логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Големо нешто е да го живееш животот коj ти се допаѓа
АНДРЕЈ КОНАНОС

 



Не барајте веднаш резултати. Живејте го вашиот семеен живот-детето е потоа, вие сте сопружничка двојка, маж и жена, детето е ваше дете, но, тоа не е твој аксесоар или скрин, кој го местиш ваму или таму. Остави си го детето на мир. Занимавај се со твојот сопруг или сопруга. Но, затоа се занимавам со детето, затоа што маж ми не се разбираме, малку сме дистанцирани и целиот интерес ми е насочен  кон детето. Да, но така ќе му ги испиеш сите животни сокови! Остави го да ги отвори крилјата! Ти се потврдуваш преку детето, бидејќи неможеш да кажеш: Јас и мојот маж сме среќни сопрузи! И затоа ги истакнуваш децата и велиш: Го гледаш син ми, тој е втора година на факултет! Цел ден со него се бавам. И за што се фалиш? Дека се занимаваш со него цел ден?
Не знам дали сте мислеле на тоа, што грешката на блудниот син не била во тоа, што го напуштил домот, туку што ја повредил душата на татко си, затоа што не  е ништо толку чудно младиот човек да започне да води самостоен живот. Да не е порнормално да  биде со татко си, додека умре?Да не е тоа природно? Не. Но, треба да го направи тоа, запазувајќи добри односи со татко си, да каже благодарам за тоа, што ми го даде, добив ресурси да го водам мојот живот. Во противен случај тоа се нарекува паразитски живот, живеам како паразит во тебе. Има и среќни родители, чии деца ја задржале својата пресоналност, пат, избор во студиите, во нивните решенија, во сè што сакаат. Го разбирате ли тоа? Големо нешто е син да стане таксист, аптекар, учител по математика, лекар, затоа што самиот го сака тоа.

Eдна 30-40 годишна жена ми кажа: Оче, не го живеев животот, кој го сакав. Јас и реков: Не ја прави истата грешка кон децата. Таа кажа: Оче, го живеев животот на другиот. Го правев тоа, кое родителите го сакаа: да бидам доброто дете. Татко ми сакаше да влезам на философскиот факултет, влегов, сакаше да ја работам таа работа, ја работев, она што го сакаше татако ми, јас го правав! Тогаш, кога сите млади луѓе живееа свој живот, јас го правав она кое што го сакаа мајка ми и татко ми. Тоа ми остана како мака, како желба, зашто не се порадував на мојот живот.
Големо нешто е да го живееш животот, кои ти се допаѓа. Големо нешто е, што дојдов денес тука, затоа што сакав. Ако дојдев без да сакам, претставете си каква беседа ќе искажев? Така станува и со детето. Не го терајте да прави работи кои не ги сака. Нема смисол. Да се причести насила, да отиде в Црква насила, да отиде да се исповеда насила. Некои мајки, го туркаат детето низ вратата на исповедалната: Ела влези, оче ти го доведов! Мајката ја затвара вратата како Ное, кои го изградил ковчегот. То ест влегувајте внатре! Таа си мисли, дека детето е спасено, кога веќе го внела внатре. Спасено е!, но, после тоа, детето излегува и вревата започнува. Каде ме доведе! Не сакав! Ми ги скина нервите! Дете мое, не прави така! Божјата благодата ќе си отиде. Но, кои ти кажа дека дошла, па да си оди? Онака, како што ги направи нештата...

Уште многу пат треба да изврвиме и незнам дали ќе испревариме во овој живот да ги разбереме правилно нештата. Кога ќе разбереме?
 Вие доаѓате на предавања и после тоа велите-треба сето ова да му го кажам на маж ми! Да се поправи! Треба да го чуе ова! Уште не разбрал! Ви велам на сите вас, дека прашњето не е едниот да му го каже тоа на другиот, туку јас да си го кажам на себеси, вие на себе си и никој на другиот. Мнозина се прават учители. Христос знаел што зборува, кога рекол: Не станувајте учители. Не се правете умни, нема ти да кажеш што да прави другиот. Ти си ти и затоа остави го другиот. Сега ќе си одиш дома, да те види маж ти, жена ти, дека си нормален, природен, балансиран човек и така и детето ќе ја види вашата среќа. Ќе види, дека приготвуваш на мажо ти една шницла за вечера. Но, сега се пости, оче! Да не заборави? Не не сум заборавил, памтам. Големи пости се, но, маж ти не сака да јаде леќа. Кога ставаш леќа, во домот настанува бркотија. Разбирате ли? Што е поважно? Да се разруши семејството, за да кажеме ура! Постевме! Или да го задржиме домот, имајќи расудливост? Детето всушност ќе види, дека мајка му јадела леќа и го сака татко му, кој јадел месо, ќе види дека мајка му го сака татко му, затоа што постот го смекнал нејзиното срце. А пак ние низ постите, стануваме помрачни, мрзоволни, пост со строги физиономии, со слични изрази и сето тоа се смета за духовност.

Имам дете во пубертет. Ако си духовен човек во Христос, детето ќе го види, ќе му се допаде и ќе си каже колку е убаво! И јас сакам да бидам како моите родители. Тоа ми го кажа едно дете, млад човек, кој ќе се жени скоро. Тој ми кажа: Оче, се радувам за татко ми! Не сум го слушал ова често. А зошто, дете мое? Што прави тој? Тој е убав човек. Што имаш предвид? Кога дома имаме некоја тешкотија, го гледам и црпам сили од него. Неговите очи ми кажуваат да не се плашам. Дека ќе успеам! Исто како и на мајка  ми. Кога имаме тешкотија дома, таа е ладнокрвна, се бори, ја гледам, дека сака да заплаче, но, се бори и двајцата се соединети. Затоа таа младеж сега ќе се ожени. Знаете ли на колку години е ?На 22. Тој е многу среќен. Зошто ли? Затоа што ја почувствувал среќата дома. Тоа што го жвиееш, сакаш да го повториш. Тоа, кое не го живееш го отстрануваш далеку. Затоа не велете: Детето! Детето! Имам лошо дете.

Нашиот однос кон децата има огромно значење. Вие сте многу добри луѓе, но, начинот, според кој се однесувате кон децата, не е најсоодветен. Мајката сака да ја види својата 15-годишна ќерка како 100% домаќинка. Но, не бидува. 15-16-17 годишно девојче ќе си ја живее својата лудост. Ама оче-вели-не знае да готви! Ништо не знае! Се буди доцна. Кога не оди на училиште, спие постојано. Музика, компјутер, фејсбук, по 100 часа на ден, ништо не прави! Како ќе создаде свој дом? Една таква девојка создаде дом. Старецот Паисиј и кажал на мајка ѝ: Бре, дете мое, успокој се! Не брзај! И денес ја садиш лозовата прачка и утре сакаш вино да пиеш. Не бидува така, туку ќе чекаш. Нужно е време. Таа се омажи за човек кого го засака и веднаш штом роди дете, се промени наполно, а мајка ѝ ја беше запечатила: Мојата ќерка неможе да се промени! Имам мрзлива ќерка, за која нема напредок! Стој, дете мое, поверувај малку во промената на твојот човек. Види го во молитвата. Што ќе рече молитвата?

Ќе рече ти посакувм нешто, т.е. верувам во тебе, дека тоа што го посакувам, коешто излегува од мене, е добро нешто, следствено,  мислам нешто добро за тебе. Тоа значи се молам за тебе-те гледам во доброто, во светлината, во промената. А ние велиме: Крај! Не се менува! Маж ми е тој и тој. Воопшто неможе да се промени. Но, стануваат промени и тоа сериозни промени. Затоа, светителите кажуваат дека молитвата треба да се извршува на тој начин. Незнам колку часа денес се помоливте-интересно ми е некој да каже колку часа се молеше за детето. Јас имам впечаток, дека повеќето луѓе се молат многу малку. Во истото време сакаме да видиме големи резултати во животот. Сакаме чудо со молитва, која не трае дури ни 5 минути! Е па, госпоѓо, што сакаш, т.е. извини, колку време се молеше? Вие оче, вие! Т.е. ми ласка за да се избави од топката, да ми ја префрли, но, прашањето е колку ти се помоли, која си мајка на детето? Оче, ако вие се помолите, ќе стане нешто! А госпоѓата, не прави нешто, а само гледа телевизија и затоа велам: ако ништо друго, барем во паузите по телевизијата кои траат 5 минути, намалете го звукот и помолете се, зашто кога ѝ кажав на една госпоѓа да не гледа телевизија, а таа: Аа-а-а, неможам! Не можам да запрам! Постојано гледам! Во истото време синот ѝ имаше проблем, кои и носеше неспокојство. Но, не сакаше да се помоли, затоа што тогаш сериите ѝ беа поважни.

 Во  краен случај, животот ни го дава она, кое го заслужуваме. Неправда не постои. Она кое го заслужуваме, си го добиваме и не треба да се жалиме. Бог знае што прави. Нашите жалби се детски работи. Знак за зрелост кај човекот е кога тој престанува да се жали. Ако се жалиш тогаш наликуваш на дете во пубертет. Ние остаруваме и не запираме да се жалиме, како деца сме. Да ама на мене не ми направи којзнае што! Да, ама Бог мене не ме сака!
За да го разбереш сето тоа, што го зборувам и да го покажеш на детето, важно е да го почувствуваш прво во тебе, дека си обично Божјо дете и во тоа е тајната. Ако не почувствуваш, дека си бил возљубен-верувам, дека Господ при Второто Пришествие ќе нѐ праша само едно нешто, како што кажува херојот на еден филм-дете мое, дали поверува дека многу силно те возљубив? Ако го поверуваш тоа, ќе се успокоиш. После тоа нема да ти биде виновна ни жена ти, ниту, мажот ти, ниту соседот, ниту детето, ниту ништо. Во нашата душа има празнина, рана, но, затоа што не се исполнуваме со божествена љубов, затоа сѐ и сешто нѝ е виновно. Затоа, кога ќе отидеш кај свети луѓе, затоа што тие се исполенти со духовна среќа од Бог, забораваш за што си отишол. На многу луѓе им се случувало тоа. Ќе отидат со куп недоумици. Веднаш штом отидат таму и ја видат љубовта, која старецот ја пројавува кон нив, велат: Оче, имав многу работи, но ги заборавив!

Бидејќи, кога ќе почувствуваш љубов, недоумиците се решаваат, празнотиите и проблемите исчезнуваат, детенцето ти е добро, како на Рождество Христово кога поставуват врз елката некаков златест прав, кој прави сѐ да биде уште поубаво, така и за тебе сите луѓе се убави. Ја гледаш жена си и велиш, дека е добра! Како и мажот си-прави ронки? Добар е! Ама, како е добар кога завчера ги кажуваше најлошите нешта за него! Се променив! Нешто во мене променив и тоа ме тера да го гледам на друг начин. Тоа нешто е тоа, кое во определени моменти го чувствуваме на света Литургија, една-две минути, во кои кажуваме; Сега ги прегрнав сите луѓе! Дури и свекрва ми! Доведете ја! Доведете ги сите! Ги прегрнувам сите! Кога ќе исчезне тоа чувство, тогаш ни самиот себе не се поднесуваш и си велиш, дека никого не сакаш. Една жена го кажала тоа на својот маж. Не те сакам! Проблемот е што не сакам никого, остави ме на мир, неможам да те засакам. Тој и рекол: Што ти направив! Ништо. Јас дури незнам што ми е. Ајде најди го крајот! Таа е мајка и му вели на мажот си : Не знам дали те сакам, не знам што ми е, незнам што сакам! Децата го слушаат тоа и се обидуваат да разберат каков е тој живот, кој го живееме? Каков тој свет без љубов, во кој живееме?...
 
Подготви: М.Б.

22.07.2015

Друго:

Архимандрит Андреј (Конанос): ЗАДУШУВАЧКАТА РОДИТЕЛСКА ЉУБОВ

архим. Андреј (Конанос): Живот без стрес

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1455
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 917
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1175
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

Беседи

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Недела на слепиот

Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со...

Стефчо Беќарски:✥  ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

Стефчо Беќарски:✥ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН ✥

 Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива...

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

БEСEДА за свeтитe Бoжји луѓe

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

Митрополит Европски Пимен: “Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така?“

“Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или Сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да...

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

« »