Св. Григориј Богослов, мисли напишани во едностишие
1. Имај го Бога за почеток и крај на секое дело.
2. Најдобрата полза од животот е – да се умира секојдневно.
3. Грижи се да ги дознаваш сите постапки на добродетелните.
4. Тешко е да се живее во беда, но уште полошо – да се збогатиш неправедно.
5. Правејќи добри дела, мисли дека го подражаваш Бога.




Веќе првиот израз на овој текст е значаен: еретиците се карактеризираат како мртви, а Православните ги „имаат за спасение Светите Писма“, кои малку понатаму се нарекуваат „Боговдахновени“ и „извори на спасението“, во кои единствено „се благовести науката на Благочестието“, т.е. црковната вистинска (=Православна) вера и живот и спасение.
Поука прва
Не е убаво да мислиме дека на Бога Му е добро или лошо поради човечките дела. Бог е добар и го прави само тоа што е добро, на никого не му прави ништо лошо, останувајќи секогаш ист и неизменлив, а ние кога сме добри, тогаш општиме со Него, како слични со Него, а кога сме лоши, поради нашата разлика со Него, се одделуваме и оддалечуваме од Него.
Пред се', не се сметај за важен. Тоа во тебе ќе роди смирение.
А овие четири главни добродетели: правдата, мудроста, целомудрието и храброста се такви, така што, ако се здрави и ако ја имаат својата сила во душата, тогаш тие добро управуваат со трите нејзини дела: ги задржуваат чувствата од сè што е наредено. И тогаш умот, живеејќи во тишина, управува со другите сили според Божјите заповеди и ги одржува во послушност,
Понекогаш дејствувањето на молитвата ни се чини премногу споро, несразмерно со нашето кусотрајно постоење, и повикот јачи во градите:
Секоја твар е чувар на една мисла Божја; оттука секоја твар е мало Евангелие Божјо, бидејќи Го проповеда Бог, мислата Божја, бидејќи е неуморен гласник Божји. Неразорното јадро на секоја твар ја сочинува мислата Божја што е во неа, мислата на Божјата Мудрост, на Божјиот Логос. Оттука сѐ се стреми, сѐ гравитира кон Бог, кон Божјиот Логос, бидејќи со логосната суштина секое битие чезнее за Бог, копнее за Бог,
Цело време негувам некоја надеж дека човештвото еднаш веќе ќе се „умори“ од духот на непријателство и ќе посака вистински мир. Тогаш на сите ќе ни биде полесно; и ќе стане можно да се пишува или дури и да се сретнува „во живо“. А засега на луѓето сѐ уште повеќе им омиле мракот, непријателството, отколку светлината, љубовта и мирот (Јн. 3, 19).
Ти гледаш во тој пат: растенија, животни, вода, суша, луѓе и што ли не достојно за окото – ќе му се порадуваш и одминуваш. Понатаму, сретнуваш камења, пропасти, трња, скали, ѕверови и што ли уште не непријатно – ќе потажиш за тоа и го продолжуваш патот. Тоа е животот – тој нема задоволства постојани; ниту, пак, болки бескрајни.
И тоа е доволно.Тоа ќе биде тивка песна на срцето,која ќе ги помине небесата
Некој од светите луѓе реколː „Телото му станува пријател на гревот, кое се плаши од искушенија, се плаши да не дојде до крајност и да не биде лишено од својот живот“. Затоа Светиот Дух го тера да умре и на подвижникот му внушува да се предаде себеси на смрт. Зашто знае дека, ако не умре, нема да го победи гревот. Ако некој сака во него да живее Господ, тој го принудува своето тело да Му служи на Господа
Само со љубов и саможртва можеме да му помогнеме на другиот човек. Подобро е да се насмевнеш на другиот човек, отколку да извадиш меч. Мечот сече сè и ништо не остава, а насмевката може да направи сè. И таа насмевка може многу нешта да исправи. Ако се насмевнеме на човек, кој е многу притиснат, го спасуваме.
Само со љубов и саможртва можеме да му помогнеме на другиот човек. Подобро е да се насмевнеш на другиот човек, отколку да извадиш меч. Мечот сече сè и ништо не остава, а насмевката може да направи сè. И таа насмевка може многу нешта да исправи. Ако се насмевнеме на човек, кој е многу притиснат, го спасуваме.
Од апостолско време па до денес, сите оние кои навистина Го љубат Христа, ја почитуваат и онаа што Го родила, Го воспитувала и се грижела за Него кога Тој бил дете. Ако Бог Отецот ја избрал, Светиот Дух слегол врз неа, а Бог Синот се вселил во неа и ѝ бил послушен во Неговото детство и се погрижил за неа додека висел на крстот, тогаш, секој кој ја исповеда Света Троица
Таа е основа на пророците, почеток на Апостолите, потврдување на мачениците, основа на учителите.























