логоFacebookTwitterYouTubeeMail

„Практикувањето култура од страна на полуобразованите моќници е еднакво погубно како кога рудар би практикувал акушерство“, вели филмскиот критичар, радиоводител и писател Влатко Галевски



Промоцијата на Вашата нова книга „Исповедни финеси“ собра убава публика и некако целиот настан беше мошне инспиративен и интересен, навраќајќи не' на вистинските вредности, на траењето, на суштината. Дали тоа беше и Вашата идеја во создавањето на овие толку искрени исповедни финеси?

Не милувам да ја толкувам искреноста како карактерна особина, туку како состојба, барем кога се врзува со творењето, со пишувањето. И не само во рамки на толкувањата на реалноста, туку и како зборовна фикција. Оттука, идејата да се пишува со елементарна искреност е повеќе одлика на моите ставови кон луѓето и настаните кои се спомнуваат во книгата. Веројатно, во тоа лежи причината што на промоцијата дојдоа драги луѓе, добронамерници, пријатели, не само мои, туку и меѓу себе. Мојата идеја водилка во „Исповедните финеси“ беше нурнување во сопствените сеќавања, а промоцијата чинам дека ги поттикна присутните во истата насока.

Да, токму така, читањето на Вашите сеќавања некако го тера човек да се наврати и на своите. Интересно е чувството, неповторливо, па дури честопати и непредвидливо. Но, во секој случај прекрасно. Не заради настаните кои честопати и не се такви, туку поради задржувањето на мигот и откривајќи една поинаква перспектива. Што откривте Вие пребарувајќи по сопствените сеќавања?

Се радувам што во Вашето прашање е потврдена не само мојата, туку и универзалната човекова потреба да се навраќа на сеќавањата, зашто тие се единственото нешто што го дефинира нашиот живот, вредностите, сакањата, не ретко и непријатните искуства, но во тоа се крие животното азно, тоа ни ја дава новата мотивација за наредниот ден по кој ќе бидеме побогати за уште едно сеќавање. Да, точно е, сеќавањата се миговни реминисценции од кои се плетат мали, но значајни приказни, а кои го оправдуваат нашето досегашно, но и понатамошно постоење.

Пребарувањето по сопствените сеќавања и откривањето на суштинските вредности во нив не ретко знае да биде и не толку розово, напротив, често дури и болно и вознемирувачко. Како постојано да водиме борба на радоста на животот со стравот од таа радост. Можеби исчезнатите сеќавања е добро што ги нема, па сепак постојано сме во потрага по нив. Менталната авантура е, сепак, посилна од физичкиот напор за нејзино одбегнување.

Издавачот „Или-или“, односно Игор Ангелков, рече дека сте дел од онаа урбана слика на градот и дека упорно се борите против шундот и кичот. Мора да кажам дека се согласувам со тоа и дека сум одушевена колку ненаметливо, со она што го работите, успевате да се наметнете. Како самиот лично наоѓате начин да се изборите со она што не Ви се допаѓа и да истраете на своето, без оглед дали некој тоа денеска го забележува или не?

Борбата со невкусот никогаш не била силната страна на институциите. Напротив, тие на свој начин се негови промотори, поддржувачи и апологети. Тоа е така зашто колективизмот практикуван во политиката го пренесуваат и во сферата на културата и уметноста. Затоа верувам само во индивидуални реакции, субверзии, критики и противења во однос на колективниот кич. Невкусот е подеднакво опасен колку и полициското насилство, на пример. Бидејќи се генерирани од истите центри на моќ, од истите канцеларии на неукоста и провинцијалноста. Практикувањето култура од страна на полуобразованите моќници е еднакво погубно како кога рудар би практицирал акушерство! А тоа колку мојот личен ангажман некој го препознава или не, скоро да не ме интересира. Јас водам лична војна против секаков вид сервилност, полтронство и, пред се', против културниот непотизам. Моето згрозување од овие категории никој не може да ми го забрани! Дури и кога тоа јавно го искажувам или пишувам!

Работите на фестивалите „Синедејс“ и „Астерфест“, каде што се обидувате да вклучите што повеќе млади и што повеќе македонски имиња како во жиријата, така и низ критичките осврти, со кои ги поттикнувате младите кон овој жанр. Две децении на радио ја водите и емисијата „Слушајте филм“, а овде би ги споменала и дебатните филмски вечери што ги организирате секоја среда, прво во „Менада“, а сега во МКЦ и на кои имате повеќе публика од некои филмови во кино... Од каде толкава упорност и ентузијазам?

Мене ме интересира активниот однос кон филмот, многу повеќе отколку обичниот конзумеризам. Токму домашните филмски фестивали ги земам како добра почва за таквата активна релација помеѓу младите и филмот. Постојано и без исклучок, секаде каде што има можност повикувам талентирани и умни девојки и момчиња кои се кадри да навлезат во суштинските вредности на филмската уметност и кои патем ќе се едуцираат преку процесот на селективност. Во таа насока функционира и емисијата „Слушајте филм“ на „Метрополис радио“. Емитувани се преку 2.000 часови филмска музика и за мене, и по нејзиното 20-годишно опстојување во етерот, емисијата се' уште е радост и предизвик. Се' уште учам и откривам нови димензии на оваа благородна уметност. Крајно пребирливо, се разбира. А со оглед дека кај нас речиси не постои филмска критика, дебатниот филмски клуб „Лале“ во МКЦ е место каде барем вербално се „критикува“ и тоа е еден од начините за комуникација помеѓу филмофилите во градов. Е, тоа го „одработувам“ од чист ентузијазам. Доказ, дека на секоја возраст е можна љубов...

Имате напишано голем број филмски критики, а и сега подготвувате нова книга рецензии фокусирана на македонскиот филм. Можеме ли генерално да проговориме за состојбата со македонската кинематографија, земајќи го предвид нејзиниот развој низ годините?

Прилично болна тема. За жал, повеќето македонски режисери не сфатиле дека нивно животно промашување е што се посветиле на филмот без поддршка на талентот. Сепак, од она што досега е снимено, 20 отсто е многу лошо, 75 отсто е просечно, а 5 отсто добро. Процентите отприлика одговараат на бројот на снимени филмови во Македонија. За среќа, пак, кај неколкумина млади режисери веќе препознавам значаен потенцијал.

А што се однесува до подготовките за нова книга, некако предолго ја пакувам. Замислена е да биде пресек на македонскиот игран филм прикажан преку куси рецензии. Еден вид филмски водич во целокупната домашна играна продукција. Можеби одолговлекувам затоа што не сум задоволен од количината на субверзивност и критичност кон повеќето македонски филмови.

Утрински весник- Сунчица Уневска



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 135
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 135
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 154
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл...

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

« »