логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Скопска Епархија

arhiepiskopija.jpg
Скопската епархија при МПЦ го демантира пишувањето на весникот „Време “ број 1321 од 21 март 2008 година, со наслов„ МПЦ се противи на иејата за изградба на нови цркви во општина Аеродром“...



 

На 11-12-2005г, на денот на Светите Петнаесет Тивериополски маченици, соборниот храм "Свети Климент Охридски" во Скопје стана место на свет собор на православните христијански верници собрани по милоста и промислата Господова од цела Македонија. Овој богоуден собир се случи по благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан, а започна со боженствената архиерејски Литургија на која чиноначалствуваше Неговото всокопреосвештенство, митрополитот г. Агатангел. Тој за време на проповедта, пред примањето на светата тајна причес, проповедаше пред мноштвото народ за значењето на љубовта кон Бога и кон ближниот, за силата на молитвата, но и за силата на соборната заедничка молитва од која се зацврстнува црковното и националното единство на МПЦ и македонскиот народ. По тоа, верниците кои претходно се беа подготвиле преку постот и исповедта да ја примат светата причес, се соединија со Телото и Крвта Господови, покажувајки дека колку повеќе се во единство со Бога Создателот, толку се поблиски и со браќата и сестрите од целата библиска земја- Македонија. Семакедонската православна духовна средба продолжи со предавањето на протојерејот Драги Костадиновски кој зборувасе пред верниците на темата" Светиот Дух во животот на современите христијани". Костадиновски мегу другото рече дека Светиот Дух е испратен во Црквата за да не поучи и упати на секоја Божја вистина, дека Тој е нашиот Утешител преку Кој се случува секое добро дело, молитва, воздишка... Потоа во духот на првобитната црковна заедница започна т.н. Трпеза на љубовта која за момент не пренесе во настаните опишани во новозаветната книга "Дела на светите Апостоли" и каде се сведочи дека христијаните делеле се што имааат помеѓу себе. Пред се својата, љубов, но и храната, материјаните добра итн. Така повторно се остварија литургиските зборови дека на Бога му го принесуваме Неговото, за сите и за се што прави за нас и нашите ближни. Верните покрај духовната радост, молитвената атмосфера и прекрасната проповед на владиката, со себе имаа прилика да понесат и ЦД збогатено со црковни текстови и црковна музика кое организаторите (вероучителите и верниците од скопкста епархија) го подговија како печат на оваа средба која по Божјото благоволение и ветувањето на г. Агатангел, ќе премине во традиција, во празник кои ќе продолжи во царството Божјо.

 

 

Александар  Ивановски

Посети: {moshits}


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 765
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1043
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 992
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »