логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 nednablsin2017 1

На 12.02.2017 година, во Неделата на блудниот син и на празникот на светите Три Светители: свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

nednablsin2017 2

nednablsin2017 4

Митрополит Тимотеј


 Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.


Драги браќа и сестри,

Во денешното евангелско четиво, прочитано на светата Литургија, ја слушнавме параболата за блудниот син. Се растажуваме со таткото кој го изгубил синот, но, и се жалостиме со синот кој се нашол во таква жална и тешка положба. Се жалостиме со оној кој блудно го потроши имотот на својот родител. Но, слушајќи ја оваа парабола, тагата преминува во радост, се радуваме со радоста на таткото кој доживеал враќање на блудниот син, како и со радоста на блудниот син, што нашол сила и храброст во себе, да се покае и да се врати кај својот родител.

Во историјата на блудниот син секој грешен човек може, а и должен е да се согледа себеси и својата судбина. Да ги согледа своите заблуди, престапи, отстапки, а во исто време, и можност да се врати од сите тие погрешни патишта. Секој човек е должен да ја чувствува благодатта и радосното престојување во домот на својот родител. Но, не само да ја чувствува родителската љубов, туку, истата и да ја ползува. Но, ние, често пати знаеме, како блудниот син, да избереме погрешни патишта и да живееме гревовно и самоволно.

Во оваа парабола Господ Исус Христос ни укажува, како ние се однесуваме, не кон телесниот и земен татко, што само по себе не го исклучува и тоа, туку, нашиот однос кон Отецот Небесен. Ни покажува во каков однос треба да бидеме и во каков однос се наоѓаме. Бог Отец е Отец на сите. Сите луѓе се чеда на Небесниот Отец и помеѓу нив има едно заедничко, односно, луѓето се браќа и сестри во Христа Бога. Во Отецот Небесен има многу љубов, милосрдие и трпеливост. Бог е апсолутна љубов. Он, милоста и штедроста богато ја излива врз сите луѓе, како на добрите, така и на лошите. Како на покорните, така и на непокорните деца. Небесниот Отец ни ги дава сите потрепштини, а од нас и од нашата слободна волја и од нашиот личен избор зависи како тие ќе ги исползуваме. Бидејќи сè што ни е од Бога дадено, дадено ни е за да спелачиме вечен и блажен живот.\Често пати ние се раководиме не според Божјата волја, туку, според нашето разбирање и ги ползуваме Божјите добрини за погрешни патишта. Божјите добрини ги користиме за гревовен живот, при што, не само што го разнебитуваме имотот на родителите, туку, го уништуваме и нашиот живот. Ако секој еден од нас, во себе најде сила и храброст да се анализира себеси, ќе види дека сите ние знаеме да заборавиме на Небесниот Отец. Забораваме на правдата и љубовта кои ни се дадени од Него. Но, настапува и време, како кај блудниот син, особено после некое големо разочарување, и кога ќе си дојдеме на себеси, се враќаме како блудни синови кај нашиот Отец Небесен.

Блудниот син во себе нашол сила и се вратил кај својот отец. Побарал да биде наемник кај него, но, примен е како возљубен и најсaкaн син, и дадени му се сите почести. Секој еден од нас, независно колку и да се оддалечил од Црквата, од правдата, од вистината, поточно, од Бога, само да најде во себе сила и повторно да се врати кај Изворот на светлината и љубовта, веднаш ќе прими простување од Небесниот Отец. Блудниот син бил уште далеку од татковиот дом, а отецот му оди во пресрет ширејќи ги своите раце, го прегрнува и му проштева со својата родителска љубов. Таква е судбината на секој грешник кој се кае. Бог, Кој е љубов, му ги простува сите грешки и престапи.Денеска, светата Црква ги прославува и светите три ерарси, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Овие големи учители на светата Црква го проповедале словото Божјо и ја утврдувале Црквата во нејзината доктрина како вистински пастири на словесното стадо Христово.Да се обратиме со искрена молитва кон нив, тие да бидат наши молитвеници и подржувачи во нашиот од кон Бога. Па, и ние, како блудниот син, да најдеме сили и храброст да побараме прошка за сите наши престапи и отстапки од вистинскиот пат и да ја доживееме љубовта на Небесниот Отец, а преку тоа да спечалиме вечен и блажен живот. Амин!

nednablsin2017 6

 nednablsin2017 5

 nednablsin2017 7

Недела на Блудниот син
12.02.2017 год.
храм „Св. вмч. Георгиј" – Струга

Извор: Дебарско- кичевска епрхија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная