логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT5

За Исусовата молитва

            Единствената смисла на Исусовата молитва е покајанието! Ние се молиме: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот! Ова значи покајание. Со други зборови, ако се молиш без покајание значи дека во себе ја вгнездуваш гордоста и дека си на погрешниот пат. Зошто Му се молиме на нашиот Господ Исус Христос да нѐ помилува? Затоа што сме грешни. Според тоа, оваа молитва треба да ја изговараме само со покајание. Ако во тебе има гордост, макар и малку, Господ нема да те помилува. Лукавиот го знае ова, бидејќи тој падна заради гордоста.         

Затоа тој преку гордоста ги сее страстите во срцата на сите луѓе во светот. Непријателот ни шепнува: „Слава Му на Бога! Ти си монах. Не си како останатите луѓе. Грешен си, но не си како останатите луѓе“. Во ова е големата духовна штета и пропаст за христијанинот. Колку се поголеми даровите кои си ги примил, без разлика дали си епископ, свештеник, ѓакон, монах, лекар, професор, инжињер и сл. треба да се сметаш за поголем должник на Бога и погрешен од останатите луѓе. Ако св. апостол Павле, кој бил вознесен до третото небо и ги чул тајните за кои „окото не ги видело, увото не чуло, ниту на човекот на ум му паднало“, се смирува себеси, велејќи: „Христос дојде во светот да ги спаси грешните од кои првиот сум јас“, зошто тогаш ние, острастените и полни со гревови, се гордееме? Колку повеќе ќе се исчистиш од гревовите и ќе Му се приближиш на Бога, во Божествената Светлина појасно ќе ги видиш своите страсти и гревови. Ги гледаш во нивната вистинска големина и количина, а ја гледаш и темнината на своето срце.

             Ако се сметаш себеси за погрешен од сите луѓе, дури и од демоните кои непрестајно поробуваат и присилуваат на секакво зло, тогаш ќе те посети Светиот Дух. Гордоста е многу штетна за духовниот живот! Затоа св. Јован Дамаскин во каноните на Пресвета Богородица вели: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка, помилуј ме грешниот; најгрешниот од сите луѓе“. Тој ова не го кажал туку така, туку благодарејќи на смирението, тој се смета себеси за најнедостоен и полош од секој човек.

Ако вака се смируваме, седобриот Бог може да ни помогне да го наследиме небесното Царство, бидејќи смирениот грешник е пооправдан пред Бога отколку гордиот праведник. Оној кој се украсува со секое добро дело, а ѝ робува на гордоста, Бог ќе допушти да падне во грев, за на тој начин да се смири.

Затоа Господ ни ја остави приказната за цариникот и фарисејот. Фарисејот имал добри дела, но бил горделив, велејќи: „Јас не сум како останатите луѓе и како овој цариник. Заради гордоста, тој не го добил Божјиот благослов. А цариникот не се обидел ни погледот да го подигне, велејќи: „Боже, биди милостив кон мене грешниот!“ И поради своето смирение примил благослов од Бога. Така тој излегол од храмот оправдан и исполнет со благодатта на Светиот Дух.
 

Старец Дионисиј


Богољубивиот Старец е роден 1909 г. во Романија , а во 1926 дошол на Света Гора. Се подвизувал во романскиот скит Св. Георгиј. Тој е еден од последните монаси кој во текот на првата половина на 20 век бил во контакт со светите светогорски подвижници. Се упокоил во 2004 г. на 95 години. Бил монах 82 години од кои 77 поминал на Света Гора.

Извор: МПЦ-ОА

 Јануари 2023 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6730
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6554
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5736
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2024 - четврток

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов странопримец Евлогиј 27 април / 10 мај 2024

Тропар на светиот Христов странопримец Евлогиј 27 април / 10 мај 2024

О отворени врати небесни,за тебе свети Евлогие, кој Авраам го поддржуваше и од Самарјанинот се поучуваше. Радувај се свети подвижнику,...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик епископ Василиј Амасијски 26 април / 9 мај 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик епископ Василиј Амасијски 26 април / 9 мај 2024

Тагата, маките, огнот, мечот и смрттане те разделија од љубовта Христова,тебе Василие слуго на Бога Вишниот,пастиру на стадото словесно и...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 25 април / 8 мај 2024

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 25 април / 8 мај 2024

Крстот свој во времениот живот носејќи го,на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваасо кои светот сакаше верата во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная