логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 водици2019 6

„Проповедникот вика: Кој виде да се очистува Сонце Кое е пресветло по природа, да Те измијам Тебе, Кој си светлина на славата и слика на вечниот Отец? И јас, кој сум сено, да се допрам до огнот на Твоето Божество, зашто Ти си Христос, Божјата мудрост и сила“ (песна од канонот на Утрена на Свето Богојавление).

 водици2019 7

Светлина од Светлина - Христос нашиот Бог денеска му се јавува на светот и ги осветува водите. Облекувајќи се во Јорданските води, Христос стана наше искачување кон Бога, просветлувајќи нè и изведувајќи нè од смртната сенка.  Денеска, спомнувајќи си за овој голем настан на Крштението Христово, ние пак и одново учествуваме во него и Го прославуваме Бог Троица, Кој се јави и светот го просветли.

 водици2019 9

Затоа и денеска, на 19.01.2019 година, кога го празнуваме споменот на Светото Богојавление, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Богојавленски водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На Литургијата присуствуваа и претставници на Локалната самоуправа на општина Охрид, предводени од градоначалникот на општината, г-дин Константин Георгиески. По завршувањето на Литургијата, свечената литија, предводена од Митрополитот Тимотеј, се упати кон водите на Охридското Езеро, каде според традицијата, беа осветени охридските води и беше фрлен Крстот. Оваа година Крстот заврши во рацете на Иван Лотески од Охрид. На Богојавленското празнување присуствуваа претставници од Владата на Р. Македонија, односно Министерот за внатрешни работи на РМ, г-дин Оливер Спасовски, како и Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Мачевски, а присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски.
водици2019 10
 

По завршувањето на чинот во Охрид, Митрополитот Тимотеј го изврши чинот на Голем Богојавленски водосвет и во Струга, каде што беа осветени водите на реката Црн Дрим, а Крстот го фати Цветко Митрески. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 водици2019 16

Митрополит Тимотеј
водици2019 17 

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!

Драги верници,

Денеска прославуваме еден од Господовите празници, односно, го чествуваме Богојавлението на предвечната Троица, кое на денешен ден, најоткриено се јавува за време на крштевањето на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во реката Јордан. Ова е посебен радосен ден, кога многу луѓе, дури и оние кои се далеку од секојдневниот живот на црквата, во своите срца ја чувствуваат Божјата благодат.


Во денешното апостолско четиво, за време на светата Литургија, ги слушнавме зборовите на апостолот на народите. Во посланието до Тит, апостолот вели: „Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе." (2. Тит 2, 11). Овие зборови за првите христијански заедници, би можело да се рече дека биле револуционерни. Замислете, не само нам ни се дава благодатта Божја, на тесен круг, на едномисленици. Не само на Црквата во Ерусалим. Не само на Јудејскиот избран народ, од кој што произлегол и Спасителот Господ Христос, туку на сите луѓе, на целокупниот човечки род. Понатаму, апостолот ја разјаснува оваа мисла, па вели, дека таа благодат не ни се дава поради нашата праведност, туку по милосрдието Божјо. „А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бога, Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродувањето и обновата од Светиот Дух. " ( 2.Тит 3-5).


Врз овие зборови на апостолот, се напишани многу толкувања и појаснувања, уште од најстарата Црква, односно, од учителите на црквата. Ние нема да ги наведуваме сите автори, туку ќе се задржиме на основната смисла, значењето на овие зборови, а тоа е: Божествената благодат, по милосрдието Божјо се дава на сите луѓе. Па, се поставува прашање: Зошто тоа така произлегува? Можеби луѓето не ја заслужуваат таа благодат. Ние знаеме, дека таа благодат е дојдена до нас преку овоплотувањето на Синот Божји. Преку Неговото раѓање во Витлеем. Преку Неговото крштение во Јордан. Преку Неговиот Живот. Преку Неговите страдања. Преку Неговата смрт и преку Неговото Воскресение. Можеби така луѓето со нивните добри дела, го подготвувале патот на Спасителот?


Сосема не е така. Него никој не Му подготвувал никаков пат. Единствено Јован Претечата и Крстител, повикувал на покајание. Светот живеел во зло и грев, и продолжил да живее така. Ниту едно живо суштество не било достојно да се допре до Божјата благодат, освен Јован Претеча и Присно Дева Марија, и тоа е се од севкупниот род човечки.


Не случајно, Света Дева Марија и Јован Претеча, секогаш стојат лево и десно од Господа Исуса Христа. На сите иконостаси ги имаме нивните икони. Само овие двајца, послужиле за Неговата мисија и го подготвувале Неговиот пат.


Се поставува прашање: Зошто Господ Исус Христос дошол во овој свет кога светот не Го очекувал? И до колку имало некои во избраниот народ, што го очекувале Месијата, тие очекувале поинаков, овоземен. Некој кој ќе ги ослободи од Римското ропство, и ќе му даде сила и привилегија на Јудејскиот народ. Така Јудејскиот народ живеел и таков месија очекувал - државен господар. Никој ниту зборувал, ниту се подготвувал за ваков Месија, за Спасител на родот човечки. Месија кој ќе ги избави од гревот и од злото. Повторно давајќи му можност на паднатиот човек во грев, да се ослободи и да се соедини со Бога, како свој Создател и Спасител.


Господ доаѓа, како што вели апостол Павле, не според нашите дела и нашата праведност, туку по Неговото милосрдие. Затоа Он и денеска е со нас, и ни ја дава Божествената благодат, не според нашите дела и нашата праведност. Затоа, не сите ние, што денеска ќе се допреме со осветената богојавленска вода или, пак, оние кои се капат во студените езерски и речни води, сме праведници. Сигурно дека ниту сме праведници, ниту, пак, безгрешни, но секој кој се допира до оваа светиња, чувствува промена во своето срце. Ја чувствува посебната сила на Божјата благодат, по милоста Божја.


Но, се случува понекогаш, поради нашите лоши мисли и постапки, да го скамениме нашето срце. Тогаш ние стануваме неспособни, да ја примиме силата и благодатта, дури кога ни се дава без никакви наши заслуги, од самиот Бог. Таа буквално ни се подарува од Бога. Но и да не сме толку оптоварени со гревови и престапи, и да сме здрави и прави, не можеме секогаш да ја примиме Божјата благодат. Тоа е најголемото сведоштво, дека неа ја примаме и добиваме по милосрдието Божјо, но и со наше учество. Нашето учество се состои во тоа, да бидеме свесни дека сме грешни луѓе и дека ни е потребна Божјата помош. Кога го изобразуваме светиот Крст на нашите гради и повикуваме Божја милост, со скрушеност и со понизност, тогаш, без сомнение Бог ќе допушти, Неговата милост и благодат да бидат со нас.


И ние денеска, кои се наоѓаме во овој свет храм, и на Охридското езеро, и на реката Дрим во Струга, да отфрлиме од нашите срца и души секаква лоша мисла и да измолиме милост Божја. Да ја добиеме благодатта од денешниот празник, која богато се излива на секоја душа, по милоста Божја, како што вели апостол Павле: „та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот." (Тит 3, 7). Амин!

водици2019 14

 водици2019 19

водици2019 22

водици2019 23

водици2019 26

водици2019 29

водици2019 35

водици2019 36



Богојавление – Водици
19. 01. 2019
Храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" – Охрид



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

« »