МОЛИТВА КОН СВЕТИТЕ ПРВОВРХОВНИ АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ
Заради Господа Христа вие се сте оставиле, но затоа Него сте Го добиле; Него - единствениот Бог на небото и земјата, а со Него и сите Негови богатства : вечната Божја вистина, вечната Божја правда, вечната Божја љубов, вечниот Божествен живот. Поделете ни и нам, грешните, по некоја трошка од Неговата Божја вистина, од Неговата Божја правда, од Неговата Божја љубов , од Неговиот Божествен живот, па и од нас, безобзирните, да побегне секоја лага, секоја неправда, секоја омраза, секоја злоба, секоја пакост, секоја гордост, секоја алчност, секој гнев, секој јад, секоја завист, секоја лукавост, секоја страст, секое зло, секој грев, секоја смрт, секој ѓавол, секој пекол.