ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ☦
Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината. Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек што доаѓа во светов (Јн. 1, 8 – 9).
Поради голема насушна потреба од верниот народ ,а со благослов на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г.Стефан и со благослов на Ерусалимскиот Патријарх г. г. Теофил и со благослов на Антиохискиот Патријарх г.г. Јован,
ќе биде донесено парче од Светиот Крст Христов и со допуштање на пазителите на кивот со светите моштите на ☦Св.вмч.Георгиј Победоносец, ☦Св.Нектариј Егински, ☦Св.Јован Кукузел,☦ Св. Јован Шангајски, ☦Св.Серафим Саровски и дел од појасот на ☦Пресвета Богородица од Ватопед заштитничка на Света Гора, ќе бидат донесени во храмот на св.вмч.Георгиј Победоносец во Чаир на вечерната богослужба која ќе почне во 17 : 00 часот, 05.05. 2026 лето Господово.
☦️06.05.2026 г. Златоустова литургија со почеток од 8:00 часот.
☦ Христос Воскресе - Навистина Воскресе


























