Божествена Литургија во храмот на св.арх. Михаил, Автокоманда (05.03.2017)
Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата. Секоја помисла којашто во душата предизвикува умерена болка, помешана со радост и солзи, потекнува од Бог. Благодатта Божја никогаш не го води човекот во безнадежност, туку го води кон покајание.


Со навршувањето на четриесетиот ден од раѓањето на детето, неговата мајка го донесе во храмот на свети пророк Илија во скопската населба Аеродром на Голема молитва за да побара благослов од Бога за својата рожба. Овој пример ни го оставила уште Мајката Божја, донесувајќи го Спаителот наш, Господ Исус Христос на четриесеттиот ден во храмот кај праведниот Симеон Богопримец,
Во почетокот, Бог ни ја дава благодатта за да ни помогне, за да нè поттикне, за да ги наслади нашите душевни чувства, за да нè привлече. Но ако напоредно со тоа не се трудиме и ние, благодатта нема да биде делотворна и ќе се повлече. Апетитот се појавува со јадењето, а молитвата со молењето. 


Христос искушуван беше, а ѓаволот Го искушуваше, барајќи од Него камењата лебови да ги направи; на (висока) планина Го одведе, за миг сите царства да ги види. Душо, од стапицава исплаши се, отрезни се, и во секој час на Бога моли Му се.
На почетокот, го немавме дури ни вечниот живот како дар, туку го примивме преку простувањето што на сите ни Го подари Синот Божји на Крстот. Оттогаш, благодарение на ова простување ние постоиме, повикани да го оживуваме светот во секој миг, преку проштевањето што си го даруваме едни на други.
Ирмос: Погледнете и видете дека Јас сум Оној што во морето спасува, и во пустината израилскиот народ го наситува, и вода од каменот на луѓето им пушта, за да го понесам оној што некогаш во кал падна, и кон Мене да го привлечам, поради милоста (Моја) неискажлива.
На 26-ти февруари 2017 година, во Недела сиропусна, кога МПЦ-ОА го празнува споменот на преподобен Мартинијан, преподобен Симеон Мироточив, во храмот на св. Јован Крстител,во скопската населба Капиштец, старешината на храмот, отец Жарко Пејковски отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По литургијата отец произнесе празнична беседа за просувањето и покајанието.


Пoвeќeтo тeшки маки штo eдeн чoвeк ќe гo снајдат имаат свoја причина, пoзната или нeпoзната, вo нeгoвoтo минатo. Причинитe, пак, на тиe тeшки маки, да рeчeмe какo бeзумиeтo, нe сe другo туку пoврeдувањe на мoралниoт Бoжји закoн
Со своите сопствени раце ги поткопуваме темелите на нашето општество и создаваме предуслови за разорување и обесветување на сѐ. Нашето младо поколение денес најмногу страда и пати поради тоа што, ние, постарите, му предаваме и му оставаме во наследство едно заболено „општество“, обезбожено и материјализирано, затруено со саможивост и безнадежност. архимандрит Георгиј Капсанис
Нe грижeтe сe какo или штo ќe збoруватe... бидeјќи Духoт на вашиoт

























