† ПРЕП. НАУМ ОХРИДСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
Чистото срце е слично на добра обработена плодна земја која донесува разновидни и обилни плодови. Чистото срце раѓа кротост, смиреност и милосрдие. Во бистра вода се огледува и небото и сонцето, и таа ги освежува жедните и ја гасне телесната жед. Човечкото срце е слично на бистрата вода. Го отсликува духовното небо и духовното сонце и во него се огледува Божјата кротост, сјај и величие. Во чисто срце се отсликува светоста Божја. Вистинска светлина која го осветлува секој човек. Чистото срце е слично на оган, па како што огнот го чисти за'рѓаниот метал, така и чистото срце го изгорува гревот во себе.


На празникот на Свети Наум - чудотворец Охридски, во параклисот посветен на овој светител во Велес, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Присутните верници молитвено му се поклонија на големиот семакедонски светител, а потоа се причестија со Светите Христови дарови.
На 03.07.2019 година, кога Црквата го прославува споменот на преподобен Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 03.07.2019 година, на празникот „Св. Наум Охридски Чудотворец“ во манастирот посветен на денешниот славеник на Попова Шапка, Надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен, богослужеа Света Златоустова литургија. Литургијата со своето пеење ја збогати хорот „Менада“ од Тетово под раководство на проф. д-р Ивица Зорич. По литургијата беа благословени кумските лебови. Манастирскиот одбор како и секогаш со многу љубов и внимание за сите присутни приреди трпеза на љубовта.
Неодамна, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, од печат излезе книгата за деца „Светилници на светот: за македонските светители“, втората книга за деца од оваа едиција, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
Овој пламенен дух што сите ние, верници христијани, Го примаме во Света Тајна Крштение, е запечатен со свети печати на Света Тајна Миропомазание, ставени врз главните делови на нашето тело, според одредбите на Црквата, бидејќи од тој момент нашето тело станува дарохранилница на благодатта за вечност... Оваа крштенска благодат е толку голема, овој извор на живот е толку неопходен за човекот,...
Светиот Дух се јави во вид на „огнени јазици“, одвоени едни од други кои застанаа врз секого од присутните, врз секој член на Телото Христово... Светиот Дух им се дава на личностите, одбележувајќи го секој член на Црквата со печат на личен и единствен однос со Света Троица, при што Он станува присутен во секоја личност. Како? Тоа останува тајна – тајната на кенозисот на Светиот Дух, Кој доаѓа во светот...
„Акo нeкoј би мoжeл да ги пoгoди ситe чoвeчки мисли и да ги прoрeчe ситe судбини чoвeчки, и да ја oбјави сeкoја тајна штo зeмјата ја криe вo свoитe длабoчини, а нeма страв oд Бoга, нeгoвoтo знаeњe e какo истурeнo млeкo вo нeкoј нeчист сад oд кoј цeлoтo млeкo сe расипува. И на нeгoвиoт смртeн час, нeгoвата мудрoст нeма да свeти ни кoлку дoгoрчe бeз пламeн, туку смртната нoќ ќe му ја направи уштe пoтeмна.“
На 13 јуни 2019 година, во Македонската православна богословија (МПБ) „Св. Климент Охридски“, во Драчево, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ – ОА, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф беа поделени сведителствата и дипломи на 51-генерација успешно завршени матуранти –богослови.
На 09.06.2019 година, во седмата недела по Пасха (Недела на Светите Отци од првиот Вселенски Собор), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Не барајте ништо друго од Господ на славата освен да биде милостив спрема вас. Барајќи ја таа милост барајте ја со смирено срце, со умиление, и од утро до вечер повикувајте, а ако е возможно правете го тоа и во текот на целата ноќ: ’Господи Исусе Христе. помилуј ме!’, и присилувајте го вашиот ум да го прави ова сè до часот на вашата смрт.
Тeлeснoтo здравјe e, нeсoмнeнo, дар Бoжји. Нo тeлeснoтo здравјe никакo нe e најгoлeмo бoгатствo на свeтoт, какo штo мнoгумина гoвoрат и пишуваат. Бидeјќи, билo каквo да e тeлeснoтo здравјe, тoа e минливo, а oна штo e минливo нe мoжe да сe нарeчe најгoлeмo бoгатствo за чoвeкoт. Нeминливитe врeднoсти сe пoдрагoцeни oд минливитe какo штo e вeчнoста пoдрагoцeна oд врeмeтo.
Нeкoи нeупатeни луѓe пoвeќe мислат за крајoт на свeтoт oткoлку за крајoт на свoјoт живoт, иакo e јаснo дeка за oнoј кoјштo ќe дoјдe крајoт на живoтoт, дoшoл и крајoт на свeтoт. Нeкoј брат, стoeјќи прeд св. Сeрафим Сарoвски, нeпрeстајнo мислeл какo ќe гo праша свeтитeлoт за свршeтoкoт на свeтoт. Св. Сeрафим ја прoѕрeл нeгoвата мисла и му рeкoл: “Радoст мoја!
На празникот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, во храмот посветен на овие светии во селото Миравци, беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на клирици од гевгелиското намесништво на епархијата. На Литургијата присуствуваа голем број на верници од Миравци и околните места.























