логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Нашата цел е Царството Божјо. Затоа треба да најдеш сила да ѝ простиш на својата жена ако погрешила, да ја прифатиш и поткрепиш, дури и ако паднала. Тука те сакам, но дали си вистински јунак и капетан, ќе се покаже во бурата. Лесно е да колеш и бесиш. Коли и беси – што е полесно од тоа? Но, во бурата ќе се види каков си, дали во тој час можеш да бидеш силен и да го поткрепиш другиот човек. Ова е толку чувствителен момент. Но кој го прави? Оној, кој разбрал дека целта на нашиот живот не е жена ми, маж ми, детето, или самите ние – да, другиот е нешто значајно во нашиот живот, но не е крајната цел; ако ги претвориме овие работи во цел на нашиот живот, тогаш бездруго ќе се појават пукнатини. Како кога градиш зграда во сеизмичка зона – во одреден момент таа ќе се распука. Дури и ништо да не се случи, ќе дојде часот на смртта, кој ќе ги побие сите твои очекувања и твоето сопствено јас. Христос ја победи смртта и така го избави човекот, зашто му даде надеж за бесмртност. Он ни ги решил проблемите, ни го решил проблемот над проблемите, којшто е самиот човек. Тој го решил и го вратил човекот на местото кое му припаѓа, а кога тој ќе го најде тоа место, тогаш сите останати работи ја добиваат својата точна димензија. Тогаш, што и да се случи, тој стои над настаните и има сила да гледа на нив правилно. Така тој ги поднесува своите тешкотии, неуспеси, искушенија, отфрлања, каде неговото јас бива одбиено и има сила да издржи. Во спротивно потонува во разочарување и очај и се случуваат две работи: од една страна или ќе прибегне кон егоизам и гордост, каде ќе се принудува сам да си ласка на себе си и да посакува да му се ласка, за да си потврди себе си дека е нешто; или ќе западне во очај. Тоа се двете крајности. Човекот кој ги апсолутизирал релативните работи од овој свет, не може да има рамнотежа. Тоа е трагедијата на современиот човек. Особено на младите луѓе кои апсолутизираат  ништожни работи. Ти му велиш: „Што е тоа, дете мое? Ама, ти си добил заповед да станеш бог, да влезеш во Царството Божјо, а сега седиш и се вознемируваш, се задушуваш затоа што нешто не се случило како ти што си сакал. Разбери дека ти само патуваш низ овој свет, твојот живот е на друго место, ти си повикан во Царството Божјо, каде Бог те привел“.

    За сето ова, Ти благодариме Тебе и на Твојот Единороден Син и на Твојот Свет Дух, за сите знајни и незнајни, јавени и нејавени добродетелства, што ни се направени.

Благодариме за сите добрини што ги знаеме и не ги знаеме. Кој може да каже дека ги знае Божјите добрини? Никој. Детето не ја осознава жртвата на своите родители, каков труд вложуваат секој ден, за да го израснат и од колку работи го заштитуваат. Детето не разбира. И ние, кога бевме деца, ѝ велевме на мајка си: „Што правиш по цел ден? Цел ден си дома!“ Е, велиш така, затоа што не знаеш дека дури и мајчинското присуство му помага многу на детето. Во своето секојдневие мајката минува низ многу грижи, таги и напор, за да може да му даде нешто на своето дете. Кој може да опише, а и ние самите знаеме ли какви грижи имале нашите родители од моментот на нашето раѓање досега? Низ што минувал секој еден родител? Детето не може да го знае тоа. И ние не можеме да ги знаеме Божјите добрини, затоа што се толку безмерни, недобројни, умнонедостижни. Погледнете го човечкиот организам, клетките, начинот на кој функционираат – ако имаше начин да видиме како функционира нашето тело, таа огромна машина, ако видевме од најмалата клетка до последниот член на своето тело, какви сѐ не процеси се извршуваат во него, сите хормони, течности, реакции, сето тоа што се случува за да можеме да постоиме. И за сето тоа Бог се грижи. Но не само тоа. Погледнете ја природата, созданието, помислете дека Бог го одржува целото создание, до последниот микроб, до последниот црв, му дава живот и го создал со недостижен ум и мудрост. Некаде читав дека напишале огромна книга за една мува, како функционира мувата, нејзините крила, нејзините очи и си велиш: „Што е една мува, ја фаќаш, ја удираш и со неа е завршено“. Да ја убиеш мувата е лесно! Но да создадеш мува е тешко! Дури и една мува не можеме да создадеме! Сепак, таа мува, комарец, сè друго е создадено со огромната мудрост од Бога. Но, кога умот на човекот го разбира тоа? Кога ќе влезе во таа евхаристиска состојба, којашто Светата Литургија ја развива во нас. Ако човек не се научи на ова, тогаш тој за ништо не Му благодари на Бога.

    За сè Ти благодариме Тебе.

Ти благодариме за сè! Што повеќе може да Му каже човек на Бога? Ништо повеќе не можеме да кажеме, односно не е возможно да го изразиме она што го чувствуваме кон Бога и сè што знаеме за Него. Што можеме да знаеме? Го знаеме она кое Бог ни дал да го знаеме. Она што не го знаеме, сигурно е неспоредливо поголемо.

Кога човек ќе погледне со очите на своето срце, тогаш тој гледа нешто парадоксално, а имено, дека Бог бил до него од првиот момент на неговата појава, да не речам нешто повеќе – гледа дека Бог нè познал уште пред светот да се создаде. Ние сме постоеле во Неговиот ум и целото тоа благодејание за нас е неисцрпен океан, кој нè поттикнува кон благодарност. И обратно, гледаме во себе си и, за жал, и во другите дека кога човекот е духовно недоразвиен, тој не ги разбира Божјите благодејанија и мисли дека во светот има повеќе зло, отколку добрини од Бога, гледа повеќе несреќи отколку благосостојби. И знаете ли зошто се случува тоа? Затоа што колку подобро си поминуваме, толку понеблагодарни стануваме. Таква е нашата падната природа. Ако ги погледнеме нашите меѓусебни односи, што ќе видиме? Има семејства кои немаат никакви проблеми: финансиски стојат добро, здрави се, децата им се добро, но се караат и не се трпат меѓу себе. И се прашуваш – која е причината? Причината е што имаат сè. Додека гледаш други луѓе кои влегле во огнот на искушенијата, тагите и тешките искушенија и се лишиле скоро од сè, но многу пати Го прославуваат Бога, велат: „Слава на Бога!“ и пројавуваат големо трпение. Тоа се многу великодушни луѓе, додека другите, кои имаат сè, при најмалиот проблем пројавуваат малодушност, ропот, се караат, едно не им се допаѓа, друго не им се допаѓа, незадоволни се, и човек си вели: „Добро е што Бог е наш Татко и нè трпи, зашто ако Он беше со нашиот ум, или, со други зборови – ако ние бевме на Негово место, ќе речевме: ‘Ништо не заслужуваш!’ Треба да ти се натоварат сите беди на вратот, да се лишиш од сè, за да се научиш да го користиш дури и парчето леб кое го имаш и го јадеш! Да се научиш да благодариш на Бога!“ Ние го знаеме благословеното предание на Црквата да се молиме пред јадење. Но има луѓе кои прашуваат: „Добро, зошто треба да се молиме пред да јадеме?“ За таквиот човек не постои тоа чувство, затоа што му е полесно да најде една чинија јадење или да си го купи. Додека во минатото луѓето се труделе за да го имаат и велеле: „Слава на Бога! И денес се најадовме!“

Денес им даваме на децата витамини и протеини, но и покрај тоа, тие постојано се болни. Во минатото детето јадело едно парче леб и лебот се претворал во крв, а денес јаде од сè и постојано е болно. Вие кои имате деца ги знаете подобро овие работи. Односно, начинот, ставот со кој луѓето во минатото ги одгледувале децата бил различен. Луѓето учеле да имаат природна врска со светот, со природата, со Бога и меѓу себе. Денес односите меѓу луѓето се оладија и станаа механички.

 

 Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/tragedijata-na-sovremeniot-chovek-vtor-del/

 

 Друго:

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 242
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 709
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА  за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

« »