логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

ИКОНА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА БОГОЉУБИВА
(за избавување од епидемии)

▪Оваа икона е прославена за време на епидемијата на чума во 1771 година....

 

 Иконата на Богородица "Богољубива" е чудотворна икона која е почитувана во Руската Православна Црква. Таа е напишана во 1157 год. (12 век.) од Великиот Кнез Андреј Богољубив во спомен на појавувањето на Богородица пред него.

Според православното предание за време на пренесувањето на Владимирската икона од Вишгород во Залјес, пред шаторот на кнезот Андреј Јуревич му се појавила Пресвета Богородица и повелала тој да ја постави иконата во Владимирово. На местото на појавувањето на Богородица, кнезот основал своја резиденција (сегашно село Богољубово), поради што побарал да се напише икона изобразувајќи го Нејзиното појавување.

Новиот образ (икона) беше поставен во замокот Богољубов (според некои сведоштва, заедно со самата Владимирска икона).
Подоцна на местото на замокот се појави манастирот Богољубов.

Иконата ја отсликува Богородица без Младенецот, во молитва пред Господа, прикажан во небесен сегмент. Во Нејзините раце обично е прикажан свиток на кој пишува:

• Владико Многумилостив, Сине и Боже Мој, Те молам, нека Божествената добрина биде врз Твоите луѓе и светлиот зрак на Твојата слава нека се спушти на местото што сум го избрала.

• Владико Многумилостив, Господи Исусе Христе, Сине и Боже Мој, приклони го увото Твое кон Мене, зашто Јас се молам за светот.

• Цару Небесен, Многумилостив и Премилостив, Владико Боже и Човекољупче, Создателу на секоја твар, Господи Исусе Христе, дарителу на секое добро, Човекољупче, Сине и Боже Мој, услиши ја молитвата на слугинката Твоја и Мајка, прими го секој човек кој Те слави Тебе и Мене, Твојата слугинка.

• Владико Седржителу, Сине и Боже Мој, приклони го увото Твое и услиши ја молитвата на Твојата Мајка, молејќи го името Твое свето и помилуј.

***

Во 1771 год., градот Владимир беше зафатен од епидемија на чума. Во овој момент Богородица се појави пред неколку побожни луѓе и повела да ја донесат Нејзината икона од Богољубово во Владимирово.
Во самиот манастир и во близина околу него немаше чума. Откако иконата беше доставена во Владимирово, чумата престана и таму.

Според преданието иконата помогнала и при епидемии на колера.

При повторување од епидемиите од колера и чума, руските градови ги спасувале молитвите не само пред првичната икона, туку и пред другите Богољубиви икони.

Така на пример беше во времето на епидемијата од колера во Јуриевски (1848), во Малојарославец (1848, 1853) и во Боровск (1853).

***

ТРОПАР, гл. 4

Богољубива Царице, неискусомажна Дево, Богородице Марие,
моли се за нас на Оној Кој Те возљуби Тебе и од Тебе се роди, Синот Твој, Христос нашиот Бог, да ни подаде
простување на гревовите, мир, просперитет, на православниот народ наш спасение.
Градовите на нашата земја (*) од туѓинци одбрани ги и од меѓусебно војување зачувај ги.
О, Мајко, Богољубива Дево!
О, Царице Сеопеана!
Со ризата Твоја покриј нé од секое зло, од видливи и невидливи непријатели заштити нé и спаси ги нашите души.
---------
(*) тука е спомната земјата Русија
----------


***
МОЛИТВА КОН БОГОРОДИЦА ПРЕД НЕЈЗИНАТА ИКОНА "БОГОЉУБИВА"
(за избавување од епидемии)

О, Пресвета Госпоѓо, Богородице, Мајко Богољубива, Надеж за наше спасение!
Погледни милосрдно кон оние кои со вера и љубов Ти приоѓаат и се поклонуваат на пречистата Твоја икона: прими го нашето похвално пеење и излиј ја Твојата топла молитва кон Господа, за нас, грешните, да ги презре сите наши гревови, да нé спаси и помилува.
О, Пребожествена Владичице!
Покажи ја кон нас, чудесната милост Твоја.
Умилно Те молиме, избави нé од секоја тага, постави нé на патот на добродетелите и добрините, спаси нé од искушенија, беди и болести, изми ги од нас клеветите и кавгите, сочувај нé од громови, пожари, глад, потоп и смртоносни епидемии, подај ни ја Својата милостива помош, на пат по море и на копно, за да не загинеме.
О, Семилостива, Богољубива Мајко, со цврста надеж повикуваме кон Тебе, ја упатуваме нашата бедна молитва!
Не отфрлај ги нашите солзи и воздишки, не заборавај нé во сите наши денови, но секогаш пребивај со нас и со Твоето застапништво пред Господа, подај ни радост, утеха, заштита и помош, да го славиме и величаме преблагословеното и сеопеано име Твое. Амин.
_________

Фото: првичната икона на Богородица "Богољубива",

 

 


XII век

Извор:


https://ru.m.wikipedia.org/…/Боголюбская_икона_Божией_Матери

https://zlatoust-dp.church.ua/…/o-chem-molyatsya-pered-bog…/

 

Изборот го подготвиa:

 

Снежана Корнет

ФБ профил на:  Vesna Smilkova

 

Друго:

 

Bogorodica.Hristos.c.jpg

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2770
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1949
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…