логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ЕДНАКВОСТ

TviTER927.V.Nikolaj1
Бог создава нееднаквост; луѓето ротаат поради нееднаквоста. Дали луѓето се помудри од Бог? Кога Бог создава нееднаквост, тоа значи дека нееднаквоста е помудра и подобра од еднаквоста.
Бог создава нееднаквост за доброто на луѓето; луѓето не можат да го видат своето добро во нееднаквоста.
Бог создава нееднаквост за убавината на нееднаквоста; луѓето не можат да ја видат убавината во нееднаквоста.
Бог создава нееднаквост за љубовта, која е разгорувана и одржувана од нееднаквоста; луѓето не можат да ја видат љубовта во нееднаквоста.
         Тоа е древниот човечки бунт на слепило против видовитоста, лудило против мудроста, зло против доброто, грдотија против убавината, злоба против љубовта. Ева и Адам исто така му се предадоа на Сатаната, за да можеме да бидеме еднакви со Бога. И Каин го уби и својот брат Авел затоа што жртвите  не беа еднакво прави пред Бога. Оттогаш до сега, трае борбата на грешните луѓе против нееднаквоста. А  и пред тоа до сега, Бог создава нееднаквост. Од пред тоа, велиме, затоа што Бог ги создал дури и ангелите нееднакви.
          Бог сака луѓето да бидат нееднакви во сè надворешно, како: по богатство, моќ, ранг, учење, позиција итн., и Тој не препорачува никакви наддавања во ова. Не барајте први места, заповеда Господ Исус. Бог сака луѓето да се натпреваруваат во умножење на внатрешните добра; вера, добрина, милост, љубов, кротост и благост, смирение и послушност. Бог дал и надворешни и внатрешни добра. Но, надворешните добра во човекот Тој  ги смета за поевтини и помалку важни од внатрешните добра.

Надворешните добра Он ги дал за уживање на животните, како и на луѓето. Но, богатата ризница на внатрешни, духовни добра ги распослал само по човековите  души. Бог му дал на човекот нешто повеќе од животните, затоа бара  повеќе од човекот отколку од животните. Овој вишок се состои од духовните  дарови.

Надворешните добра Бог му ги дал на човекот за да му служат на внатрешните. Зашто се што е  надворешно му  служи  како средство за внатрешниот човек. Сè што е времено посветеное е на служба на вечното; а сè што е смртно  посветено е на служба на бесмртното.         

Човек кој оди во спротивниот пат и кој ги троши сите свои духовни дарови исклучиво за стекнување надворешни, времени добра, богатството, власта, рангот, светската  слава, наликува на син кој наследува многу злато од својот татко, а потоа го троши целото злато за купување пепел.


(Беседи, недела 16)
Свети Владика  Николај

  Друго:

 TviTER937.Markov.manastir

Молчењето на младиот Исус – Владика Николај (Велимировиќ)

Гласот е сила, Теодуле. Но силата е во молчењето. Зависи кој зборува и за што зборува, и кој ќути и за што ќути. Гласот на злосторникот и гласот на светителот Божји, нема иста сила. И молчењето на разбојникот кој смислува зло, не е исто со молчењето на добриот, кој за добро мисли. Кога Бог Отецот му говореше на Исус: „Сум Те прославил и пак ќе Те прославам“, уплашениот народ извика: гром загрми. А кога на Пророкот Илија му говореше на Бог на Хорив, му говореше со тивок и танок глас. Каков беше гласот Исусов? Понекогаш тивок, понекогаш јак, понекогаш страшен, но секогаш прониклив до с`ржта во коските и гламурозен. Од таквиот глас се исуши бесплодната смоква, од таквиот глас растат цвеќиња насреде ѓубре и трња. Гласот на Синот Божји како и гласот на Отецот.

         Молчењето Исусово, најдолго е во поглавјето на неговиот живот на Земјата. Триесет полни години тој ги исполнил во молчење. Тој сакал да ја исполни законската правда, како што рекол му Св. Јован на Јордан: „Остави сега, бидејќи ние треба да ја исполниме секоја правда“. На Истокот, законот бил, никој да не се декларира како учител на народот пред да наврши триесет години. И оваа правда Исус сакал да ја исполни и затоа молчел до својата триесетта година. На Запад нема толкаво ограничување, туку и децата со навршени 20 години, наменети се за учители, судии и книжевници. А кога ненаучените и неискусните го водат својот народ, не може да се очекува добро. На Исток, луѓето побрзо се развиваат одошто на Запад, и поскоро достигнуваат духовна и телесна зрелост. Познато е дека во Арабија и Индија бракот се склучува на 12 годишна возраст. И наместо и на Запад да се задржи во сила оваа источна норма, никој да не може да го учи народот пред својата 30 годишна возраст, дури и да се зголемува во сооднос, таа е наполно укината.      

        И така се остварија зборовите од Библијата „И децата ќе ви бидат судии“. Само еднаш, во текот на своите 30 години, Господ Исус Христос го прекинал своето молчење. Кога имал 12 години, на празникот Пасха во Ерусалим, Тој се нашол во храмот меѓу учителите и старците, ги сослушувал и им поставувал прашања. И сите кои го слушале, се восхитувале на неговиот разум и одговори. Три дена го барала Неговата мајка, Пресветата Дева Марија со Јосиф, додека најпосле го нашле во храмот. „Зошто ме баравте“ им рекол Тој. „ Зар не знаете дека треба да бидам таму, каде што е мојот Отец“. А тие тоа не го разбраа. И слезе со нив, и отидоа во Назарет, и им беше послушен, и напредуваше во премудроста, и растеше во милоста со Бога и со луѓето. Зошто бил овој прекин на молчење на Исус на 12 години, Теодуле? И зошто оваа сцена во храмот, пред учителите на законот и старците еврејски, кога тоа нема никаква врска со подоцнежната Неговата учителска мисија? И зошто Евангелистот Лука го запишал тоа? Така сакал Бог Отецот, кој е одраз на Својот Син Исус Христос и гледа далеку во иднината. Отецот предвидел дека вечните гонители и клеветници на Неговиот Син ќе ја рашират лагата за Исус, дека младоста ја поминал во Индија и дека од јогата и факирите научил мудрости и вештини како да прави чуда. Или зар не си прочитал, Теодуле во огромната клеветничка литература против Исус, книги со наслов „Исус Во Индија“ или „Исус меѓу Индиските Јоги“ или „Исус во Тибет“ итн?

Целта на неверниците и клеветниците, кои се ков на Јуда е јасна: да докажат дека Исус Христос ништо ново не рекол и дека ништо оригинално не направил, што пред него не е речено и направено во Индија. На тој начин, тој не е ни Месија, ни Спасител на светот, ни воплотен Бог, но е Индиски ученик и еден од безбројните Индиски филозофи и јоги. ОДнапред да се поткопаше тоа, и христијаните за да не би се збуниле пред вакви измислици и клевети, по Божја промисла, дванаесетгодишниот Исус се појавил во Ерусалимскиот храм пред еврејските учители и старци и ги изненадил со својата мудрост. И пак, по Божја промисла таа сцена ја запишал Светиот Лука во своето Евангелие. Значи, Исус во своите 12 години бил во Назарет, со своето семејство во својата куќа, и уште тогаш Тој бил мудар, премудар, немајќи потреба од никаква Индија, за да го научи на мудрост. Да бил во Индија пред тоа? Тоа е незамисливо. Што би правело дете под 12 години во Индија, каде во манастирите не се примале деца? Покрај тоа, што е уште појасно од описот на Лука, дека Исус пред својата 12 година одел во Ерусалим секоја година со родителите за празникот Пасха. А дека Исус ни подоцна, измеѓу својата 12 и 30 година не патувал во туѓа земја, доволно се гледа од Евангелските зборови. Право се гледа дека Марија и Јосиф многу се грижеле за него, и дека не можеле лесно да ја поднесат разделбата со него ни за два-три дена. И му рече: „Сине што ни направи така? Зошто се одвои од нас на неколку дена. Еве јас и татко ти со страв Те баравме“. Грижлива и нежна мајка. Зар така грижливи родители би дозволиле Исус оди во Индија, а да не отидат со него, ако веќе морало да се оди? Тие со него во Египет бегале од крволочниот Ирод, и со него во Египет живееле. И друго, боговдахновениот евангелист пишува, дека после појавувањата на Исус во Ерусалим, тој слегол со нив во Назарет и им бил послушен, и напредувал во мудроста и растел со Бога и со луѓето. Останал и понатаму во Назарет до својата 30 година, послушен на својата мајка и на својот татко Јосиф, трудејќи се како занаетчија во дрводелската работа и во молчењето.

Навистина, немал што да учи тој во Индија, ни во Египет, Елада, ниту во која било земја, па дури и во Палестина, Својата татковина. Туку се учел во земјата на тишината, во својата душа, во која пребивал Духот Божји. Тој исти Дух Божји преку кој е зачнат телесно во утробата на Својата света Мајка, не ја оставил ни за миг неговата душа. Така, тој растел во премудрост од Светиот Дух, и не требало никој да го учи. Научен од Светиот Дух, тој знаеше што има во секој човек, и не требаше никој да го учи. И на што тој можел да се научи во Индија, кога многу од нас знаат тоа што го знае Индија и со тага се гледа дека тоа не е доволно? Индијците кажуваат: Воплотувањето на Бога и јавувањето како човек не ни е непознато. Бог Кришна многу пати се воплотувал на земјата, одел меѓу луѓето и ги поучувал. Ама на што ги научил? И од што ги спасил, кога и ден денес Индија, земјата Кришнина, се дави во јад и очајание, воздивнува од овој живот и чезнее за Нирвана? Каков е тој Бог, кој толку често се воплотува и оди по земјата, кога не може да ја промени човечката судбина на подобро? Па велат, и бог Шива многу пати се има воплотено и живеено меѓу луѓето и проповедано. Што учел тој? Ништо освен очајно уверување, дека овој свет е временски бесконечен, и останува во лавиринт без врата и прозорец. И дека сите богови се исто очајни и беспомошни битија како и луѓето. Тоа го потврдува и Буда кога рекол дека дошол да спасува и луѓе и богови и демони од самсарата на битието и живеењето.

         Теодуле, нашата мајка Индија нема на што да нè научи. Таа мора да ги отфрли сите басни за своите богови, кои не можат да се спасат ни себе си а и ни луѓето. Сите богови нивни се демони, кои ги држат луѓето во мрежата своја и во оковите на своите немилосрдни власти. Нашата мајка Индија мора да го прифати оној Бог, кој е толку моќен, семоќен, да му е доволно само еднаш да се јави во тело како човек меѓу луѓето, па да изврши спасение на родот човечки. Затоа Бог не е, како човек гувернер на една област кој мора многу пати да посетува еден град и да го поправи мостот во тој град, па потоа мостот пак да остане непоправен. Туку Бог е Бог, еден и единствен, семоќен, семудар, сеправеден, семилостив, вечен, неодолив, страшен, пречист, човекољубив.

Воплотувањето на таквиот Бог во светот е датум кој не се повторува во човештвото, ниту пак во историјата на Универзумот. Таков Бог, кому е сè возможно што би намислил и што би рекол, се јави во светот пред отприлика 2000 години. Како Син на Бога Севишниот, и како Бог од Бога, Он се воплотил од Светиот Дух и Дева Марија, го роди во пештерата во Витлеем. Триесет години ги помина во молчење, во беспрекорно општење со својот Отец и со Светиот Дух додека во одредено време не одговори на својата мисија во светот. Тој е единствен вистински Месија и Спасител на светот. Ниту друг дошол, ниту може да се очекува…

Извор: http://www.verujem.org

Превод: Андреј Талевски

http://www.pppe.mk/2017/molcheneto-na-mladiot-isus-vladika-nik/

 

 21.09.2025 лето Господово

Heder.2025

 

пп

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1917
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2200
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4424
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/09/2025 - четврток

Св. свештеномаченик Автоном; Св. свештеномаченик Корнут, епископ Икониски; Св. маченик Јулијан со четириесетмина другари; Преп. Даниил од Тасос; Св. маченици Македониј, Татијан и Теодул;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Автоном 25 септември/ 12 септември 2025

Тропар на св. Христов свешт-мч Автоном 25 септември/ 12 септември 2025

Светињата ја раздаваше на светите,свештеномачениче Божји Автономе,народот во познание на Бога го приведуваше.

Тропар  на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 24 септември/11 септември  2025

Тропар на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 24 септември/11 септември 2025

Блажена света мајко Теодоро,о света подвижничке Христова,благодатта покајание ти подари,мудро пустината ја искористи,

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 23 септември/10 септември   2025

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 23 септември/10 септември 2025

23 септември/10 септември / Подвижнички, свети девственички,разум за вишно познание добивте,дар за расудување примајки,Неразделната Пресвета Троица пример за вашата волја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная