логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 7.Vselenski.sobor

Духовниот живот треба да вклучи во себе борба за времето. Во однос на надворешното време големо значење има доследноста и поредокот на работите. При хаос во работите на времето на нив оди (се одвојува) многу повеќе отколку што е неопходно. Исто така, човек треба да ги направи сите свои потреби – телесни и душевни, - тогаш многу грижи ќе отпаднат сами по себе. Што се однесува до внатрешното време, тука е неопходен груб филтер, што ќе може некако да го регулира текот на информацијата што пристигнува. Освен тоа, човекот треба да научи некое време да го поминаува сам, останувајќи насамо со својата сопствена душа. Нашите очи, уши и јазик често стануваат како пукнатини на сад, преку кои истекува неговата содржина. Тоа води кон внатрешно опустошување. Затоа христијанската аскеза бара контрола над надворешните чувства и над оној голем дар, што се нарекува „збор“. За обработка, пакување, сортирање и разместување на добиената информација во огромните складови на помнењето потребна е постојана потрошувачка на психичка енергија. Ако информцијата од сите видови: сликовната, говорната итн., вклучувајќи ја и емоционалната, го надминува определеното ниво, тогаш таа, како претешка работа, ја поматува психата на човекот, рамнотежата меѓу механичкото и творечкото сеќавање се нарушува. Човек што ќе изеде големо количество на храна го прави своето тело болно и млитаво. Кај ненаситен човек мускулите постепено се претвараат во маснотија и сало. Слична на ова е и психичката дебелина, кога помнењето станува како надуен стомак на душата. Најголем потенцијал на енергија поседува човечкиот дух – тоа е окото на душата. При проток на информација, што личи на поплава, душата ја одзема енергијата од духот и со самото тоа како да го голта духот. Душата, како агресор, ја освојува од духот неговата внатрешна област и, како вампир што ја шмука крвата од својата жртва, ги исцрпува неговите сили. Духот станува немоќен и болен, а ако таа состојба трае многу години, се парализира, тој престанува дури и да ја разбира својата состојба и да чувствува болка.

Ако се обидеме да ја одредиме вистинскта состојба на нашиот дух, тоа е состојба на дремка, што наизменично се менува со кратки моменти на буднсот и длабок сон. А во сонот осетот за време се губи. Времето, исклучено од вечноста, навистина минува како сон. Христијанскиот аскетизам е реанимација на духот. Треба да се освои просторот на душата од копиите, одразите и сенките на надворешното и да му се даде на духот она што му припаѓа според правото на неговото царско потекло, тогаш човекот ќе го почувствува новиот капацитет на времето, ќе ја осети леснотијата при ослободувањето од товарот на она што му е туѓо, и ќе доживее нешто слично на онаа радост што ја искусувал не еднаш во годините на детството, а потоа ја загубил и заборавил. Аскетизмот вклучува во себе покајание, молитва, борба со страстите и контрола над петте чувства. Преподобен Симеон Нов Богослов пишуваше: „Кој владее со петте чувства, тој владее со цел свет“. Ние додаваме: затоа што тој во жестока борба Му ги потчинува на Оној Кој го создал светот – Творецот на времето и вечноста.

7.Vselenski.sobor

Од книгата Тајната на спасението - Архимандрит Рафаил Карелин

  16ти ноември 2019 лето Господово

 

Друго:

 Од книгата Тајната на Спасението - Архимандрит Рафаил Карелин

7.Vselenski.sobor

 https://www.manastirslepche.mk/novost/zoshto-ima-s-pomalku-vreme-arhimandrit-rafail-karelin/

“Во почетокот беше Словото,
и Словото беше во Бога
и Бог беше Словото.” – Јован 1,1

Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1261
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1129
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…