логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Житија на Светиите - Септември

Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец септември во тврд повез.

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на: e-mail: pravoslavniknigi@gmail.com 
или: о. Боро Милчев, тел. 071-213-000

Повеќе...

 

Едно дете ме праша: За што зборуваш во беседата? Мојата мајка те слуша, ѝ се допаѓа, но кога се враќа дома, повторно го прави истото!

По патот наваму мислев и си велев: Ајде, оди да ги кажеш пак истите работи, пак да кажат: “Колку убаво, оче!” и пак да отидат дома и пак да го прават истото. Беседите се добра работа, но понекогаш си мислам дека ние, проповедниците, кои доаѓаме, изгледа ве зашеметуваме и ве збунуваме, бидејќи еден вели едно, друг друго, слушате различни мислења; но од она што го гледам, секој човек има сопствено мислење, секој е прикован во своите ставови, мајките и татковците продолжуваат така како што се научиле, и ако попот зборува како нам ни е угодно, тој е добар, ако зборува поинаку, велиме: Тој не знае што зборува! Затоа е подобро и ние да бидеме повнимателни. Се прашував што да кажам сега, како да зборувам, да укорам или да погалам. Потоа си реков дека што и да направам, не треба да се обеспокојувам! Животот продолжува, секој дом е различен, секој го има своето семејство, проблеми, свој карактер.  

А едно дете дури и ме праша:

– Што е темата? – Така ме праша едно дете на Фејсбук. Му одговорив:

– “Имам дете во пубертет”. – Тоа ми рече:

– Да ти кажам ли како требаше да ја насловиш?

– Како?

– Имам родители во пубертет!

– Зошто го велиш тоа?

– Бидејќи не сме само ние во пубертет, туку и нашите родители. Моите родители се во поголем пубертет од мене со нивното однесување, размислување, инаетење, лични и душевни проблеми.

И вие, родителите, сега одите да им помогнете на вистинските деца во пубертет! Пубертетот е период кој започнува во средно училиште, иако во Грција (и на Балканот –заб.прев.) се однесуваме како деца во пубертет до старост, т.е. мајката го смета синот за дете додека тој наполни 60 години. Синот на 60 години, мајката е 80, и му вели: “Исчешлај се, дете мое! Среди се малку!“ 60-годишен син, а неговата мајка го смета за детенце. Не може да го надмине тоа. Ова прашање во Европа, во Америка, во странство, во голема мера е решено од гледна точка на независноста. Да ​​имам дете во пубертет значи дека детето се подготвува да ги отвори своите крилја, да полета и родителите се помириле дека ќе останат сами: Ќе останам со жена ми, ќе одиме на скијање, ќе пиеме чај, ќе гледаме телевизија, ќе го палиме каминот.

Кај нас, сепак, кога детето ни влезе во пубертет, почнуваме нови планови за негово покорување – детето сега треба да ми припаѓа уште повеќе, треба да видам што ќе прави со куќата што му ја изградив, како да го опколам со повеќе внимание, треба да го контролирам, да не би случајно да отиде далеку, да не земе некоја девојка која не ја одобрувам. Воопшто, родителите сакаат постојано да контролираат, да управуваат, да чувствуваат дека тие се господарот дома, каде што зборот им станува дело: Реков и пресеков и така треба да биде! Дури ни на ум не ни минува дека тоа наше однесување кон децата е одраз и на нашите сопствени проблеми. Нашите проблеми сеуште не се решени, но точно врз нашите деца избувнува целата наша – како се вели научно – психопатологија, т.е. нашите душевни проблеми ги истураме врз детето.

Завчера читав дека најнесоодветни луѓе да одгледуваат деца се родителите, затоа што се млади. Не разбирајте го погрешно, не е напишано од злоба, туку објаснува дека да можеш да создадеш дете и да го родиш не значи дека можеш и да го одгледаш правилно. Се разбира, така е во животот. Бидејќи зрелиот има мудрост, искуство, сталоженост, рамнотежа во душата, а младиот човек не може да размислува така. Младиот родител, чиешто дете постепено расте, прави толку многу грешки, бидејќи претходно не нашол во себеси што точно сака, без самиот тој да го проживеал својот пубертет целосно.

И знаеш ли зошто сме такви со нашите деца? Бидејќи како мали деца бевме “добри” деца. Овде се ставам и себеси, за да не ме гледате како противник – сите правиме грешки, исто така и свештеникот. И тој не е подготвен да исповеда со самото тоа што е ракоположен. Ако јас сум станал свештеник на 25 години, а на 30 години исповедник, зарем можам да ги исповедам луѓето правилно? Не зборувам за благодатта на Таинството што ја имаш дури и на 20 години да си ракоположен за свештеник, туку мислам на тоа да дадеш совет. Каков совет можам да ѝ дадам на една 50 годишна госпоѓа? Ќе направам грешки, бидејќи не сум се испекол во животот, не сум бил испитан, не сум искусил болка, не сум плачел.

Ние сме збунети во нашиот однос со младите, бидејќи кога ние бевме млади, бевме многу добри деца. Тоа не е баш природно. На наше разочарување. Бидејќи не е можно да се биде млад, а да не се биде малку бурен. Некои ми велат:

– Имам многу добро дете! Тоа е толку мирно!

– Колку години има?

– 18 години.

– И што прави? Малку врева, малку бунт, малку анти?

– Ништо.

– Ох, – велам. – Света Богородице!

На 30 години тоа ќе избие. Но, на 30 години тој веќе се оженил, а потоа го истура врз децата. Бидејќи природно е кога човекот расте, да минува низ противење, нервози, желби, бидејќи тие работи постојат во нас и се во нашата природа. Во одреден момент тие мора да се пројават. Јас не реков да се пројават и изразат на бесрамен начин, но не може воопшто да ги немаш во животот. Ние, меѓутоа, сме многу добри деца во нашиот младински живот, но резултатот е, кога ќе се ожениме и создадеме наши деца, нашиот пубертет и раздразнителност избиваат и децата плаќаат за тоа. Да му помогнам на своето дете, да се зафатам со него, да го спасам! Да му зборувам каде ќе оди, како ќе се облече, со кого ќе разговара, да му го проверувам телефонот, неговите пораки, ако му ги знам лозинки и сум ги зел од неговиот брат или сестра, кој скришно ми ги кажа и илјадници трикови за да не ја почитувам слободата на детето и да не го изгаснам мојот страв. Се плашиме, мислејќи дека ако јас го земам во свои раце животот на другиот, ќе го спасам.

Христос знаел што зборува кога рекол дека никој не треба да нарекуваме татко или мајка на земјата. Јас сум. Еден е вашиот Отец. Многумина од нас велат: Без мене, детето загинува! Ако јас не сум до него, тоа ќе загине! Тоа е грешка. Без разлика дали си до твоето дете, тоа ќе порасне душевно и телесно. Исто како што кога ќе ставиш домат во земјата и го поливаш, ќе порасне и ќе стане домат, а не лубеница, така и твоето дете ќе го најде својот пат. Не е потребно постојано да висиш над него. Тоа самото ќе го најде својот пат. Тоа не е само, туку го има својот Ангел-чувар, светото Крштение, светото Миро, светата Причест, светите Таинства. Заклучок? Ние на дело не веруваме во ништо од тоа. Затоа што, ако веруваме, ќе спиевме многу поспокојно, со доверба во Бога за нашето дете. Ние немаме некој лош човек до нас, туку едно дете, кое сака да се пронајде себеси и се бори со себе, со својата душа, со своите хормони, со своето тело, со својата околина и наместо околу себе да најде благопријатна средина за развој, наоѓа една рака, која укажува, казнува, вриска; воопшто, средина која врши притисок врз него. Што ќе постигнеме? Многу едноставно. Ги губиме нашите деца. Едноставно е. Децата не се занимаваат со своите родители, не комуницираат, постојано се кријат, колку поумешни станувате за да ги откриете сите нивни работи, тие толку поумешни стануваат да ги скријат и да не ви ги кажуваат своите тајни. Бидејќи начинот на кој го правите тоа не е добар.

Еден човек отишол да го види старец Пајсиј. Тој бил студент и ќе учел во САД, се занимавал со рок музика, современи трендови во музиката и така натаму. Тој отишол да го чуе мислењето на старецот и го прашал:

– Оче, одам во САД. Што велиш, да одам ли?

– Зошто да не одиш?

– Таму има светски, грешен живот, многу луѓе, врева, сообраќај, разни теории, девојки, момци, свет, ќе се отклонам! А и со рок музика се занимавам. Зарем овие работи не се опасни?

– Слушај, бре, дете! Јас не знам за рок и х-рок. Јас го знам ова: Го сакаш ли Христос? Оди насекаде и од ништо нема да пострадаш! Не Го ли сакаш Христос? Каде и да си, и тука да останеш, ќе бидеш во опасност.

– Значи, оче, ми дозволуваш и покрај тоа што слушам рок?

– Ти реков: не знам за рок и х-рок.

Тајната е да го научиш твоето дете да го сака Христос и она, што си му го дал, да го прифати во себе, да го доживее, да го живее, а не да му наметнуваш и постојано да го следиш. Синот ти отишол да учи во Лондон и мама од Атина се јавува за да види дали си сварил јајце. Си го свари ли јајцето? И детето без проблем кажува една лага: Да, како што ми кажа!, но тоа, всушност, си порачало храна, зашто си вели: Кој ќе се занимава со неа сега!, т.е. тој не те гледа сериозно, затоа што не може да те зема сериозно – на 22-годишен маж да му велиш да си свари јајце!

Сè што сега велам, знаете накаде води. Малку по малку темата оди некаде, затоа што гледате дека темата за децата не ги засега самите деца. Да имам дете во пубертет значи реално она, што го рече тоа дете на почетокот – дека имам родители во пубертет. Темата е за родителите: дали тие се ОК помеѓу себе? Кога сакам да разговарам со родителите за децата, зборувам за самите родители и им велам: најдобрата помош за вашето дете е вие да биде среќен пар. Сè друго се само зборови, колку да кажеме нешто. Дали се согласувате? Среќен пар значи 24 часа деноноќно да им дава на своите деца жив пример за тоа што е среќна семејна врска и семејна топлина, т.е. не проповед, туку живот и доживување. Не е потребно да го кажуваш, тоа те гледа.

Старец Пајсиј вели дека неговата мајка ги научила да се молат без никогаш да им рече да се помолат! Таа постојано се молеше и ја гледавме. Миеше садови и се молеше. Готвеше и се молеше. Зарем е потребно таа жена да ти каже: Чедо мое, помоли се! Вие им велите на децата да читаат, држејќи го далечинскиот управувач за телевизор во рака. Ги менувате каналите и велите читај, бре, дете мое! Читај! И во исто време му велиш на сопругот: Пушти го другиот канал, филмот почнува! Дома имаме многу аршини – половината живеат во нивниот опуштен, убав свет, а во исто време сакаш да го ставиш детето во друг систем на живот. Ти се караш и се колиш со маж ти или жена ти, и сакаш децата да ти бидат како овчички. Не бива, тоа е болест. Тоа е дефиниција за шизофренијата во која сите живееме. Јас не се исклучувам себеси, бидејќи сите страдаме. Од суштинско значење е да си го признаеме тоа и да престанеме да велиме: Детето е виновно!, а да речеме дека, на крајот од краиштата јас не постапувам добро! Некаде и јас не постапувам добро.

Зoшто децата постојано кажуваат за своите родители дека не можат да ги истрпат? Не можам! Не ги поднесувам! Таква мајка и таков татко! Едно девојче плачеше во лицејот и ми рече:

– Не можам да издржам, оче! Мајка ми е црковен човек, но начинот на кој таа живее не е утешителен ни за неа, ни за нас. Бидејќи, Христос рекол да се научиме од Него, затоа што Тој е кроток и смирен по срце. И на друго место – дојдете да Ве утешам. Јас не гледам таков мир дома, туку само викотници, хистерија, нервози и едно однесување – тоа го рече зборот – каприциозно. Едно вели наутро, друго напладне, трето навечер. Наутро има нервози, секој ѝ е виновен, мора да испие 50 кафиња и да испуши пет цигари за да се соземе, потоа ми зборува поблаго, напладне е ем така – ем вака, навечер ме милува и ми подготвува слатки работи, а наутро сè се повторува. Тоа однесување ме умори. Не знам што се случува. Напротив, татко ми не оди многу често во црква, но тој е нормален човек. Односно кога му кажавме за една сиромашна соученичка на училиште, тој извади 50 евра и ми даде да ѝ ги дадам.

Потоа тоа се сврте и ми рече нешто, што нејзината мајка би требало самата да го разбере, но сèуште не го разбрала, ниту ќе го разбере. Затоа на почетокот ви реков дека е тешко да се разбудиш. Девојчето ми рече:

– Оче, мајка ми, што е можно побрзо, треба да оди на лекар! – таа не мислеше на ортопед. Јас ѝ реков:

– Зошто го велиш тоа?

– Па, бидејќи проблемот не се решава така! Не може така да се однесува дома.

Дозволете ми да ви кажам од моето мало искуство во училиште со деца и со многумина сопрузи, со кои разговарам – јас не сум им помогнал, но слушам што ми велат. Сум видел исклучително многу проблеми, за кои е потребна помош, и помош не само од свештеник, туку и од училиште за родители, од некој психолог, со кого ќе зборуваш, некој лекар, кого ќе го посетиш, за да разбереш зошто се однесуваш така со детето, што се случува, та се добива таква врева дома.

Сега ве разочарувам, бидејќи велите: Добро, толку време зборуваш, нема ли на крај да ни кажеш како треба да се поправат нашите деца? Ние затоа дојдовме тука, за да слушнеме како ќе се случи тоа, а ти зборуваш дека… Да, но прашањето не се децата. Што да му кажам на едно 15 годишно дете? Веднаш штом ќе почнам да му кажувам и ќе прочепкам по неговиот живот, тоа ми дава таков одговор, со кој те здрвува. Го прашувам зошто не е добро дете и.т.н., а тоа ми одговара:

– Зошто не ѝ го кажете тоа на мајка ми, која веќе 5 дена не разговара со татко ми и се мурти? Зарем јас сум им виновен, заради тоа што не одам на црква? Тие не зборуваат меѓу себе дома веќе пет дена. – Се јавувам на мажот и го прашувам:

– Зошто се однесуваш така со жена ти?

– Јас ли? Одам да ја допрам, а таа не сака и мисли дека сум нејзин непријател.

Имам дете во пубертет. Потребна е огромно трпение додека го одгледате детето и додека вие го имате, но треба тоа да го направите правилно. Тоа е прашањето. Пет дена не ми зборува, не ми дава да ја допрам, постојано го става Бога напред, за да оправда некакви нејзини проблеми, сака да живееме дома како да сме на Света Гора, постојано кажува колку е прекрасен тој подвижник! Колку е убав тој начин на живот! Да, но ние не ги читаме подвижниците за да живееме со нашите деца и со нашиот сопруг како да сме подвижници, бидејќи живееме во Атина. Така детето ја прима пораката дека ‘моите родители не се сакаат, не се среќни, соединети, вљубени’. Тогаш свештеникот што да прави? Црквата што да прави? Бог што да прави, откако Бог те поставил да бидеш Негов образец за детето дома? Односно, првиот татко што детето го знае не е Отецот (Таткото) од молитвата Оче наш, туку си ти. Првиот татко за него е таткото и мајката со кои живее. Ако тоа те засака тебе, и Бога ќе го засака. Јас ќе му кажам дека Бог е добар, бидејќи тој е наш Татко (Отец), и веднаш ќе го чуе зборот ‘татко’ и неговото срце ќе помисли на неговиот дом. И сега ти му кажуваш за татко му и тоа се сепнува. Вака му реков на едно дете:

– Бог те сака како татко!

– А, добро, го познавате ли татко ми? Немојте да правите споредба!

Следствено, ние ја расипуваме претставата во децата за она што е таткото, што е мајката, што е Бог, а потоа Бог тука ништо не може да стори.

Јас не сум видел лош човек или лош родител. Вие сте многу добри луѓе, но имате вина, затоа што живееме во време во кое можете да научите многу работи. Вашите родители се виновни спрема вас, но не можам да одам сега во селото за да ја земам бабата, која одамна починала, и да ѝ кажам зошто така ја воспитала ќерка си или сина си! Тие немале ниту вишо образование, ниту пак учеле, па така знаеле, така и правеле. Но, вие – знаете.

Многу ценам еден брачен пар, кои вчера ми рекоа: Оче, видовме дека, на крајот од краиштата, не можеш само ти да ни помогнеш и затоа се  јавивме кај еден брачен советник, за да отидеме да позборуваме како сопружници како да ни помогне да го сочуваме нашиот брак и детето. Бидејќи нешто во тој дом не оди добро. Друга девојка, која се подготвува да се омажи, го фатила својот вереник и му рекла дека ‘оваа приказна нема да продолжи вака, да се караме на секои три дена. Треба да видиме како ќе продолжи нашиот живот’. Она што ние не го правиме, т.е. вашата генерација. Вие сега велите: половина од нашиот живот помина… Ајде… нека оди цел! Не е така. Ги ценам оние луѓе, кои одат на специјалисти, читаат книги, заинтересирани се, отвораат интернет, бараат и читаат совети. Што, ќе рече, примам совети? Ќе рече – докторе, кажи ми што да променам? Јас не видов некоја мајка да дојде и да ми каже: Оче, поправи ме!, туку постојано велат кажи му на син ми! Кажи ѝ на ќерка ми! Кажи му на маж ми! И мажот исто: Кажи ѝ на жена ми! Никој не вели: Кажи ми каде не постапувам добро, да се променам! Затоа не се менуваме.

Ако децата го гледаат тоа дома, ќе имаат многу убав живот. Постојат такви семејства. Постојат среќни семејства, кои не прават ништо посебно, а живеат убаво и прекрасно. Таткото се враќа од работа, ѝ дава топол бакнеж на својата сопруга, таа му одговара, го љуби, вечераат заедно, разговараат. И обратно, додека мажот оди да ја бакне, таа му вели: Мирисаш! Оди подалеку, измиј се, преоблечи се! Погледни каков си! Постојано ропот, ропот, ропот и пораката што ја давате на вашето дете е дека животот е постојано жалење и незадоволство, дека нема среќа во овој свет.

Знаете ли дека многу млади луѓе не сакаат да стапат во брак токму поради оваа причина? Зошто да стапам во брак? – ти велат. Моите родители стапија во брак, и што видов од нив, за и јас тоа да го посакам? Зошто да стапам во брак? Да правам што? Целта на човекот – вели родителот и почнува да зборува. Остави ги тие работи, вели момчето на својата мајка. Покажи ми ги! Она што го велиш, покажи ми го во нашиот дом! Во последните пет години, вие секои три месеци барате адвокат за развод! И сега ми велиш да создадам убаво семејство? Вие  зошто постојано зборувате за развод во овој дом? Детето постојано слуша кавги, караници, таткото спие во дневната соба, мајката во спалната соба, едниот има сопствена каса, и другиот исто.

Оче, мојот син не оди на црква! Што да прави во црква? Ако оди, повеќе ќе ти се спротивставува, ако дознае какви се работи, уште повеќе ќе се нервира. Затоа децата го прават она што можат. За среќа, Бог постои, ги просветлува и им помага. Но, детето прави грешки. И што се случува, кога ќе направи грешка? А вие што сакате, да не прави грешки? Кое дете сакаш да го одгледаш како ангел? Никогаш да не направи грешки? И јас правев грешки, и правам, и ќе правам; не се радувам, но тоа е животот. Некој ми рече: подобро да правиш грешки, отколку да седиш и безработно да не правиш ништо. Правењето грешки значи дека се обидувам и паѓам во неуспех. Не сум во застој. Само мртвите не прават грешки, кај нив што се случило, се случило. Ние се обидуваме и вложуваме напори.

Ама мојот син се вмешал некаде, пуши, зема дрога – дури и преку тоа Бог може да го најде. Бидејќи причината, поради кој тој зема опојни материи, е тоа што ти не си го напоила со твојата љубов. Зошто доаѓаш и плачеш? И мене да ме разнежиш. Реалноста е следната, драга госпоѓо, којашто плачеш, и господине, –  кажувам нешто споредно – постојат и свети родители, чии деца, покрај тоа, се замешале во нешто. Добро? Тоа е слободата на секоја личност, но има родители кои со својот начин му покажале на своето дете дека ‘тука од мене љубов нема да видиш’! Затоа детето го побарало тоа на некое друго место, и бидејќи во мајка си не ја нашол градата што ќе го храни и неговата душа да се насити со љубов, тоа го нашло шишето, т.е. наместо града, го нашло шишето и пие и се опива. Младите деца се опиваат. Зошто? Тие се досадуваат дома. Затоа се заплеткуваат во разни нешта. Меѓутоа, Христовото слегување во адот ни покажува дека каде и да пропаднеш, и во најлошиот мрак да слезе младиот човек, Христос и таму ќе оди да му помогне.

Зошто преподобниот старец Порфириј ги привлекувал младите кон себе? Зошто? Бидејќи тој не се фаќал за моторите, искинатите панталони, обетките, тој не го коментирал тоа, туку одел во душата; а ние: не, не бива, треба да му кажете, оче, да не го прави тоа! Си ја исфарбал косата! Зарем не е подобро да ја видиш причината, којашто води до тоа однесување? Да влеземе во длабочините на неговото срце, да се успокои неговата душа и после тоа да нема потреба ниту да си ја кине облеката на партали, ниту да си става обетки на носот, ниту да прави чудни фризури. Но, ние тргнуваме по обратниот пат. Другиот кашла и ние му велиме да не кашла! Да, но кашлицата покажува дека има вирус, затоа види му ги белите дробови, за да дознаеш зошто кашла. Ти велиш – не сакам да слушам кашлица! Односно, ние постојано ги гледаме симптомите, но никогаш коренот на проблемот, т.е. зошто тоа дете стигнало до таму? Дали разбирате?

258042.p

Ако размислиш за овие работи и ги побараш, ќе најдеш многу убави вистини, каде првично ќе плачеш, зашто гледаш дека имаш одговорност, но кога тие работи ќе се решат, живот ти станува толку слободен и среќен, така што сѐ оди многу добро. Но, кога овие работи не се решаваат и постојано се прикриваат, состојбата, како што рековме, се овековечува. Детето ќе го пренесе тоа врз својот сопствен дом, врз внуците и.т.н. Ако не го најдеме коренот на проблемите што го нарушуваат нашиот добар однос, ништо нема да се промени.

Им завидувам на брачните парови, кои создале семејство, поради можноста што Бог им ја дава да доживеат многу убави моменти во домот, квалитетни моменти, а не лицемерни и псевдо-добри. Но, тие мора да ја побараат причината, да разберат што се случува, зошто така се случува, зошто не комуницираме. Само тогаш заслужуваш да имаш семејство, да имаш дете, да стане тинејџер, да стане бунтовен итн., бидејќи тоа ќе го најде својот пат, ќе се врати како што блудниот син се вратил. А тој зошто се вратил? Зашто, каде и да одел, во своето срце го носел печатот на љубовта, имено, дека ‘татко ми некогаш ме возљуби’!

Ти велат: зошто, оче, јас не си го сакам ли моето дете? Го сакаш, но понекогаш ги имаш твоите бубачки, сакаш да ти угоди, за ти да бидеш спокоен. Го сакаш, но му велиш бре, магаре! Сега што ќе кажам на соседите, откако не те примија на факултет? За резил ме направи! Но, тоа го рече. Го сакаш детето, но го похули и кажа тешки зборови. Следствено, зарем ќе речеш си го сакам детето? И кога му удри шамар завчера, не го направи од љубов, како предниот пат – од болка, туку зашто насобра нервози преку цеиот ден и – детето направило грешка на тестот, на тебе ти се насобрало и изеди еден шамар и крај! Детето разбра дека неговите родители имаат свои проблеми и со нив го товарат и него. И што си вели? Нема ли да пораснам, нема ли да наполнам 18 години? Нема ли да избегам? Ќе видиш! Тогаш ќе си го живеам мојот живот! Односно, наместо да ги намалиме растојанијата во нашите души, ние успеваме да отвориме бездна меѓу нас со начинот на којшто се однесуваме.

 

18.01.2018 год.

Извор: Родители в пубертет – Архм. Андрей Конанос

Преземено од: https://maranata0.wordpress.com/2017/12/01/%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%83%d0%b1%d0%b5%d1%80%d1%82%d0%b5%d1%82-%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%80%d0%b8%d1%82-%d0%b0%d0%bd%d0%b4/

 

Друго:

. архим. Андреј (Конанос): Големо нешто е да го живееш животот коj ти се допаѓа

 

 



krusevoexport

Видео содржини

Андреј Рубљов. „Троица“ – ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Најава за канонизацијата на свети Јоаникиј Ракотински

Load More

Духовност

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 3

Фев 17, 2018 Полезно и Потребно 5494
sv.efrem.sirin2.jpg
СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи,…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2018)

  Свети Партениј, епископ Лампсакиски Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.02.2018)

Свети Фотиј, патријарх Цариградски     Голем светилник на Црквата. Роднина на царот и внук на славниот патријарх Тарасиј. Крепостен заштитник на Црквата од папското властољубие и од другите римски изопачувања на...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.02.2018)

   Светата маченичка Агатија Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните Света...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.02.2018)

Преподобен Исидор Пелусиот Родум Мисирец; син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги проучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.02.2018)

Свети Симеон Богопримец Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.02.2018)

Сретение Господово Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.02.2018)

  Светиот маченик Трифун Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.02.2018)

  Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.02.2018)

      Тројцата Свети архиереи Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој заеднички празник е востановен...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.02.2018)

  Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј Главното празнување на Св. Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.02.2018)

  Преподобен Ефрем Сирин Роден е во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.02.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.02.2018)

    Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст     09/02/Лето Господово Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари. А...

« »

Полезно и потребно

Великиот Пост – чин на љубов

Великиот Пост – чин на љубов

Утрешниот ден, понеделник, го означува почетокот на Великиот пост во Православната Црква [литургиски, понеделникот – а со тоа и постот започнува на Вечерната претходниот ден, Прочка, односно Неделата на изгонувањето...

За простувањето (18.02.2018)

За простувањето (18.02.2018)

„Злобното паметење е крајна граница на гневот. Тоа е паметење на гревовите на нашите ближни против нас, отстапување од правилото, кое ни го постави Бог: простете – за да ви...

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм  11

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм  11.  Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи, помогни ми! Никој не може да ја излекува мојата болест, освен Оној, Кој...

Подготовка за Великиот пост (3)

Подготовка за Великиот пост (3)

Во сирната сабота се совршува споменот на светите мажи и жени, кои засветлиле во подвигот на постот. Со примерот на светите подвижници, Црквата нè засилува за духовен подвиг: „угледувајќи се...

Молитва за избавување од страв

Молитва за избавување од страв

Избави ме, Боже мој, од стравот што го понизува и срами Твоето создание. Те молам да не се плашам од денот, ниту од ноќта, зашто Твој е денот, и Твоја...

Синаксар во саботата месопусна

Синаксар во саботата месопусна

Во овој ден божествените оци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина,...

« »

Наука и Култура

Февруари 09, 2018

Промовирана монографијата за Борко Лазески во МАНУ

Денес (8 февруари 2018 година) во МАНУ, беше промовирана монографијата за Борко Лазески. Со овој настан започна и месецот посветен на Борко Лазески во Националната галерија на Македонија, по кој веќе следната недела (четврток, 15 февруари) е предвидено…

Делегација на БАН во посета на МАНУ

Фев 07, 2018 Друго од култура 88
http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2018/02/1.jpg
НАСТАНИ Во рамките на редовната соработка меѓу Македонската академија на науките и…

Венко Андоновски - Боговите нека нѐ именуваат, кога им дозволуваме

Јан 19, 2018 Ставови 349
„Речник на човековата душа“ e заеднички наслов на новиот серијал колумни на Венко…

Не сакам да сум дел од свет во кој жените не сакаат деца, а будалите веруваат дека се успешни

Дек 31, 2017 Ставови 618
Актерот Кијану Ривс веќе неколкупати објави силни пораки со кои директно погодува во…

Потешкотии во молитвата

Унинието е духовна зачмаеност, а мрзливоста е нешто што се однесува и на душата и на телото. Но најдобро е кога го нема ни едното ни другото. Унинието и мрзливоста понекогаш се лепат и за души кои имаат многу предиспозиции за духовен живот, кои се чувствителни, ревносни.

Ѓаволот не му прави толку зло на рамнодушниот човек, додека, пак, чувствителниот човек, ако поради нешто се нажали, потоа веднаш го обзема униние.

Повеќе...

Беседи

Пред сѐ се викаме Христијани

Пред сѐ се викаме Христијани

Го прославувам мојот именден, се разбира оддавајќи му чест на големиот Божји угодник Свети Партениј Лампсакиски, којшто и го осветил тоа име, така што тоа станало, како и имињата на...

Митрополит Струмички Наум: Простување (17.02.2018)

Митрополит Струмички Наум: Простување (17.02.2018)

Но, како простувањето и барањето прошка да ни стане освестен подвиг, а не само подвиг што го правиме со вера и послушност кон Евангелието? Станува освестен подвиг кога ќе осознаеме...

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Љубовта е во единството

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Љубовта е во единството

Кога ја негуваме соборноста, ние на дело ја исполнуваме Христовата заповед: „Да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 15,12). А само кога сме во љубов...

 Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Да се разбудиме, да станеме и да се вратиме при нашиот Отец небесен

Да се разбудиме, да станеме и да се вратиме при нашиот Отец небесен

Во подготвителната недела пред Великиот пост, неделата на блудниот син, Бигорската обител со бдение и Божествена Литургија го продолжи духовното приближување кон светите денови на посното очистување, подарено на верните...

Митрополит Струмички Наум: Постариот син (07.02.2018)

Митрополит Струмички Наум: Постариот син (07.02.2018)

Еве како реагираат оние што се од ’Стариот Завет‘; оние што мислат дека се на првиот степен – чистење на срцето од страстите, а што не внимаваат на своите страсти...

Митрополит Струмички Наум: Блудниот син (I дел) 03.02.2018

Митрополит Струмички Наум: Блудниот син (I дел) 03.02.2018

Демонот не нè навлекува на злото и гревот одеднаш, туку постепено, затоа што ако од почеток ни ја открие неговата крајна цел, сигурно ќе нè преплаши и ќе нè одврати...

Повикувај се на Божјата милост ако сакаш да се одржиш

Повикувај се на Божјата милост ако сакаш да се одржиш

Да се плашиме, значи, од осудувањето. Оној којшто суди најтешко ќе падне, а оној, пак, кој се смирува, тој не може да падне, оти веќе се чувствува како најдолен и...

о. Горан Стојчевски - Пастирско слово

о. Горан Стојчевски - Пастирско слово

Накратко, зошто болести и страдања токму поради нашите гревови? Ете, од ова признание бега светот и човекот сака да го избегне, плашејќи се, како што сведочи со збор и Самиот...

о. Горан Стојчевски „...БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА.“

о. Горан Стојчевски „...БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА.“

о. Горан Стојчевски„...БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА.“,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата Бoжја сe извршувала и на зeмјата на нeгoвoтo тeлo и на нeбoтo...

Митрополит Струмички Наум - Закхеј (20.01.2018)

Митрополит Струмички Наум - Закхеј (20.01.2018)

Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали...

« »

Најново од духовност

Православен календар

19/02/2018 - понеделник

  св. Вукол, епископ Смиренси;  Светата маченичка Фауста; Светата маченичка Доротеја;

 Велигденски пости (строг пост)
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Добредојде Православие.мк

Св. Тајна Евхаристија, храм св. Георгиј

Последни коментари

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО

Неопходност од повторното соединување со Бога заради спасение. Самиот човек не е во состојба тоа да го направи. Духот Божји го совршува ова во нас заради искупувањето кое го донел Синот Божји. Значи, до кој резултат дојдовте барајќи одговор на прашањето што е потребно за да се врати се во претходниот, првобитен поредок? ..  Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Ефрем Сирин - Великопосна молитва

 

Во текот на Великиот пост се практикува една многу силна молитва од св.Ефрем Сирин позната како Великопосна молитва . Сите богослужби се завршуваат со неа , почнуваќи од Сирната недела само во среда и петок , за време на великата 40-ница од понеделник до петок , сите седмици до празнувањето на Лазаревото воскреснување.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная





Cevitana