логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

fest.aster.jpg


Во понеделникот на 10 декември, со почеток во 18,30 часот, со благослов на Неговото Високо Преосвештенство Владиката Струмички г. Наум, во НУЦК Антон Панов во Струмица беше инаугурирана Тивериополска Филмска Алијанса. За таа прилика од ризницата на Кинотеката на Македонија и Вардар филм беа прикажани филмовите "Затемнување" на Мелиес (снимен точно пред 100 год.) и "Средновековни фрески во Македонија"  на Кочо Недков (снимен пред 50 години). Тивериополската филмска Алијанса (ТФА) ќе биде партнерски и организационен субјект на филмскиот фестивал Астер фест и во соработка со Кинотеката на Македонија и други странски филмски архиви, веќе се подготвени следни тематски циклуси на филмови, средби со автори и трибини во Струмица.

fest.aster1.jpg

ТФА како иницијатива беше пласирана на последното издание на АстерФест во Струмица, и тоа како платформа за проширена Балканска и Југоисточноевропска фестивалска програмска размена и филмски ко-продукции помеѓу 15 субјекти (од Македонија, Албанија, Бугарија, Кипар, Турција, Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Молдавија, Романија, Унгарија и Косово) основани во новиот милениум. ТФА во Струмица ќе се развива како своевиден Институт за краток и документарен филм, единствен од ваков тип во Светот, со профилиран дискурс за истражување, дигитализација и промоција на овие форми на уметничко и интермедијално изразување.
Во таа насока, ТФА во рамките на глобалната културна мрежа "Растко" подготви веб-портал кој треба да биде електронска библиотека на културата и традицијата на Македонија, која може да се пребарува на адресата македонија.растко.нет. Бројот на делата и авторите од повеќе уметнички видови и родови постепено ќе се шири, а за почеток се застапени 15 наслови, меѓу кои и разнородни книжевни дела од академик Митко Маџунков, Љубен Ташковски, Живко Чинго, Илинденка Петрушева, д-р Васе Манчев, Данило Коцевски и др.

fest.aster5.jpg


Инаку, покрај интернационалната промоција што Астер фест ја имаше неодамна во Визбаден, Јихлава и Тирана и покрај претстојната промоција на 15 овој месец во Нови Сад, деновиве се конституира и мрежата на Астер фест и ТФА во градовите од Источна Македонија. На тој начин, покрај Струмица, каде е седиштето на фестивалот кој се одржува кон крајот на мај, дел од програмата следната година ќе можат да видат и граѓаните на Берово, Радовиш и Дојран и Пробиштип, каде на 7 декември беше презентирана оваа идеја.
Ова симболично промовирање на Тивериополската Филмска Алијанса во Струмица се случи ноќта спроти Денот на Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици, христијански празник кој се смета за заштитник на градот Струмица (некогашен Тивериопол). Промотивна беседа одржаа д-р Илија Велев и режисерот Горан Тренчовски, којшто е воедно и Претседател на Алијансата.

 

fest.aster3.jpg

 

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 31, 2023

Промоција на Речник на медиумска писменост

Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се појавија во дигиталната ера и новите начини на комуникација, со развојот на медиумите и со појавата на нови алатки и активности во онлајн-сферата. Целта за неговото…
Март 09, 2023
Jovana.matevska

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел еден животен век без да ја раздвижат душата и да ја пуштат низ ребрата, кои таму се поставени само физички да ја додржуваат, но не и духовно да ја ограничат. Затоа што…

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Ное 29, 2022 Ликовна уметност 579
1926.Sava.SHumanovich
Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот…

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

Сеп 26, 2022 Ликовна уметност 901
TViTer448
„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји.…

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 1344
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »