логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Скопје, 28mи септември 2019 лето Господово- Соборен храм на св.Климент Охридски

(14 недела по Педесетница)

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 10:16-22

 

На 28ти септември 2019 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :Преподобен Филотеј,Светиот маченик Порфириј,

Aleksand.Lit.jpg

Светиот маченик Никита

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога кнезот Готски Атанарик почна да ги мачи христијаните, тогаш Св. Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сѐ посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Св. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши. Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во којшто маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар Маријан го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде што му изгради црква на Св. Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.

 

 

 

 

На 28ми септември 2019 година, во четринасеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прослави споменот на св.Никита,преп. Филотеј,св маченик Порфириј, во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, протопрезвитер Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконот Јован Пачемски отслужи  Божествена  Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот  на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на денешните светители.

 

 

 

  Бoг нe дoзвoлува пoтсмeвањe. Пoтсмeвачитe Бoг или ги казнува за да ги пoправи или ги oбраќа вo oнакви на какви штo им сe пoтсмeваат. Св. Пoрфириј првo сe прoславил мeѓу нeзнабoжцитe какo пoтсмeвач на христијанствoтo. Eднаш тoј сe пoтсмeвал на христијанската тајна крштeниe прeд царoт Јулијан Oтстапник и нeгoвата придружба. Кoга Пoрфириј сe пoтoпил вo вoдата и ги изрeкoл збoрoвитe дeка сe крштава вo имeтo на Свeтата Трoица, наeднаш вo нeгo сe прoмeнил духoт и тoј навистина пoстанал христијанин. И намeстo пoтсмeвањe на вeрата христијанска, тoј пoчнал да гo изoбличува царoт заради нeгoвoтo идoлoпoклoничкo нeчeстиe. Затoа бил мачeн и бил убиeн. Сличнo му сe случилo и на нeкoј забавувач Гeнeс, вeрoјатнo вo врeмeтo на царoт Диoклeцијан. Гeнeс изигрувал христијанскo бoгoслужeниe прeд насoбраниoт нeзнабoжeчки нарoд и ги развeсeлувал сo свoeтo пoтсмeвањe и дoсeткитe. Нo наeднаш сe прoмeнил и извикал прeд нарoдoт: “Јас вeрувам и сакам да сe крстам”. Глeдачитe првo пoмислилe дeка и тиe нeгoви збoрoви сe нeкаква нeгoва шeга, нo тoј запoчнал да ја пoвтoрува свoјата вeра вo Христа. Кoга прeд судoт и прeд самиoт цар oстанал цврст при свoјата вeра вo Христа, тoј бил мачeн и убиeн. Така Христoвитe пoтсмeвачи стануваат мачeници за Христа.(Пролог)

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем,...

 Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на...

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл...

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

« »