логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Инспирацијата ја наоѓам во обичните луѓе, бидејќи мислам дека секој човек има приказна, која е единствено негова и која вреди да биде раскажана. Јас сакам да ги најдам тие приказни и да ги претворам во нешто исклучително, што би било убаво спакувано и вредно за споделување, вели Миралјес

 

ФРАНСЕСК МИРАЛЈЕС, ШПАНСКИ ПИСАТЕЛ

Во последниве неколку години, Франсеск Миралјес се вброи меѓу најперспективните и најпопуларни шпански писатели од помладата генерација, чии преводи на книги растат постојано. Македонската читателска публика ја освои со романот „Љубов со мали букви“, кој за брзо време се најде на светските листи на бестселери. Тој е многустран уметник, човек со различни интереси. Во литературата влегува со детската книга „Хаику за Алисија“, за која ја доби наградата „Ангулар“. Неговиот нов роман „Барселона блуз“ беше повод за неговото гостување на скопскиот Саем на книгата, на штандот на издавачката куќа „Три“, каде што имаше средба со читателите, кои во редици чекаа да добијат автограм и фотографија со него. За Скопје вели дека е многу жив град и дека со нетрпение чека повторно да го посети, а како што најави, тоа ќе биде многу наскоро.

Издавачот „Три“ го најави „Барселона блуз“ како дело во кое лесно ќе се вљубат читателите. Може ли да нѐ упатите малку во неговата содржина?
- „Барселона блуз“ е роман создаден според вистинска приказна, за авантурите на еден издавач, кој всушност е и мој многу добар пријател. За човек што ме научи сѐ во животот, личност што е мој гуру. Покрај ова, во „Барселона блуз“ има и приказни што нѐ учат на мали, но многу важни работи во животот.

За вас велат дека сте писател што го пронашол патот до срцата на читателите токму поради тоа што пишувате за теми што допираат длабоко преку користењето едноставни, но моќни зборови...
- Понекогаш оние автори што се на почетокот од кариерата толку многу сакаат да раскажат комплицирани работи, како што е на пример љубовта, со исто толку комплицирани зборови. Меѓутоа, понекогаш треба да бидеме малку како Јапонците, да го искористиме нивното хаику, оти таквите комплицирани работи се кажуваат токму со едноставни зборови. Токму тоа е и мојата мисија - да успеам комплицираните работи да ги кажам со што помалку зборови.

Се имате пробано во разни жанрови: роман, детска литература, трилер, како и во доменот на психологијата и филозофијата. Каде најмногу се истакнува вашиот творечки сензибилитет?
- Ако мора да изберам, би кажал дека тоа е инспиративната литература, која покрај тоа што раскажува некаква приказна, сепак е преполна и со многу пораки што читателот ќе може да си ги собира читајќи ја и кои за него би претставувале натамошна инспирација.

Каде ги наоѓате приказните од вашите романи?
- Инспирацијата ја наоѓам во обичните луѓе, бидејќи мислам дека секој човек има приказна, која е единствено негова и која вреди да биде раскажана. Јас сакам да ги најдам тие приказни и да ги претворам во нешто исклучително, кое би било убаво спакувано и вредно за споделување. Исто така, целта ми е да им понудам пријателство на моите читатели и да им помогнам преку моите книги да поминат низ животот и низ сите комплицирани нешта што животот ги носи во себе.

Постојано патувате и токму по тоа сте познат. Сметате ли дека писателот, без оглед каде и да се наоѓа, секогаш ги има истата инспирација и материјал за пишување?
- Колку повеќе човекот патува, толку полесно ги наоѓа приказните. Секогаш кога првпат одам на некое место, запознавам луѓе што имаат толку многу приказни што се вредни за раскажување, лични, но и за самите места, така што патувањата се одличен извор за инспирација.

Како изгледа вашиот идеален читател? Дали тој постои?
- Не постои идеален читател, всушност секој читател е идеален. Не би можел да замислам како тој изгледа, но за мене читателот е шеф кому сакам да му ги исполнам сите очекувања.

Светот денес е преплавен со бестселери, кои добро се рекламираат и имаат големи тиражи. Што мислите, колку со тоа вистинската книжевност добива, а колку губи?
- Бестселерите се за оние што не читаат или можеби прочитале една-две книги во годината или, пак, за да си пополнат место во домашната библиотека поради некаков тренд. Вистинските читатели не можете да ги натерате да прочитаат нешто, бидејќи тоа се луѓе што точно знаат што сакаат. Тие кога ќе влезат во книжарница имаат веќе свои критериуми и знаат што да купат. Ниту добрата реклама ниту големиот тираж не може да го натераат вистинскиот читател да прочита нешто што не сака.

Со години успешно се занимавате и со музика, како активен член на две музички групи „Никосија“ и „Хотел Гуру“, каде што свирите пијано и пишувате текстови... Како наоѓате време за сето тоа?
- Она што за мене претставува задоволство, никогаш не може да ме исцрпи. Можеби физички понекогаш се чувствувам изморено, меѓутоа сето она што го работам за мене претставува вистинска релаксација. Секогаш кога имам слободно време сакам да ми биде исполнето со пријателите и да музицирам.

Иако кратко бевте во Скопје, како ви помина престојот?
- Скопје е навистина жив град, ми се допаѓаат атмосферата и култура, како и кафулињата. Луѓето се многу отворени и топли. Планирам набрзо повторно да дојдам во Македонија, со пријател и сакам да посетам што повеќе градови од оваа земја.      
       
Автор: Ивана Нолчева / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.       Фотографија: Maja Јаневска-Илиева

Извор: Нова Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 122
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 121
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 138
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021 )

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »