логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



Со страв Божји, вера и љубов отстапете!


Со страв Божји, вера и љубов отстапете! Лошо звучи, нели? Секако, на секоја Литургија сме навикнати да слушаме: „Со страв Божји, вера и љубов пристапете!“ Овој повик, како светилник, на секој христијанин му дава правилна насока во духовниот живот. Христос ни заповедал да пристапуваме кон Животодавниот Леб и Спасителната Чаша со Неговите Тело и Крв.

„Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: Ова е моето тело, што се дава за вас; правете го ова во Мој спомен! Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролива за вас.“ (Лука 22:19,20) „Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде.“ (Кор. 1-11:26) – појаснува свети Павле.

Христос е Нашиот Пат, Вистина и Живот, Он е Глава и темел на Црквата. Неговото вочовечување, искупителната жртва и воскресението се главен факт на кој се гради нашата вера. Во Христа ние наоѓаме надеж, дека не сме бесмислена случајност во овој свет и дека нашиот живот не е исчезнување во мачителна пустота, туку движење кон полнотата на животот, радоста и апсолутното добро. Ние веруваме дека Христос нè ослободил нас, безнадежните, од вечната власт на смртта и адот, ние го чекаме воскресението на мртвите и животот во идниот век, кога Бог ќе ја избрише секоја солза од лицето на човекот.

Оваа вера се возвестува со зборовите: „Со страв Божји, вера и љубов пристапете!“ Со оваа вера ние со благодарност пристапуваме кон Чашата. Со цел повикот на Евхаристија да биде чуен, повеќеслојниот црковен живот во овој свет веќе две илјадолетија пламти со нејзините Вселенски и помесни Собори, со борбата за чиста вера, со богатото богословско и културно наследство, со храмови и епархии, со служења и служители, со молитви и молитвеници.

На почетокот, за христијаните било незамисливо да присуствуваат и да се молат на Литургија и да не се причестат, како што се случува кај нас денес. Учеството во Евхаристијата ги прави христијаните Црква; преку Евхаристијата ние се воцрковуваме и ја градиме Црквата. Единството на духот и верата, кое се наоѓа во Чашата, сè посилно ги соединувало родните и крвните врски.

Во Чашата, луѓето стануваат браќа и сестри во Христа, пријатели еден на друг. Затоа причестувањето не се разбирало како пројава на индивидуалната благочестивост или лично дело на секого. Тоа било заедничко дело на сите присутни. Причестувањето не се разбирало како категорија на права и должности, како што вистинското пријателство, вера, надеж и љубов не припаѓаат во оваа категорија. Тоа се разбирало како радосна благодарност и доверба во Бога.

Раните христијани, кои вака го разбирале причестувањето, не знаеле за нашите современи проблеми на воцрковувањето, за отсуството на живи црковни заедници и егзистенцијалната криза на животот на Црквата. И прашањето „дали може и треба крстениот човек да се причести на Литургија“ ним би им звучел крајно бесмислено. Бесмислено звучи и сега.

Од првите векови на христијанството до сега, не се измениле ниту учењето на Црквата за Евхаристијата, ниту црковните догми, ниту Новозаветните текстови. И во современата редакција на светата Литургија, како и во древните, не постои дури ни навестување дека покрај огласените или одлачените уште некој од присутните на Литургијата не се причестувал.

Никаде нема споменато за луѓе кои присуствуваат, а поради каква било причина не се причестуваат. Нема споменато и не може да има.

Литургијата не е претстава, не е концерт, и не е религиозен празничен настан, на кој побожно треба да се постои и да се послуша. Литургијата не се набљудува, туку во неа се учествува. Таа подразбира учество и причестување со присутните на Тајната на Спасението кога тие со страв Божји и вера пристапуваат кон Путирот.

За жал, она што било очигледно тогаш, за мнозина денес останува неочекувано откритие.

Во денешно време сведоци сме на тажен парадокс. Повикот „Со страв Божји, вера и љубов пристапете!“ за многумина во Црквата звучи како „Со страв Божји, вера и љубов отстапете!“ И што е уште пострашно, тука не станува збор за номинални христијани, кои се далеку од оваа тема и од црковниот живот. Тука станува збор за црковните луѓе и за тажната традиција на ретко причестување. И покрај тоа што денес постои охрабрувачки напредок во врска со ова прашање, сепак многу верни сè уште се плашат од „честото“ причестување, т. е. да се причестуваат во неделите и за празниците, кога вообичаено се на Литургија.

Помеѓу оние кои се плашат има и голем број на активни приврзаници на преданието на ретко причестување. Дури и многу пастири неуморно потсетуваат дека „честото“ причестување е погрешно и опасно. Што вредат срцепарателните истории, кога на луѓето не им се дава да се причестат на Божик и Пасха!

Самиот Христос на негов начин ги осудува благочестивите ревнители за традицијата – фарисеите: „Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи“. И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.“ (Марко 7:8-9)

Праксата на ретко причестување е пракса на псевдоблагочестивите преданија и воопшто небогоугодни традиции, кои ги заменуваат Христовите заповеди. Исто важи и за приврзаниците на реткото причестување, иако тие божем се раководат според повикот „со страв Божји, вера и љубов…“ Веднаш после тие зборови, тие почнуваат да раскажуваат зошто не смее да се пристапи и зошто е потребно да се отстапи.
Светињата е за Светиите

Светињата е за Светиите

Светињата е за Светиите

Тие „зошто – аргументи“ се мрачни, разновидни и подеднакво несолвентни. И Марија Египетска два пати во животот се причестила и била света. Уште и велат дека човек може да се привикне на причестувањето. Па и децата можат да се привикнат на родителите ако често се заедно. И што треба сега, да го прогласиме тоа за штетна навика и да го претвориме општењето на децата со родителите во редок и мачен празник?

Постот и менито се помеѓу главните проблеми. На крајот излегува дека, во нашиот живот нема поголема подлост од тоа случајно да каснеме некое колаче. И читање на правилото – што понеподносливо, тоа поправилно.
Причестувањето за нив не е радост, туку тага.

Се разбира, никој не вели дека може да се пристапува без расудување и испитување. Се разбира дека Таинството не смее да се профанизира. Во храмот доаѓаат разни луѓе, со различна вера и разбирање, и потребни се некакви рамки. Но не треба да се носат до крајности. Ние сме призвани да помогнеме, а не да му отежнеме на човекот да дојде до Чашата.

Пред причестувањето, за црковните луѓе нема потреба дополнително да постат, ако постат во деновите кои се одредени од црковниот устав или пак ако не можат да го извршат тоа поради здравствени причини.

Што се однесува на молитвеното правило, добро е да се има на ум дека секој човек има своја мера и свои околности. Паметните луѓе никогаш не се присилуваат да јадат исто количество колку што јадат атлетичарот и балерината, војникот и спортистот. На едниот ќе му биде многу малку, а на другиот премногу. Правилото не постои за човек да го чита, туку за да се моли.

Се разбира дека „Молитвите по Света Причест“ постојат за да се сосредоточиме на овој важен настан и да се помолиме. Па и најглавниот дел на правилото пред Причест е самата Литургија со нејзините молитословија и нашиот живот помеѓу причестувањата.

Така и исповедта. Таа воопшто не е психоаналитичка сеанса, после која човекот си заминува со невротично чувство на вина. Зарем човекот е должен, да се изнагреши или нешто да измисли за да се исповеда една недела после претходната, без коешто нема да му дозволат да се причести? Зарем не е поприродно да очекуваме од исповедникот, да каже дека претходната недела се причестил, и за таа недела, слава на Бога, не направил смртен грев?

На пастирите не им се дава право да бидат бариера помеѓу верникот и Христос. Причестувањето е пројава на свесна вера на верниот христијанин, а не милост на свештеникот. За недопуштање, мора да постои многу сериозна причина. Во суштина, недопуштањето човек да се причести е одлачување од Црквата. А во Чашата, и следствено, во подготовката за причест, ние сме сите еднакви – и свештениците, и мирјаните, затоа што над сите нас е Христос.

Тука би било фер да напоменам дека, многу зависи, не само од позицијата на свештеникот по ова прашање, туку и од секој парохијанин: колку тој сака да биде со Христа?

Реткото причестување нечесно е да се оправдува со зборовите на светиот апостол Павле за недостојното вкусување на Телото и Крвта Христови: „Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат“ (1 Кор. 11:27-30).

Тука, тој не говори за оние кои редовно со вера се причестуваат; тогаш тоа било норма. Тој зборува за оние кои приоѓаат не поради Христа: „Но, собирајќи се така заедно, не значи дека јадете вечера Господова; зашто секој брза да ја изеде својата вечера пред другите, така што еден останува гладен, а друг се опива. Немате ли куќи за да јадете и пиете? Или ја презирате црквата Божја и ги срамотите оние, што не се имотни? Што да ви речам? Да ве пофалам ли за тоа? Не ве пофалувам!“(1 Кор. 11:20-22).

Зборовите „со страв Божји“ не призиваат на робовски страв од тоа да не му се угоди на божеството и на уподобување на човекот со еден талант од евангелската приказна. Стравот Божји е благодарен и трепетен однос кон Бога, Кој нè повикал во Неговото општење и нè љуби нас и покрај тоа што сме недостојни за тоа. И тоа е главно! За да не ја одбиеме Божјата љубов, треба да Му веруваме.

„Со вера“ значи со доверба. Оние кои се причестуваат редовно и често, приоѓаат кон Бога, не дрско, туку со доверба.

Секоја Литургија нè сместува внатре, во собитието на таа Евангелска Тајна Вечера, и Христос невидливо присуствува со нас. Зарем е нормално, на Неговото „примете, јадете, ова е Телото Мое“ да одговориме „Почекај, не денес, сè уште не сум подготвен?“ Па тогаш, зошто сме дошле?

За крај, би сакал да го наведам одговорот на игуменот на светогорскиот манастир Ватопед, архимандритот Ефрем, на прашањето за праксата на причестување за време на неговата средба со студентите на Московското духовно училиште, која се одржа на 19 мај, 2009 година:

    Исповедта во Грчката Црква не е поврзана со причестувањето. Човекот, кој не извршил смртни неопростливи гревови, нема пречки за да се причести. Причестувањето доаѓа од љубовта на срцето; причестувањето е стремеж на срцето. Молитвеното правило пред причест во Грција е следствено на причестувањето. Постојат канони, но нивното читање не треба да се озаконува. Во прашањето за подготовка не може да постои принудување. Исто се однесува и на постот. Оној кој ги исполнува сите востановени од Црквата пости, тој го исполнува својот долг, а нема правило да не им се дозволува да се причестат на оние кои не постат.

Затоа, да не отстапуваме, туку со страв Божји, вера и љубов да пристапиме!

Благословен е секој кој доаѓа во името Господово!

Протојереј Виктор Куљгин


Извор: Агапи



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5857
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6662
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6468
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5652
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная