Новинари од Бугарија во посета на Бигорски и на Свети Наум
Во саботата домаќин им беше Неговото високопреподобие, Архимандритот Нектариј – Игумен на манастирот Свети Наум во Охрид. За време на кратката средба со отец Нектариј, новинарите беа запознати со историјата на манстирот.Во неделата пак, групата новинари беше во посета на Бигорскиот манастир, каде монасите, со благослов на архимандритот Партениј, им овозможија прошетка низ најзначајните објекти на манастирот, како и ги запознаа со неговата значајна духовно-историска мисија низ вековите.


Великиот и најпознат руски свет свештеник, отецот Јован Сергиев (Кронштадски) потекнува до свештеничко семејство, кое повеќе од 350 години давало свештеници, а токму неговиот татко ја прекинал таа традиција, но сепак, пеел во црква. Од таква свештена лоза и осветено семејство се родил малиот Јован. Во детството бил слаб, со кревко здравје, особено го измачувало тоа што не можел со леснотија да учи на училиште. Затоа, искрено, како што знаел, Му се обратил на Бога и Го молел да му помогне во учењето.



На празникот на светиот маченик Мамант и свети Јован Постник, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети архангел Михаил“, во Лесново. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. Митрополитот Брегалнички Иларион на Епископот Јаков му предаде дел од моштите на преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, што претставува голем благослов за Струмичката епархија.
По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски.

Денес, на празникот на светиот маченик Фануриј, заштитник на учениците, со благослов на Митрополитот Струмички Наум, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, беше отслужен Молебен за благословување на новата учебна година, на кој присуствуваа голем број првачиња, ученици и просветни работници.

„Милостив Боже, Ти си вечната Премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на Твојот Свет Дух, за да се просветли мојот ум и моето срце, и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Зашто, со Твојата благодатна помош полесно ќе го усвојувам полезното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности.
Пoнeкoгаш ќe сe слушнe бeзбoжeн збoр и кај христијанитe, и oвдe нe мoжe да пoмoгнe ни Бoг! Нeма oпаснoст вo кoја Бoг нe мoжe да пoмoгнe ниту има нeпријатeл, кoј сo свoјата сила, бeз Бoжјo дoпуштањe, ќe мoжe да пoбeди. Нe прашувај какo Бoг ќe ја разбиe силната вoјска нанашитe нeпријатeли. Тoа на Бoга Му e пoлeснo oткoлку на тeбe да вдишeш или да издишeш вoздух.


27.08.2019 Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослуженије на свештеници од Тетовско-гостиварската епархија, богослужеше Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир на празникот Успеније на Богородица кој е манастирска слава на манастирот.На крајот од Вечерната богослужба митрополитот г.Јосиф оддржа пригодна беседа.























