СВЕТИ АПОСТОЛ ТИМОТЕЈ
На 04.02.2017 година, на празникот на светиот апостол Тимотеј, а по повод именденот на нашиот Митрополит Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј,...



“ Тогаш Господ им се обратил на Апостолите, но тоа важи и за сите нас, кои сме Христијани, потсетувајќи нѐ на таа голема одговорност: да бидеме светлина. Зашто Он Самиот е Светлина, па така и сите што ќе поверуваат во Него треба да бидат светлина. И како што ѕвездите ја подражаваат светлината на сонцето, така и ние луѓето треба

Сите ние, треба длабоко во себе да ја осознаеме нашата огревовеност и духовно несовршенство, па со срце скрушено и со мисла покајничка да посакаме да Го видиме Господа. Да ги отвориме нашите духовни очи, за да ја видиме Божјата семилостивост и љубов кон сите нас. Да Го побараме Бога во нашите души, како што Он не бара нас, кога сме загубени во гревот и злото.
Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”.
Во издание на црквата Свети Григориј Палама и Свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Струмички г. Наум, досега се издадени седум тома од Житијата на Светиите, за месеците: јануари, февруари, март, април, мај, јуни и јули. Во подготовка за печатење е и осмиот том за месец август. Изданијата ги подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.




Ни една (вистинска) љубов нема да отиде залудно. Нема промашувања во љубовта. Ако енергијата искреное испратена од нашето битие, а и ако не е примена од страна на оној на кого му е пратена, ќе ја прими Бог и ќе награди и повеќе отколку што мислиме.
Она што му го јавувал ангелот, младиот пророк го пророкувал. Викал кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници. Петстотини години пред Христа јасно го прорекол јавувањето на Свети Јован Крстител. Но главно тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се престави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.


























