, како би можела постојано да нè раководи. Меѓутоа, тешкотијата со книгите е во тоа што не знаеме што може конкретно да се примени на секој поединец. Исто како и книгите, како и духовното татковство, постои и духовно братство или сестринство, помош што ни ја даваат оние што не се учители во Бога, туку ученици како и ние. Не треба да ги пренебрегнуваме приликите што ни се нудат на тој начин. Оние, меѓутоа, што сериозно му се препуштиле на Патот, би требало на секаков начин да се потрудат да пронајдат отец во Светиот Дух. Колку посмирено бараат, несомнено ќе им се даде раководсвто какво што им треба. Тие нема секогаш да пронајдат старец каков што бил св. Серафим или отец Захариј. Треба да се погрижиме да не се случи, во нашето исчекување на нешто што однадвор е спектакуларно, да ја превидиме помошта којашто Бог навистина ни ја нуди. Можеби ќе произлезе дека некој, кој во очите на другите изгледа незабележлив, е единствениот отец кој е во состојба мене лично да ми ги изговори огнените зборови каоишто превосходно мене ми се потребни.  

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits} 

Архимандрит Симеон (Брјушвајлер)


РАЗМИСЛУВАЊА ЗА ИСКУСТВОТО НА ДУХОВНИОT ПАД НА ПРЕПОДОБНИОТ СИЛУАН АТОНСКИ


Во почетокот на дваесеттиот век, во 1905 година, во рускиот манастир Св. Пантелејмон на Света Гора, преподобниот Силуан се молел во својата ќелија, но демоните му попречувале да ја достигне чистата молитва. Тој седнал на столчето и рекол: „Господе, Ти гледаш дека сакам да Ти се молам со чист ум, но демоните не ми го дозволуваат тоа. Научи ме што треба да правам, за тие да ме остават.“ Го добил одговорот во душата: „Гордите секогаш страдаат поради демоните“. – „Господе, - рекол Силуан, - кажи ми што да правам за да се смири мојата душа?“ – Тогаш во своето срце го слушнал  Божјиот одговор: „Држи го својот ум во адот и не очајувај.“

Смислата на оваа заповед не е очигледна, поради што се потреби извесни појаснувања - што претставува мошне тешка, но и неопходна задача! Тешка – затоа што, за да се разбере смислата на овие зборови на Христос во сета нивна длабочина, треба самите да го имаме истото она искуство, да се наоѓаме во истата онаа состојба во која се наоѓал оној на кој тие зборови му биле соопштени; неопходна, пак, зашто овој познат одговор, даден од Христос на преподобниот Силуан (понекогаш тоа е единственото нешто што на луѓето им е познато за тие зборови) често се цитира, но не секогаш правилно. Понекогаш тој одговор дури и нè шокира. Еднаш добив писмо од еден човек, кој напишал: „Да се држи умот во адот ... каков ужас! И притоа да не се падне во очај – тоа е невозможно! Тоа само би ме поттикнало на самоубиство.“   

1. ПСИХОЛОГИЈАТА НА НАШЕТО НОВО РАЃАЊЕ


За да се разбере сакралната смисла на овие зборови, мораме да размислуваме не само преку категориите на паднатиот човек на нашата хуманистичка цивилизација, туку и „согласно психологијата на нашето второ раѓање“, според кажувањето на отец Константин Галериу, современ романски богослов. Како луѓе, родени сме во плот, но како христијани, повторно сме родени во Духот (Јован 3:6). Меѓутоа, светот, таа интелектуална и социјална средина во која живееме, толку многу влијае на нас, што ние продолжуваме да мислиме и да дејствуваме како старозаветниот човек, според „мудростите на овој свет“. Ние мораме да се погрижиме да ја развиеме во себе онаа духовна восприемчивост којашто единствено ќе ни овозможи да ја восприемаме реалноста на духовниот свет, за да ги здобиеме духовното срце, духовниот разум, духовното созерцување и, на крајот, духовниот јазик. И тогаш тоа што било таинствено и недостижно, ќе стане јасно, ќе престане да го збунува нашиот ум и да биде пречка на нашиот пат.

Да се мисли во обратна перспектива

Овој нов начин на гледање на нештата ќе доведе до тоа да почнеме да мислиме и да дејствуваме во обратна перспектива во однос на мудроста на овој свет.

Евангелието ни дава безброј примери на оваа обратна перспектива. Искрено говорејќи, сето Евангелие претставува превртување на перспективата, но јас ќе се ограничам само на Заповедите за блаженствата. Ние свикнавме на нив, ги спомнуваме на секоја Литургија, но дали разбираме во која мера тие му противречат на нашиот вообичаен начин на размислување и на дејствување? Навистина ли мислиме и живееме според нив, ако нивните барања се: Блажени се бедните по дух... Блажени се гладните... Блажени се оние што плачат... Блажени сте вие кога ќе ве срамат и прогонат... Нели е мазохизам да се бара нешто што предизвикува страдање? – Се разбира – не, зашто зад страдањата коишто доведуваат до беда, глад, солзи, прогонувања, се наѕираат одблесоците на Царството Божјо. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата!
Не е доволно да се отфрли тврдењето на овој свет, кој вели: „Блажени се богатите“; треба да се соединат две реалности, коишто надворешно се спротивни: страдањето и блаженството. Тие треба да се обединат во нашето сознание, во спротивно нашиот пат ќе биде лажен и ние ќе бидеме далеку од вистината.

Ќе направиме уште еден чекор. Познато ви е дека централната смисла на христијанството е – Крстот; било да се работи само за крстот, или за Распетието, Христос е на крстот. Во двата случаја крстот има непосредна врска со смртта на Христос. Не ли е тоа кулминација на нашето спасение? Не, средиштето на христијанската проповед е Воскресението. „Ако Христос не воскреснал – вели апостол Павле, обраќајќи им се на Коринтјаните – тогаш празна е нашата проповед, празна е и нашата вера“ (1 Коринтјаните 15:14). Ние не ги раздвојуваме смртта и Воскресението; сета христијанска вера се протега долж оската „смрт – воскресение“. На тој начин, воопшто не претставувајќи синоним на смртта, крстот е триумфален знак на победата над неа.

Да се живее со христијанскиот парадокс

Христос минал низ смртта за да ја победи смртта и да влезе во вечен живот, и нè повикува да Го следиме: „Кој ќе ја изгуби душата своја заради мене и Евангелието, тој ќе ја спаси (Марко,8:35). Во тие зборови повторно се гледа обратната перспектива: оној којшто сака да добие – губи, а оној којшто губи – добива. Да се изгуби животот заради Христос – значи да се влезе во живот којашто не знае за смрт. Патот на спасението се определува како живот согласно Евангелските заповеди: „Одете и научете ги сите народи... и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал“ (Матеј 28:19-20) и како примање на смртта при следењето на Христос: „Кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене“ (Матеј 10:38). Ако сакаме да бидеме спасени, ако сакаме да влеземе во вечен живот, мораме да минеме низ смртта. Се поставува прашањето: низ каква смрт и како да се умре?

Основна мера – надежта

„Да се живее за да се умре“ или „да се умре за да се живее“? – Тоа е крајната дилема којашто стои пред нас, пред секој од нас, а исто така и пред сето човештво. Христијанскиот пат го избира вториот дел од оваа алтернатива: да се умре привремено, за да се живее во вечноста. „Тоа што е задолжително – вели св. Василиј – прави го доброволно. Не штеди го својот живот, зашто ионака неизбежно ќе го изгубиш“. Таквата смрт треба да се разбере во христијанска перспектива на надежта: не станува збор за тоа да се умре заради смртта, туку да се умре заради животот. Надежда ì дава на смртта, како и на секоја христијанска аскеза, знак кој во голема мера е позитивен. Светот на надеж, на непоколеблива вера во Бога, блеска дури и во најдлабоката ноќ којашто нè опкружува од сите страни. 

Се наоѓаме во Женева; ако не се лажам, девизата на тој град е Post Tenebras Lux („по темината – светлина“). Ете прекрасно сведоштво за надеж. Доколку би морал да ја протолкувам оваа девиза, би и дал две објаснувања. Во прва, повеќе материјална смисла, таа значи: „Сега е ноќ, и животот е тежок, но бидете трпеливи: наскоро ќе настапи утро, ќе биде ден и животот ќе стане полесен“. Во втора, дховна смисла, таа девиза значи: „За да се достигне вистинската светлина, прво треба да се мине низ темнина, преку откажување од лажната светлина.“ Во оваа втора смисла станува збор за наредба за доброволно влегување во темнина, како услов без кој е невозможно да се достигне вистинската Светлина, Божествена и вечна Светлина.

 
Како да се разбере адот


Во секојдневниот јазик зборот ад има различни значења, но тие секогаш асоцираат на идејата за страдање, за крајна несреќа, за апсурд, како што може да се види од изразите: пеколот (адот) на големите градови; мојот живот е вистински пекол.

Адот, пред сè, е царството на смртта, библиски шеол, aidos на древните Грци. Како што постојат различни видови смрт: физичка смрт и духовна смрт, постојат и различни видови ад. Поради својата смртност, сите луѓе влегуваат во адот (шеолот), но не се казнуваат сите со геена. Адот е место на кое се наоѓаат душите на грешниците. Преподобниот Андреј Критски јасно кажува: „Душите на сите луѓе, и особено на светите, минуваат ни зтоа ужасно место, но не се задржуваат таму, со исклучок на оние коишто животот го минале во негрижа“. Во таа смисла, адот е – состојба во која се наоѓаат душите по физичката смрт, но тоа не е истоветно со пресудата и со вечното страдање. За многумина, идејата за вечното страдање нема ништо заедничко со идејата за Бог како љубов и милосрдие. И тоа е вистина: адот не го создал Бог, туку самиот паднат човек.

Бог е светлина, Бог е љубов, Тој ги сака сите луѓе: „Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните“ (Матеј 5:45). Адот не е место кадешто го нема Бога, место на кое луѓето ќе бидат далеку од Него, на кое ќе бидат лишени од Неговото присуство – зашто, сите ќе излезат пред Него, Кој е Љубов. Вдахновен од мислата на преподобниот Максим Исповедник, грчкиот богослов Никос Мицакус пишува: „Не постои место на коешто го нема Бога со Неговото творечко присуство. И проколнатите, заедно со нивниот кнез, ѓаволот, сакале тие или не, се наоѓаат во Божјо присутво, а не во темница, или на место создадено за маки и за страдање, место кадешто Бог не е присутен. Но, без оглед на тоа што не може да постои место без Божјо присуство, отфрлените воопшто не можат да ја споделат Неговата Божествена Слава, заради Која тие и ги затвориле своите души. Бог, пак, на никого не му ја затвора вратата“.

Да се каже дека сите ќе одат во адот значи дека сите ќе бидат вронети во Љубовта Божја. Но, во зависност од состојбата во која се наоѓа човекот кој се среќава со Бога, таа средба тој ќе ја восприема или како блаженство, или како адско страдање. И ако човекот, кој се претставува пред лицето на Трисветиот Бог, е зацврстен во состојба на грев, во состојба со несличност со Бога, ако тој закоравел во таквата своја состојба, тогаш сето она што од страна на спасените се доживува како светлина, како љубов, од негова страна ќе се доживува како темнина и страдање. Преподобниот Симеон Нов Богослов пишува: „Слично на тоа како што слепите – коишто не го виделе сјајното сонце, макар што од сите страни се осветлени од неговите зраци – се надвор од него, бидејќи се одвоени од него преку [недостиг на] сетило на видот; така и Божествената светлина на Троица е во „сè“, но грешниците, заклучени во темнина ... ќе бидат во неискажливи маки и страдање во векови.“

Оттука е јасно дека адот е вечен, бидејќи е вечна љубовта Божја и Божествената Светлина. Следствено, оној кој во планот на вечноста се определил да биед против Бога, нема да може никаде да се сокрие од Него. Но, не е суров Бог, не ја создал Тој темницата за оние коишто не Го сакаат, за да ги натера да страдаат подалеку од Него, туку човекот самиот страда поради Божјото присуство од кое не може да се избави.

За да го избегне адот, чија причина е самиот тој, човек треба да се подготвува да излезе пред Бога очистен и просветлен, за да не биде согорен од таа средба, за таа средба да биде вечно блаженство. Таква подготовка е аскезата, борбата со гревот и маките на покајанието.

[Архимандрит Симеон е духовник на манастирот св. Јован Предтеча (Велика Британија, Есекс), претседател на Здружението на преподобниот Силуана Атонски. Текстот е прочитан на првото пленарно заседание на здружението  на 8 октомври 1994 година во Женева.]

Преземено од: (www) Альфа и Омега. № 1(27), 2001.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ


ЗА ЗЕМНОТО НЕБО И ВОСКРЕСЕНИЕТО НА ДУШИТЕ ПРЕД СЕОПШТОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, БОГОПОДДРЖУВАЧКОТО БЕЗСТРАСТИЕ И СОВРШЕНСТВОТО (поука 29)


Св. Јован Лествичник

lestvica1.jpg

Поука 29


Ете, и ние кои лежиме на дното на најдлабоката јама на незнаењето, во темнината на страстите и смртната сенка на нашето тело, по дрскоста своја започнуваме да философираме за небото на земјата.
Ѕвездите се убавина на небескиот свод, а украс на бесстрастието – се добродетелите. Бесстрастието, сметам дека не е ништо друго туку едно небо на умот во срцето негово, под кое сите лукавства на демоните изгледаат како шега. Бесстрасен во вистинска смисла на зборот се нарекува и е човекот кој го направил телото непропадливо, кој го издигнал умот над се што е тварно, кој ги покорил сите чула на умот, а својата душа му ја претставил на Бога, надевајќи се вечно на Него и преку своите сили.

Некои повторно, бесстрастието го дефинираат како воскресение на душата пред воскресението на телото. А други, дека тоа е совршено богопознание, кои заостанува по својата вредност само зад она богопознание кои го имаат ангелите. Тоа совршено совршенство на совршените, кон чие усовршување нема крај, (како што ми кажа еден човек кој го доживеал), така го осветува умот и го оттргнува од материјалниот свет, така што често, се разбира – после стасувањето во ова небесно пристаниште, - го оддвојува од животот во телото и го подигнува на небесните висини, кон созерцание. За тоа говори на едно место псалмопевецот, кој можеби и самиот тоа го искусил: земните силници кои му припаѓаат на Бога, силно се подигнаа (Пс. 46,10). Таков беше и оној египтјанин, кој долго време не можеше во молитва да ги пружи рацете кон небото, се додека се молеше во присуство на други луѓе . Има бесстрасни луѓе, но и од бесстрасните, има побесстрасни. На пример, еден човек многу го мрази злото; но друг, незаситно се богати во доброто.

И чистотата се нарекува бесстрастие и тоа со право: таа е почеток на сеопштото воскресение и обессмртување на смртните.

Бесстрастие покажа оној кој рече: “Имам ум Господов” (в. 1 Кор. 2,16). Бесстрастие покажа и оној Египтјанин, велејќи: не се плашам од Бога . Бесстрастие покажа и оној кој се молеше на Бога да му се вратат страстите . Кој ќе се удостои за таква бесстрасност, пред идната рајска светлост, како тој Сириец? Дури и Давид, толку прочуениот пророк му вели на Господа: дозволи ми да се одморам (Пс. 38,14)! А овој атлет Божји: “Престани да ме заплискуваш со брановите на твојата благодат” !
Бесстрастие има онаа душа која така се навикнала на добродетели, како што се навикнале страсните луѓе на уживања.

Ако крајна граница на стомакоугодие е во тоа со сила да се јаде и тогаш кога не се сака да се јаде, тогаш, секако крајна граница на воздржанието е во тоа, непослушната наша природа да се воздржува и тогаш кога гладува. Ако врв на блудот се состои во тоа човекот да се излаже од похотта и спрема животните и спрема мртвите твари, тогаш врв на чистотата е – да се однесуваш спрема секое битие, како кон секоја твар безживотна. Ако граница на среброљубието е никогаш да не престанеш да натрупуваш пари и никогаш да не се заситиш со нив, тогаш врв на доброволното сиромаштво е – да не го штедиш и своето сопствено тело. Ако граница на унинието претставува да се нема трпение ни во потполното спокојство, тогаш врв на трпението е кога човекот и покрај најголемите невољи да смета дека ништо не го вознемирува. Ако врв на гневот е човек да се разлути и кога е потполно сам, тогаш длабока воздржаност е човекот да остане мирен без оглед дали се присутни оние кои го злоставуваат. Ако тоа претставува врв на суетата човекот да се однесува суетно и кога нема кој да го пофали, тогаш несомнено знак на совршено неславољубие е  при посетата на страсни луѓе никогаш да не ни се прикраде ни најмала суетна помисла. Ако знак на пропаст (то ест Гордост), претставува да се гордееш и за беззначајни дела, тогаш спасоносна ознака на смиреност е да се мисли за себе смирено и покрај големие подвизи и успеси. И ако обележје на целосна острастеност е човекот итно да се покорува на се што ќе му посеат демоните тајно во неговата душа, сметам дека обележје на света бесстрасност е кога човекот може искрено да рече со Давид: развратно срце нема да се прилепи до мене, за лукавиот не сакав да знам (Пс. 100,4), ниту како, ниту зошто дојде, ниту како појде, туку потполно сум рамнодушен кон сето тоа, бидејќи сум и ќе бидам соединет со Бога.

Оној кој се удостоил за таква духовна состојба, уште за време на земниот живот се удостоил во него да се всели Бог, кој секогаш го води во сите негови зборови и дела и мисли. Затоа таквиот човек преку внатрешното озарение во себеси слуша некој глас, кој како да му ја открива вољата Господова и постанува повозвишен во однос на секое учење човечко. Кога ќе дојдам и да се покажам пред лицето Божјо (Пс. 41,3)? Повеќе не можм да го поднесам пламенот на оваа желба, туку ја барам бессмртната убавина, која Ти Господи ми ја даде уште пред да паднам во оваа кал!…
Но, зошто да се зборува многу? Бесстрасникот повеќе не живее сам, туку во него живее Христос, како што вели оној кој среќно ја добил битката, ја завршил трката и ја одржал православната вера (в. Гал. 2,20; 2 Тим. 4,7).

Царската круна не е составена само од еден дијамант. Така ни совршеното бесстрастие го нема ако сме пропуштиле макар и само една добродетел (без оглед на нејзиниот безначаен изглед) ако сме испуштиле да ја извршиме.

Бесстрастието замислувај го како небесен дворец на небесниот Цар: многумина  живеат внатре во тој град; ѕид – Ерусалим, прошка на гревовите. Побрзо, браќа да го најдеме влезот во брачната соба на тој дворец! Ако нас, несреќните не задржува бремето на грешните навики или времето кое сме го поминале во гревови, тогаш барем да се потрудиме да не бидиме лишени од било каква обител во близината на брачната одаја! Ако дремеме сеуште, или сме се измориле, да се потрудиме на секој начин барем да се најдеме внатре во ѕидовите на градот. Бидејќи кој нема да влезе таму пред да настапи крајот, подобро речено – кој нема да го премине тој зид, ќе мора да се насели во пустината. Затоа и некој се молел, велејќи: со Божјата помош ќе преминам преку ѕидот (Пс. 17,30). И друг, како од лицето Божјо, вели: не се ли тоа вашите гревови, кои се препречиле меѓу вас и меѓу Мене (Ис. 59,2)?

Да ги разрушиме браќа, бедемите на оваа преграда кои со непослушност на свое зло ги подигнавме. Да земеме прошка за долгот, бидејќи во адот нема никој кој би можел да не излечи. Повеќе да не се занимаваме со ништо земно, браќа! Ние сме се запишале во луѓето кои не се грижат за ништо земно. Нема грев, нема време, нема тешкотија, која би можела да ни послужи како изговор. Оние кои го примија Господа со крштението низ новото рождество, Бог им дал власт, да бидат деца Божји (Јн. 1,12), велејќи: опаметете се и знајте дека Јас сум Бог (Пс. 45,11)  и бесстрасност! Нему нека Му е слава во сите векови. Амин.

БЛАЖЕНОТО БЕССТРАСТИЕ ГО ВОЗНЕСУВА БЕДНИОТ УМ ЧОВЕЧКИ ОД ЗЕМЈАТА НА НЕБОТО, И ОД ЃУБРИШТЕТО НА СТРАСТИТЕ ЌЕ ГО ПОДИГНЕ СИРОМАВИОТ! А СЕОПЕАНАТА ЉУБОВ МУ ДОЗВОЛУВА ДА СЕДНЕ СО КНЕЗОВИТЕ, СВЕТИТЕ АНГЕЛИ, СО КНЕЗОВИТЕ НА НАРОДОТ ГОСПОДОВ.


 
Св.Титеј (Титхеес). Русите во својот превод укажуваат на преподобен Титој, од Дост. сказ. стр. 274, ст. 1. За жал, тоа не можевме да го провериме.
Св.Антоној Велики.
Св.Јован Колов († околу 430), еден од најголемите египетски  подвижници, се подвизувал во Скитската пустина, во северо-западен Египет, околу 30 километри од Нитријската гора и тоа како ученик на св.Пимен (в. житие 27 август), а потоа учител на св.Арсениј Велики (в. Нап. 12 со Поука 27). Особено се истакнал со својата голема смиреност. Оставил зад себеси низа изреки кои ги запишале монасите на неговата обител (в. житие на св.Јован Колов, 9 ноември).


од многумина, Илија Критски ги подразбира различните степени на божјата Благодат (в. Схол. 8, цол. 1153 ЦД).






 (прдолжува)

 



 


„ЛЕСТВИЦА“

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 115
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 80
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 209
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Слово на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј – Дваесет и прва недела по Педесетница

Такви луѓе во Христово време имало многу, но и денес не се малку. Тие малку се интересираат за Евангелието, или, пак, и воопшто не се интересираат, а некои се дури...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Излезе сејач да сее семе (10.11.2019)

Во трњето кое го уништува Словото на Божествената вистина, освен богатството, насладите и животните грижи (Лк. 8,14), во нашето време треба ги видиме и различните лажни учења кои ги шират...

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние...

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

“Нe e пoтрeбнo бoгатствo на oнoј кoј лeбoт и вoдата ги смeта за царски ручeк”

Така пoстапувал и св. Авeркиј. Кoга видeл мнoгу нарoд вo маки и вo бoлeсти, тoј клeкнал на eднo мeстo и сe пoмoлил на Бoга, да oтвoри тoпла и лeкoвита вoда...

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Старец Ефрем Катунакиотски: Поука

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.

Митрополит Струмички Наум:  Зошто пишувам?

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто напишано. На крај, нашето заедничко давање, нашиот заеднички опит преточен и во слово, е...

« »