логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Благодариме...

Љубејќи Го,  и чекорејќи по духовните патеки – ние го бараме Него, верувајќи безгранично, безвремено. Соединети на патот кон Царството, во мир низ покајание, небесно  смирение и  молитва до истоштување, Го наоѓаме Него во нас.

Да разгледаме и да размислиме што е подобро: светот да го спечалиме или Бог да Го придобиеме? Да станеме наследство на Бог за да Го наследиме! Човекот, како и Творецот, се возвишени и стојат над се. Ако не ја придобиеме својата душа и Бога, тогаш и целиот свет да го спечалиме, себеси сме се изгубиле (Преподобен Ефрем Сирин).

Умносрдечно, со Црквата која Христос ја изгради, љубовно да го исчекориме патот кој Он ни го покажа, а споени во времето преку овој портал кој го нарековме Премин.
И во овие денови, по пет години постоење, Му благодариме на Бог за радоста со која не дари.

Дарко, Гоце, Трендо, Драган, Стони, Маја, Сузана, Лукас, Ана,  Владиците  Агатангел, Методиј... нивната драгоцена соработка во првите наши чекорења, многу ни значеше. Како одминуваше времето, прекрасни авторски текстови и преводи споделија со нас, сестра Макрина, отец Гаврил, Сашко, Златко, отец Горан, Бисера, Мирјана, отец Игор, Стојанче, Благица, Славица отец Ристо, Михаила, Звонко, Владиците Тимотеј, Пимен ...

Имавме моменти со кои тешко се носевме. Патот знаеше да биде радостен, но и трнлив, но и во радот и во тага по благодарноста ќе не препознаат дека сме Негови...
 
Chudo.sv.Martin.jpg
 
Манастир св. Архангел Михаил
манастир св. Прохор Пчински, Донибрук -Австралија
Дипломиран филолог по германски јазик и дипломиран професор по аглиски јазик
дописник од Загреб, Хрватска

проф.во ДМБУЦ " Илија Николовски - Луј", преведувач, соработник водител во духовни емисии „Училиште за Животот“ и „Евангелска вистина“


Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie