Што е тоа љубов? Дали може да се дефинира? „Љубовта има многу имиња и многу дела, и изобилство на обележја и преголемо мноштво на својства – вели Св. Симеон Нов Богослов - но нејзината суштина е една и за сите потполно неоткриена,и за ангелите,и за луѓето и за секое друго суштество.
Апостолите Петар и Павле во одредена смисла ги симболизираат двата вида на вера. Верата на Петар е верата на обичните луѓе. Таа е безумна, тврда, непоколеблива како карпа (патем, името Петар означува „камен“). Оваа вера е како силен даб кој постепено расте во срцето на човекот и ја придобива силата заедно со него. Ова е верата на оние кои го гледаат Христа со очите на својата душа, без сомнеж или двоумење.
Каков плод требало да даде „смоквата“? Столбот на Стариот Завет била подготовката на луѓето за средбата со Месијата, Кој требало да го избави Израилот од гревот. Меѓутоа, во времето на проповедањето на Исус, тоа избавување често се сфаќало мошне упростено. ..
Во денешно време човекот често чувствува тага, очај, тромост, мрзливост, душевна здодевност и сите останати сатански состојби.
Тагува, плаче, меланхоличен е, не се грижи за своето семејство, троши многу пари на психоаналитичари и лекови.
Сето ова луѓето го нарекуваат несигурност, а православието верува дека станува збор за
Во Новиот Завет, поточно во Првото Послание на Светиот Апостол Петар (1 Петр. 3, 1-7), е напишано дека жените треба да се трудат не само за надворешната убавина, туку и за внатрешната, која потајно, како постојаност и тих дух е скриена во срцето, а која пред очите на Бога е исклучителна вредност и драгоценост. Апостол Петар во продолжение вели дека мажите треба да живеат разумно со своите жени,
За да се молиш треба да имаш основа која што е неопходно да ја негуваш. Како што го чуваме нашето тело, така ќе го чуваме и здравјето на душата. Неопходно е да бидеме радосни. Кога се навикнуваме да се молиме ни се дава радоста Христова, и уште повеќе. Ако ти кој се молиш тагуваш, ако се нажалуваш и онерасположуваш, нешто во тебе не оди добро.
Затоа и се каеме, затоа и се исповедаме и бараме прошка, затоа што се надеваме.
Се надеваме на Неговата милост, која го постави разбојникот прв во Рајот, која ја направи блудницата преподобна подвижничка, која го направи гонителот на христијаните првоврховен апостол, која го направи митарот - евангелист, која го прави секој човек богочовек по благодат.
Ако од нашите сили зависи сознанието на духовниот свет и Бога, ние би останале совршени незнајковци во тој поглед. И на тој начин, би биле одвоени и отфрлени на оваа земја без Бога, далеку од Него и од Неговата помош и утеха. Но, за среќа, тоа не е случај со нас. Бог знае дека ние не можеме
„Нека е благословено“, одговори монахот па појде и се насели во ќелијата што му ја покажа старецот. Таму остана пет години и строго се подвизуваше, без да изусти ни еден единствен збор. Преданоста негова и трпение не останаа скриени од другите браќа, кои му се восхитуваа и многу го почитуваа. Монахот продолжи да си се подвизува во ...
Зошто токму 40 дена требало да поминат до Вознесението? Бројот 40 имал големо значење воопшто на древниот Блиски Исток, а особено тој број има големо значење во Библијата: претставува символ на завршено дело, генерација и исполнување.
Св. Никодим Светогорец вели дека Христос, според Својата човечка природа, примил три раѓања :
Еден ден во манастирот пристигна некој кој сакаше да разговара со старешината на манастирот. Монахот кој тврдел дека гледа зло, гледајќи колку е грешен и длабоко расипан посетителот, му рекол вака: Како се осмелуваш да се појавиш и да го побараш старецот таков каков што си? Вашето присуство го навредува! Посетителот си замина. Старецот потоа го повикал монахот и го прашал дали некој дошол.
Идеологиите на другите вероисповеди се разликуваат од христијанството по тоа што тие сакаат да го избегнат страдањето. Во Православието, пак, само преку страдање се спасуваш од страдање. Значи, светот не може да биде спасен на друг начин освен преку жртва.
Начинот на кој живееме е всушност тој што не осветува - не надворешната средина, нè осветува Света Гора, туку начинот на живот на Света Гора е тој кој осветува, никој не се осветува само затоа што е монах, тој може да оди и во адот, но го осветува начинот на живот. Од тука, и дома и во семејството, дури и со нашите грижи, проблеми, таги, сето ова, целиот свој живот можеме да го претвориме во причина и пат кон светоста и средба со Христа.
Господ му заповедал да молчи (замолкне) и му се заканил да не зборува, за злиот дух заедно со вистината да не ја посее својата злоба, а и ние да се научиме да не се обѕрнуваме на злите духови, макар наизглед тие да ја говорат и вистината. Зашто нам, кои ги имаме кај себе божествените ...
Црквата го црпи својот идентитет низ историјата не од тоа, што претставува сега, туку од тоа, што ќе биде кога во есхатонот целосно ќе се преобрази во Царство. На својот пат, таа претвкусува и веќе се приопштува кон есхатонот. Битието на Црквата е децидно определено од дијалектичкиот однос меѓу историјата и есхатонот.
Времињата брзо се менуваат, етиката на односите се менува. Се разбира, од секој можен аспект, би бил корисен предмет како „Етика на човечките односи“ или „Психологија на човечките односи“. Всушност, да се формулира што е семејство за современиот човек е доста комплицирано. Ние, како православни христијани, сме привлечени од традиционалните формулации на семејството и се обидуваме да инсистираме дека семејството е
✜✣✜
„Од сите чувства на срцето само едно, во неговата состојба на пад, може да биде употребено во невидливото Богослужење: тагата поради гревовите, поради гревовноста, поради падот и својата пропаст – наречено плач, покајание, скрушеност на Духот“.