– Можат да го поканат свештеникот дома да направи едно елеосветување или водосвет. Да му дадат да пие осветена вода за да отстапи малку злото и барем малку да влезе Христос во него. Така направи една мајка за своето дете и му помогна. Ми кажа дека син ѝ се измачува многу, зашто му имале направено магии. „Да оди да се исповеда“ и реков. „Како да оди, оче, да се исповеда,
Св.Јован Кронштатски - Мораш наутро рано да одиш на работа?
Мораш наутро рано да одиш на работа?
Стани тогаш порано и моли се ревносно, ќе добиеш мир, снага и полн успех.
Дали си навечер уморен и сакаш, што побргу да паднеш во постела?
Одвој малку време и помоли се со целото срце - ќе спиеш спокојно и мирно.
Те прогонуват обврските на твоите дневни задачи - приморај се себе на молитва, навикни се на тиховање во Бога и се што тие на срцето ќе успее.
Свети Јован Кронштатски


Ако си христијанин, знај: секој ѓавол постојано војува со тебе. Секој ја врши оваа сила против тебе: демонот на гневот - гнев, демонот на блудот - блуд, демонот на гордоста - гордост, демонот на злобата - злоба, демонот на зависта - завист, демонот на очајот - очајот, и така натаму, нивното име е легион а нивните искушенија и бројот на страстите не се знае. 
Самарјанката, пак, како и набројаните жени, претставува природа или душа на секој човек, кој живее без пророчки дар, буквално со мажи, со сите природи дарувани од законите; од нив пет се веќе умрени, а шестиот, иако жив, не бил маж по природа или душа, бидејќи тој не раѓа од нејзината праведност, која е залог на полното спасение.
Дојде во Колибата еден млад маѓепсник (вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисок.
Тешејќи ги Своите ученици, Господ им вели дека за нив е подобро Тој да се вознесе на небесата. Оти, вознесувајќи се, наместо Себе ќе им Го испрати Духот Утешител. Светиот Дух се симнал и пребива во Црквата, совршувајќи го делото Христово во секој верен христијанин. Секој христијанин е заедничар на Духот.
Гледаш ли Христос се јавува таму каде што недостасувало спасението? Многумина од болните си имале домови, исто и познати, блиски - раслабениот, вистински угнетен од секаква беда немајќи можност да добие помош однадвор, оставен во целосна самотија, добил помош од Единородениот Божји Син. Кого чекаш при бањата?
За жал, во денешно време се множат зборовите и книгите, а се намалува опитот, зашто лугето се под влијание на световниот дух, кој постојано се стреми кон леснотии и го одбегнува телесниот напор. Многумина од нас се успокојуваат преку многу читање, а малку или воопшто не творат.
Затоа ве молам што почесто да доаѓате во храмот и да го слушате читањето на Светото Писмо. Правете го тоа не само кога сте во храмот, туку и во домот земајте ги во рака Светите книги и ревносно наоѓајте во нив корист за себе. Зашто голема е користа од нив: прво, од читањето умот се просветува, и душата добива крилја и станува возвишена,
„Значи, кој може да се спаси“, ќе рече некој, откако ќе ги воочи тешкотиите на самопоправањето? – Ќе одговориме со зборовите на Спасителот: „за луѓето ова е невозможно, но за Бог сѐ е возможно“. Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши.
Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови.


Браќа, денес го слушнавте евангелистот како раскажува за Христовите страдања што нашиот Создател и Бог ги претрпе за нас. Како да не затрепери срцето, кога слуша дека Бог претрпел такви страдања поради Своето големо човекољубие? Или кој нема да се ужасне слушајќи за такви страшни чудеса? Кога сонцето Го виде како е распнуван, својата светлина ја претвори во темнина
Да се добие искуство значи - без човек да пријде кон некакви работи и да ги набљудува, без да примил во себеси знаење за нив, но кој, по долго работење со нив, од опит ја почувствувал користа и штетата од нив.
Кој е белегот за тоа дека нашата молитва е услишена? – Кога за време на молитвата не нѐ вознемирува никакво сомневање и кога надежта на нашата молитва не бива ослабувана од неочекување на она за што се молиме, како и кога за време на самата молитва чувствуваме дека веќе сме го примиле она за што сме се молеле, тогаш не треба да се сомневаме дека нашите молитви навистина се услишени.
























