Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
ИКОНА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА “ОМЕКНУВАЊЕ НА ЗЛИТЕ СРЦА’’
Вообичаено на оваа икона е насликана Богородица, срце Кое го пронизуваат седум меча– по три од десната и од левата страна, а еден отдолу. Бројот "седум" во Светото Писмо означува полнота на нешто, а во овој случај полнотата на онаа тага, жал и "срцева болка" која што Богородица ја носеше за време на Нејзиниот земен живот.