Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (24.08.2019)
Акo чoвeкoт тргнe пo патoт на првдата, тoгаш нeка oди самo пo патoт на правда сo двeтe нoзe и нeка нe гази сo eдната нoга пo патoт на правдата а сo другата пo патoт на нeправдата. Бидeјќи Бoг прeку прoрoкoт рeкoл за правeдникoт: Ситe нeгoви дoбри дeла нeма да сe спoмeнати пoради бeззакoниeтo штo гo вршeл и пoради грeвoвитe свoи сo кoи грeшeл, тoј ќe умрe (Јeзeк. 18:24).



На еден друг Тавор, требаше да се искачиме на врвот на планината Крчин, затоа и тргнавме пред да изгрее сонцето. Бевме околу 600 души, организирани во групи. Се наоѓав во првата, заедно со отците од манастирот, кои имаа земено неопходни работи за служењето на Божествената Литургија. Искачувањето беше тешко, но и восхитувачко, два часа искачување низ шума со огромни и стари дрва наоколу и два часа искачување низ бескрајните ливади по сртот на Крчин.
Чиниш, се соединуваат небото и земјата и заедно ликуваат, вознесувајќи Му благодарност на Бога за големите добрини со кои Он ги исполнува нашите души. Божествената, пак, енергија на љубовта и веселото духовно расположение, кое извираше од самата богослужба, веруваме ќе придонесе за ова необично искуство уште долго да се прераскажува. Навистина беше прекрасно да се види големиот број на причесници, кои за својот необичен подвиг примија обилен благодатен благослов.









Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на свети апостол Петар, првоврховниот меѓу апостолите, заедно со свети апостол Павле. Подарок со овој број: „Кога сум слаб, тогаш сум силен“, поуки од Светите отци за болестите.
Љубовта се познава преку Светиот Дух. А душата Го препознава во мирот и во сладоста. О, колку сме должни ние да Му благодариме на Бога за тоа што многу нe љуби. Размислете, возљубени браќа: Господ ? го дава Светиот Дух на грешната душа, ? дава да ја познае Неговата милост. За да Го познаеме Бога не ни треба богатство. Треба само да го љубиме ближниот и да го имаме смирениот дух, воздржание и послушание, и за тие добри дела Господ ќе...
Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш,
На 02.08.2019 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с.Орашац – Кумановско. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
























