ПРЕПОДОБЕН ЕФРЕМ СИРИН- ПСАЛТИР
Блажени се оние кои го изнемоштуваат своето тело во бдениата, зашто им е припремена рајската веселба.
Блажени се оние кои се очистиле себе од лукави помисли, зашто во нив пребива Светиот Дух.
Блажени се оние кои го љубат Бога од целата своја душа, повеќе од целиот свет, зашто ќе бидат признати за Христови пријатели.
Блажени се оние што доброволно го зеле својот крст, и со дела го следат Христа, зашто ќе го досегнат горниот Ерусалем.


„ Законот Божји ни го пропишува она што е за наше спасение, т.е. она што го преобразува нашето срце, а не слепо исполнување на некакви правила и конвенции, како да сме некои добро издресирани животинчиња. Та Бог не нé создаде разумни посакувајќи да бидеме програмирани и дресирани. Бог нé создаде и нé љуби како личности. “
Имав лепра.
Многу одамна во еднo царство си живеел еден мудар и среќен цар. Во неговата старост тој бил тажен само за едно - немал деца. 
Блажена е душата која Го засакала Господ и од Него се научила на смирение. Господ ја сака смирената душа која цврсто се надева на Него. Таа секој миг ја чувствува Неговата милост. Дури и кога разговара со луѓето, таа е обземена од љубовта кон Господ. Преку долгите борби со злите духови таа го засакала смирението повеќе од сѐ и не им дозволува на демоните да ја избркаат љубовта кон ближните од неа.
Не сум загрижен од стравот на луѓето кои не веруваат, туку повеќе ме загрижуваат ставовите на христијаните кои сакајќи да се постават како „адвокати“ на Бога, во случајов, дрско го небрегнуваат здравјето на ближните.
По читањето на второто Старозаветно четиво, од центарот на црквата се воздигнува една трогателна и возвишена песна: „Нека се исправи мојата молитва како темјан пред Тебе, а воздигањето на моите раце како жртва вечерна“ . Овие зборови се земени од 140 псалм. За време на ова псалмопение, се кадат Престолот и Жртвеникот во олтар. Овие стихови, заедно со останатите стихови од истиот псалм се повторуваат шест пати.
За осветување на водата сведочат древните автори уште од првите векови на христијанството, како „Апостолските установи“, „Евхологион“ на свети Серапион Тмуитски, како и отците Теодорит, блажениот Јероним, Епифаниј и други. Сите говорат за осветување на водата, со повикување на Светиот Дух, и со потопување на крстот во водата и крстообразно благословување од страна на свештеникот – елементи кои се задржале до денес.
„ Искушенијата ни се секогаш од полза, но само ако сме трпеливи.
Господи Исусе Христе, Учителу на милоста,
На Проскомидијата, која вообичаено се врши за време на читањето на третиот и шестиот час,се потсетуваме на Раѓањето на Спасителот.Во исто време се потсетуваме и на старозаветните пророштва за Неговите страданија и смрт. На проскомидијата се подготвуваат Светите Дарови-лебот(Агнецот) и виното,кои се потребни за извршување на Евхаристијата и се спомнуваат живите и упокоени членови на Црквата.Душите на упокоените чувствуваат голема радост кога ги спомнуваат на Божествената Литургија.
Умот поминува низ три фази на развој: очистување,просветлување и преобразување. Знаејќи го ова,сватлив е повикот да го држиме отворен.
Литургијата на претходноосветени дарови може да биде означена, без претерување, како срце и центар на богослужението во Великиот пост. Во некои древни богослужбени ракописи таа се нарекува „Литургија на Големата четириесетница“. Всушност, оваа богослужба најдобро го опишува ова свештено време во годината.
Мудроста на овој свет не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно со идеите на овој свет, туку да Го следиме Христа.























