Архимандрит Андреј Конанос - Од лошо кон полошо

Сите овие работи се експлоатирааат во голема мера, влијаат врз психологијата на човекот, и во суштина немаат никаква почит кон човечката душа – ја разболуваат. Впрочем тие го знаат тоа. Знаат дека душата ти е ранлива и дека лесно може да се заведе, многу добро го знаат тоа, а целта им е душевно да те уништат.


Јас веќе сум ти зборувал за ова. Кога христијанинот со полна доверба се предава на Господа, тогаш Тој испраќа мир и спокој, и во телото на човекот, и во неговата внатрешност. Како резултат на тоа, внатрешните органи и жлездите започнуваат да функционираат нормално и ние се ослободуваме од она што порано ни пречело и повторно стануваме здрави.



































