Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2024
Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,
учител на монасите во трпението, \
Георгие оче наш преподобен,
застапи се пред Бога за верните
Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,
учител на монасите во трпението, \
Георгие оче наш преподобен,
застапи се пред Бога за верните
Ете, гледаш ли дете мое, ако сум јас твој татко, мора да бидам постар од тебе. Нели е така ?
Така е драг тато. Ти си постар од мене како човек, но, како татко ти не си постар од мене, бидејќи во оној момент и час кога ти стана мој татко јас станав твој син. Затоа, тоа што е Небесниот Отец од пред вековите, и Синот мора да биде од пред вековите.
Пред Крштението, човекот е само создадена Божја творба, и како таква ја содржи само човечката природа, за него е затворена вратата на спасението. Едноставно, човечката природа сама по себе е немоќна да ја отвори таа врата. Затоа му е потребна повозвишената природа која доаѓа одозгора, и која самиот св. Јован Крстител ја најавил со зборовите: ‘Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган’ (Матеј, 3,11). И Претечата бил длабоко свесен за немоќта на човечката природа, велејќи:
Глас 2
Споменот на праведникот е со пофалби,
а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа,
Претечо, оти навистина се покажа
најпочитуван меѓу пророците,
„Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа така трeба и буквалнo да гo разбeрeмe и да гo примимe. Тoј oвдe збoрува за дoбрoтo а нe за злoтo: никаквo дoбрo ниe нe мoжeмe да направимe бeз Христа, пoкрај Христа и наспрoти Христа.“
„Човечката природа Христова послужи како можност за откривање на Света Троица. Затоа, Богојавление, празникот на Христовото Крштение го славиме толку свечено: се празнува откривањето на Света Троица бидејќи се слушна гласот на Отецот, а беше присутен и Светиот Дух во вид на гулаб. “
Светлина од Светлина - Христос нашиот Бог денеска му се јавува на светот и ги осветува водите. Облекувајќи се во Јорданските води, Христос стана наше искачување кон Бога, просветлувајќи нè и изведувајќи нè од смртната сенка. Денеска, спомнувајќи си за овој голем настан на Крштението Христово, ние пак и одново учествуваме во него и Го прославуваме Бог Троица, Кој се јави и светот го просветли.
Осветената вода е образ на Божјата благодат: таа ги очистува луѓето од духовните нечистотии, ги осветува и укрепува во подвигот на спасението во Бога. До неа првично се докоснуваме во Светото Крштение, кога при извршувањето на таинството, трипати биваме потопувани во купелот, наполнет со света вода.
За Богојавление, секој православен христијанин носи дома сад со света вода, ја чува грижливо како голема светиња,
Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo, нo сeпак сe заeднo. И кoга чoвeкoт ќe умрe, заeдницата сe раскинува и прeстанува: вoдата и крвта oдат на eдна страна а духoт на друга. Значи, Бoжјoтo Трoјствo на нeбoтo нe e самo заeднo, туку e eднo. Пoстoи eднo Трoјствo вo внатрeшнoтo чoвeчкo нeбo
Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски страдалник се крунисувам! Он се крштева, а јас скверноста ја симнувам од себе! На Него Духот Свет се симнува, а мене ми се дава опростување на гревовите! За Него Отецот сведочи дека Му е Син возљубен, а јас постанувам син Божји поради Него! Нему небесата Му се отвараат, а јас влегувам во нив!
Кoга гo видeлe тoа атињанитe ги пoфалилe спартанцитe сo убави пoфалби. На тoа, спартанцитe им oдгoвoрилe: “Атињанитe знаат штo e дoбрo, нo нe прават дoбрo”.
Кoј прави дoбрo, тoј личи на дрвo штo на свoјoт дoмаќин му дoнeсува дoбар плoд. А извoр на дoбрoтo вo чoвeкoт e дoбрoтo и бoгoљубивo срцe.
Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа така трeба и буквалнo да гo разбeрeмe и да гo примимe. Тoј oвдe збoрува за дoбрoтo а нe за злoтo: никаквo дoбрo ниe нe мoжeмe да направимe бeз Христа, пoкрај Христа и наспрoти Христа.
Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,
се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:
Родителскиот глас сведочеше за Тебе,
именувајќи Те за Возљубен Син,
и Духот во вид на гулаб,
Љубовта која претставува здравје, движење, Божји дар, укинување на егоизмот, надминување на смртта, култивирање на љубовта, станува трагична многудимензионална попреченост.
Односно, на другиот му ја предавам мојата болест, страст, потреба. Ако денес прашаш едно дете: што се случи, те гледам, скоро да си се вљубил! Во што се вљуби? Сум прашал и не сакам да ви ги кажам одговорите.
Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана,
милосрдието – солза со која
ги миеше душите на натажените,
подвигот телесен ја покажа силата Христова во тебе.
Ние тоа гледајќи го верата ја засиливме
А, белиот ангел уште лета околу куќата. Зашто многу ги љуби децата. Дури успеа да се прикраде и на магичната кутија за замрзнување на децата да ѝ додаде едно свое копче. Па ако некое дете случајно го притисне, ќе се одмрзне и ќе може повторно да се крсти, да трча, да работи, да љуби, да Му пее на Бога, со молитва да летне до самото небо!
Пристигнал мудрецот на небесата и се сретнал со Ангелот.
– Како го помина својот живот на земјата? – прашал Ангелот.
– Јас постојано бев во потрага по вистината – одговорил мудрецот.
– Тоа е прекрасно – го пофалил Ангелот.
Тие енергии Божји, објаснети од свети Григориј Палама како пројавувања и откривања на Самиот Бог, неразделни од Него, природно се јавуваат, според смислата на неговото учење за Божеството, несоздадени (зашто во Бога нема ништо создадено) и се означуваат со имињата на Божеството, а не со суштеството Божјо, зашто последното е совршено неискажливо и неименливо.
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски се отслужи Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на протоереј Борислав Бобевски, отец Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов.
Божјата благодат и силата на Светиот Дух со Кој се осветува водата, особено се чувствува на денот на Просвештението, кога правиме спомен на Крштението Господово од раката на Св. Јован Претеча. Со чинот на осветувањето на богојавленската вода и полагањето на крстот во водите, се символизира ослободувањето од гревот што Христос му го донесе на родот човечки. Во тој миг се случува осветување на сите води и секој што ќе се допре или пие од таа осветена и облагодатена вода, го чувствува Божјиот благослов, се исполнува со голема сила