логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Блажени се оние луѓе, кои успеале во подражавање на смирената земја која, иако е газена од сите, сè издига со својата љубов и сите грижливо ги храни, како добра мајка што ни дала организам за нашето тело при создавањето. Земјата, исто така, со радост прима сè што врз неа ќе фрлиме, од благородни плодови до нечисти отпадоци, кои, нечујно ги преработува во витамини и изобилно им ги принесува и на добрите и на злите.

Како што се гледа, смирениот човек е најсилен човек на овој свет. Победува и носи туѓо бреме на својата совест, а живее запоставен и обесправен поради туѓите грешки кои ги примил од љубов, а внатре доживува најголема радост, зашто со ова од него се оддалечил овој суетен свет. Навредите, неправдите итн., се најдобрите хируршки резови за оние кои згрешиле, зашто со ова ги исцелуваат своите рани. А за оние, кои не згрешиле многу, е меч на џелатот и за маченици се сметаат оние кои ова радосно го прифаќаат, од љубов кон Христа.

Возрасните, во зрели години, кои не ги примаат навредите и критиките за да се исцелат и да добијат награда, понеразумни се од мали деца кои не сакаат да го послушаат лекарот, зашто се плашат од инјекција и трпат кашлица и температура.

Поголема благодарност им должиме на оние кои нè прободиле и го исфрлиле трњето од нашата душа, отколку на оние кои копале по нашата душа и откриле скриено богатство.

Не вреди да си ги кршиме колената од многу метании, ако паралелно преку смирение не се смени нашата личност (севкупното битие).

Оној кој проси смирение од Бога, а не го прима човекот когошто Бог му го испратил поради смирение, не знае што бара, зашто добродетели не се купуваат како продукти во бакалница (колку килограми сакаме), туку Бог ни испраќа луѓе за да се испитаме, да се потрудиме да стекнеме добродетел и со неа да се овенчаме.

Оној, кој смирено се покорува и прима удари од другите, ги отстранува своите отоци, духовно се разубавува како ангел и така поминува преку тесната врата на рајот.

Блажен е човекот кој се ослободил од своите отоци и оди по трнливиот пат Господов со туѓо бреме (клевети, навреди итн.), и ги остава луѓето слободни со своите обвинувања да му плетат невенливи венци. Тука се покажува изворното смиреноумие, кое не испитува што велат луѓето, туку, што ќе каже Бог во денот на судот.

Оној, кој на интригант или малоумен му зборува разумно и бара да го разберат, со тоа покажува дека ни самиот не е во ред, зашто суровиот човек е полош од малоумниот, бидејќи умот му е помрачен од зло и себељубие.

А оние кои имаат смирение, имаат и добрина и божествено просветлување и никогаш на духовен план не се препнуваат од пречките на лукавиот.

Повеќето искушенија најчесто ги создаваме самите ние, кога се доведуваме себеси во зависност од другите, односно, кога сакаме себеси да се воздигнеме. Никој нема да се искачи на небото со воздигнување во овој свет, туку со духовна понизност. Оној кој ниско оди, оди со сигурност и никогаш не паѓа.

Оној, кој не слуша совети на својот духовен пат, ги меша патиштата, се заморува и доцни. Ако не се понизи и не праша, макар и подоцна, тешко ќе стигне до својата духовна цел. Додека оние, кои ги слушаат советите, одат одморени и сигурни, и се заштитуваат со Божјата благодат и се просветлуваат, зашто се смирени.

Оние, кои едноставно живеат со добри помисли и од големо смирение веруваат дека немаат ништо добро, а усрдно се борат, тие во себе кријат најголема духовна ризница, иако не се свесни за тоа, ниту тие самите, ниту другите. Тоа не може да се потроши или да биде украдено од други.

Повеќекратно ќе биде помогнат човекот, кој ќе се понизи пред понизен и чувствителен човек. Но, ако се понизиш пред човек кој го презира смирението – било да побараш совет, било, да му ги откриваш своите маани – ќе го направиш уште погорд и побесрамен.

Човек кој нема смирение и добри помисли, полн е со сомнежи и двоумења. И бидејќи така може секогаш да биде преокупиран, во почетокот има потреба од духовник со големо смирение, кој, постојано ќе му дава објаснувања, додека умот не му се очисти, за да може јасно да гледа.

Смирен и добродушен човек, кој има чистота и внатрешен и надворешен мир, има и духовна длабочин и таквите луѓе длабочински ги согледуваат божествените нешта и со ова им се умножува верата и ги живеат божествените тајни.

Гордиот човек, освен што е помрачен, однатре и однадвор, постојано е вознемирен и од површноста на егоизмот секогаш останува на површина на работите, и не може да навлезе во длабочината, каде што се наоѓаат божествените бисери, за духовно да се збогати.

 

Извор: Бигорски манастир

 1-ви јуни 2018 лето Господово

Друго:

 

Друго:

Подготви: Снежана Корнет

28-ми февруари 2017 лето Господово

Извор: http://www.vestinet.rs/pogledi/sveti-otac-pajsije-ako-hoces-da-vaspitas-dete-drzi-se-ovog-pravila

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 512
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански...

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

 На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов...

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

« »