логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Кога срцето ги прима демонските стрели со болка што пече, така што човекот чувствува и мисли дека стрелите ги носи во себеси, - тоа е знак дека неговата душа искрено почнала да ги мрази страстите. Тоа е почетокот на очистувањето. Зашто, ако не ги претрпи болките, големите болки од бесрамноста на гревот, душата не ќе може потоа да се израдува силно за благотворноста на правдата.

Покајаните, исповедани и простени гревови веќе не се во нас, ниту против нас. Тие се како стебленца, отсечени од дрвото. Кога ги сакавме гревовите, тие беа на дрвото на нашиот живот како живи гранки и се хранеа од него. А кога се одвративме и започнавме да се гнасиме од нив, кога се покајавме и ги исповедавме, ние ги отсековме од себеси. Со проштевањето на гревовите тие отпаднаа од нас.

Сега се исполни сѐ со светлина, небото и земјата и адот; секоја твар нека се весели и радува. Се радува земјата, бидејќи се ослободи од проклетството за Адамовиот грев. Ликува небесата, бидејќи Оној што слезе на земјата, од адот ги ослободи оние кои таму се наоѓаа. Пеат ангелите, прославувајќи го Победителот на смртта Својот Творец, Кој сега го прославуваме.

Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење со некои жени и со Марија, мајката на Исуса, и со браќата Негови.

Излекувањето на фатениот во КапернаумЧовечкото тело веднаш би се распаднало и би се претворило во земја да не му беше – со Промислата (προμηθείᾳ) и силата (δυνάμει) на Оној Кој со Своето слово држи сѐ (τοῦ ρήματι μόνῳ τὰ πάντα φέροντος) – одложено исполнувањето на пресудата. Он, како што рековме претходно, ја задржа и ја одложи пресудата за смртта на телото, и со длабочината на Својата мудрост и човекољубие тогаш нејзиниот исход така го подготви, што нејзиното исполнување во иднина го зачува за Него.

Христос воскресе!Не, христијаните треба да учествуваат во самото Воскресение Христово! Како да учестуваат? Преку тајните на Покајание и Причестување со Светото Тело и Животворната Крв на Спасителот. За време на Великиот Пост – дните на покајание, очистување и преродување – ние треба да ги обновиме нашите срца за да Му совоскреснеме на Христа. И затоа, оној којшто не учествувал во самото Христово Воскресение не ги разбира и во себе не го носи

meteori-pashaБраќа, денес го слушнавте евангелистот како раскажува за Христовите страдања што нашиот Создател и Бог ги претрпе за нас. Како да не затрепери срцето, кога слуша дека Бог претрпел такви страдања поради Своето големо човекољубие? Или кој нема да се ужасне слушајќи за такви страшни чудеса? Кога сонцето Го виде како е распнуван, својата светлина ја претвори во темнина

И божествениот Макариј говориː „Како што виното оди во сите делови на телото на оној што го пие, и е виното во него и тој во виното, така и оној кој ја пие Христовата Крв – се напојува со Духот на Божеството, се разлева по целата душа, и сета душа е во него и, откако ќе се освети на тој начин, - станува достојна за Христа Господа. Зашто и апостолот говориː ,Сите сме со еден Дух напоени’ (1. Кор. 12, 13).

Старецот: „Брату, иако има многу заповеди, сепак тие се искажани во следниве малку зборови: ‘Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли, и својот ближен како себеси‘ (Лука 10, 27). Оној подвижник којшто живее според овие зборови, тој ги извршува сите Господови заповеди.

218.  Оној што не се моли со внимание, тој е расеан во својата молитва, на него псалмот му е неразбирлив, како да е на друг јазик, а и тој самиот за псалмот – останува туѓ (1. Кор. 14, 17). Демоните од сето тоа си прават подбивање.
219.  Не е сѐ едно – дали му е светот распнат на светиот или – тој му е распнат на светот. Зашто за едни, клинци се – постот и бдеењето, а за други –

Меѓутоа, ако Господ не нѐ слуша кога Го молиме за нешто овоземно, тоа и не е голема потешкотија. Но, тешко нам ако се случи Он да не нѐ услиши кога Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Но, и тоа ќе се случи кога воздишките и лелеците на луѓето што сме ги презреле ќе станат погласни од нашите молитви.

“ Што и да посакаш било да кажеш, било да направиш, било да појдеш кај некого, било да јадеш или да пиеш нешто, да легнеш, да спиеш или да направиш нешто што и да е, запрашај се дали му е тоа угодно на Бога, испитај се и најди ја причината зашто го сакаш тоа. Дури тогаш, тоа што ќе го правиш прави го пред Бога.

За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала сѐ посилна и потрпелива – не паѓала под ударот на силните искушенија.

Оној што вистински бара да се увери дека направените гревови му се простени, тој секој ден кога не плачел го смета за загубен, макар и да направил во тој ден многу добра. Никој од оние, кои треба да плачат за своите гревови, да не ја намалува својата ревност, мамејќи се со мислата дека на смртниот час ќе добие известување за простувањето.

Како што огнениот пламен секогаш се издигнува нагоре, особено тогаш, кога се размешува материјалот што е зафатен од огнената стихија, така и суетното срце не може никако да се смири. Ако му кажеме нешто што му е угодно, тоа уште повеќе се погордува, а, ако го изобличиме и почнеме да го вразумуваме, тоа почнува силно да ни противречи. Ако го

Знак за духовен живот е вдлабочувањето на човекот внатре во себеси и тајниот труд во неговото срце. Божјата благодат го осенува тој човек и тој отпрво е во состојба на мир, а по тој пат стигнува до небесна состојба; во мирна состојба, т.е. со чиста совест; а пак во небесното, кога неговиот ум ја созерцува во себеси благодатта на Светиот Дух, според Божјото слово: Неговото пребивање – (беше) на Сион…(Пс.75:3)

Кога ни задават рани со тоа што нѐ изобличуваат, да си спомнуваме за нашите гревови, сѐ додека Господ, гледајќи ја нашата мака, како и злото што ние самите си го правиме, не ги избрише нашите гревови и маките, што го нагризуваат нашето срце и не ги претвори во радост, како што вели за тоа светиот пророк и псалмопеачот Давидː „Кога се намножуваа тешкотиите и во срцето..

Како што сонцето со своите зраци ѝ се насмевнува на целата земја, така и љубовта со своите светозарни дела ја поздравува секоја душа. Ако ја придобиеме неа, тогаш ќе ги изгасиме страстите и ќе засјаеме до небесата. Секој труд лесно се извршува штом ќе ја придобиеме светата љубов; а кога неа ја немаме, во ништо успех немаме.

И блажени се гладните и измачените од жед; зашто таму ќе се наситат; а тешко на наситените, зашто таму ќе гладуват и жеднеат. Блажени се оние што плачат; зашто таму ќе се веселат и утешат; а тешко на оние што сега се смеат зашто таму непрестајно ќе плачат и воздивнуваат. Блажени се милостивите; зашто таму ќе бидат ...

Нашиот Отец е многу сострадален. Како е овој наш Отец толку милостив? Каков е нашиот Отец што толку многу нѐ сака? Каков е овој наш Господ, Кој вака силно ја пројавува Својата љубов спрема нас Своите слуги? Сѐ ни дава, со сѐ нѐ снабдува во изобилство; Он ги лекува нашите душевни рани, долго нѐ трпи нас што Го оставаме и сака сите да станеме наследници на Неговото царство.

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1215
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1760
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1173
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »