Митрополит Антониј Сурожски: За смртта – свест за сегашноста

Постои светоотечко кажување, кое се повторува низ вековите, дека треба да се сеќаваме на смртта низ целиот наш живот. Но ако ваквото кажување му се повторува на современиот човек, кој страда од плашливост и недостиг на вера и опит, што преовладува во нашево време, тој ќе помисли дека е повикан да живее во сенката на смртта, во матна состојба...




Сте забележале ли, дека во денешно време никој за ништо не е виновен и дека сите се разбираат од сè? Освен фудбал и политика, Православието исто е популарна тема. Секој, кој што се крстил, веќе го кажува своето мислење каква треба да биде Црквата. А како што гледам дури и некрстените имаат мнение по тоа прашање.






Пишувам денес, 11 септември, на празникот на св. Јован Претеча. Вчера вечер ревносно отслуживме Вечерна во еден параклис. Бевме само два-тројца мажи и неколку жени. Утрово служевме Литургија, и повторно – само неколкумина верници. Продавниците надвор беа отворени, сите работеа како да не се празнува најголемиот светител во нашата вера.
Крштението е света тајна во која човекот, откако претходно ќе ја исповеда правата (православната) вера, преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе..

























