логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Korica.Detetovosvetotnatv.jpg
СЛОВО ЗА ОВАА КНИГА
 

Во последниве години се појави православна литература која зборува за штетноста на телевизијата и на компјутерските игри. Нашето издание е посветено на еден посебно важен аспект на тој проблем - влијанието на споменатите откритија врз детската душа. Авторот на оваа книга, православен свештеник, нагласувајќи ја појавата на ширење на душевните болести и падот на моралот кај денешните деца, го доведува тоа во врска со негативното влијание на градската „машинизирана" и технологизирана средина. Потпирајќи се врз делата на светите Отци, на матерјали од печатот и врз низа православни изданија, а, исто така, користејќи примери од руската класична литература, тој објаснува на каков конкретен начин околниот свет ја поттикнува душата на детето кон негативните емоции, го потхранува во неа немотивираното фантазирање и страстите што се погубни за душата.
Авторот покажува дека тие посебни душевни состојби, што ја создаваат подлогата за развојот на страстите, занесот што го предизвикува компјутерската игра, сонувачкото „поистоветување" во јунаците од ТВ-екраните или во ком¬пјутерските јунаци од компјутерските „игри", пасивното нурнување во размислување, сите тие состојби не се резултат на современата цивилизација. Тие биле познати пред илјадаипетстотини години и биле опишани во делата на светите Отци, кои таквите состојби ги дефинираат како грешни.
Во книгата е присутна и извесна „позитивна програма": авторот, придржувајќи се на преданијата на светите Отци, предлага таканаречени „противотрови", со чија примена родителите, ако не можат да ги отстранат, барем ќе ги ублажат влијанијата на околниот свет што се штетни за душата.
Ние се надеваме дека оваа книга ќе го пронајде својот читател, дека ќе постане неопходна и полезна во секое православно семејство.

ВОВЕД

Современиот свет на секој чекор го наведува детето да погреши. Детето не стасува ни да излезе од состојбата на раното детство - нему веќе од сите страни му се закануваат штетните влијанија врз душата.
Често кон тоа придонесуваат и родителите со својата претерана и неразумна љубов, како и со попустливоста. Пред се, на тој начин што својот син или ќерка не ги воспитуваат во склад со правилата на христијанското однесување, туку завладуваат со страсните сколности на нивната природа, им дозволуваат да се развиваат во правец на гревот. Му се задоволуваат сите можни барања на малиот: тој добива се повеќе и повеќе играчки, игри, разоноди и забави. Таквото дете не знае да се воздржува во своите барања, ниту, пак, да биде скромно во своите желби; тоа живее раководејќи се со една заповед: „Јас го сакам ова, јас го сакам она.."
И еве, таквото дете пораснува - според народната изрека „на таткото и на мајката потсмев, на родот - племето - срам". Таквиот човек и кога ќе порасне се проекупира со „играчки", со разонода, со комфор; тој не знае да им се спротивстави на страстите и се подлабоко тоне во бездната на гревот.
А современите играчки, и за децата, и за возрасните се бескрајно различни. Нивните креатори ги користат последните достигнувања на електрониката - за што? Да го разонодат потрошувачот, т.е. детето, на нов, порано невиден начин. А да разонодиш значи: да го пренасочиш од сериозен, одговорен однос кон животот, да скршне од спасоносниот „тесен" пат и по набиениот „широкиот" пат на игрите и на разонодата, да го заведеш кон духовно застранување и кон пропаст.

ЕЛЕКРОНСКОТО ПИЛЕ -БЕЗЖИВОТЕН „ДОМАШЕН МИЛЕНИК"

Учениците ширум Западот, без исклучок, се одушевени со новата електронска играчка. Тоа е таканареченото „електронско јајце - пиле" што е програмирано како „жив организам". Од „јајцето" по извесно време, под услов некој да се „грижи" за него на вистински начин, (т.е. со притискање на одредени копчиња), треба да се „изведе пиле", на кое, потоа, исто така, му е потребна „грижа": низа компјутерски операции што децата ги извршуваат во текот на денот за да му се овозможи да „живее".
Играчката треба навреме да „се храни", да се „чисти" по неа - и, гледај, целата „среќа" е во тоа што нејзината големина не му дозволува на детето ни за миг да се оддели од неа. Ако сите операции се извршат навреме и како што треба, тогаш пилето „живее", „расте", потсетувајќи го сопственикот со пиштење одвреме-навреме, на „себе" и на „своите потреби". Ако сопственикот го заборави или направи некоја грешка - тоа „пиле" може да „ослабне" или дури и да „умре", т.е. играчката засекогаш да се расипе...
Оваа новина во разни облици веќе се појавува и кај нашите деца: (како што е таканаречениот „тамагучи" или „домашниот миленик"). Претходната генерација ќе го замени сопатникот-забавувач, како што беше „Рубиковата коцка" или џепните електронски игри („тетрисите", „гејм - бојот", итн.).
Чудна е таа играчка. Би се рекло, простодушна ситница, предметче, приврзок, ама не е така, бидејќи таа „воспоставува" сложени односи на заемна зависност со детето, па дури и „љубов".
Мртвата електроника и механизмот, компјутерскиот чин, делото на човечките раце, постанува „самостоен партнер" на детето во играта, што ја заробува бесмртната човечка душа! Тоа е се најобична илузија, фантазија, ништо - но токму во тоа и е суштината на таквата „игра": дека она што е измислено и што го нема, ги заробува умот и човековата душа.
Што ги привлекува децата кон таквите „играчки"? Многумина тоа го објаснуваат со тоа што таквите „играчки" ги заменуваат кучето, мачката или птицата, што денес не е веќе обичај да се чуваат во нашите домови. Претставуваат ли таквите играчки извесен симбол на современо детство - отуѓеноста и осаменоста на градското дете, кое живее во бездушниот свет на машините и на компјутерите, и кое во тој и во таквиот свет бара утеха и пријател, па макар тој да биде и безживотен?

ДЕТСКИОТ СТРАВ ОД СВЕТОТ

Одделено од живата природа, современото градско дете живее во свет на машини и на компјутери, каде што соблазно светкаат и заслепуваат вештачки светилки, екрани и реклами; каде што со голем шум прелетуваат авиони и поминуваат автомобили, каде што завиваат сирени и пиштат локомитиви, брчат машини и багери; каде што се околу него зуи, пишти, бревта и татне; каде што радиото и телевизорот деноноќно работат, заглушувајќи го секој човечки разговор, „живеејќи" заедно со луѓето и вовлекувајќи ги во својот безбожен, вештачки живот.
Секако, детето, како што велат научниците, брзо се прилагодува на светот околу себе - впрочем што друго му преостанува? Тоа, и покрај се, сепак тоа го доживува непријателски, застрашувачки.
Психолозите, кои посебно се занимаваат со тој проблем, разработиле еден тест. На едно дете (ученик во основно училиште) му даваат црвен и црн фломастер и му предлагаат да обои три круга. Првиот круг ја означува „училницата" во училиштето, вториот - „училишниот двор", а трети¬от круг - „градот" (или „светот"). Црвената боја во доминација го означува доброто, а црната - злото. Само пред четири години на повеќе цртежи имало многу повеќе црвена боја. Притоа, дури и ако училницата била обоена со црна боја, т.е. била нешто што учениците не го сакаат, „големиот свет", сепак, изгледал како „добар", т.е. со доминација на црвената боја. А денес повеќе градски деца (осуммина од десет) го гледаат „градскиот свет" како црн, т.е. како лош што застрашува.
Лекарите токму на тој начин и ја објаснуваат зачестеноста на душевните пореметувања кај децата. Велат дека се појавиле многу невротични деца, кои скоро со список се обземени со страв. Тоа го нарекуваат „опсесивен страв".
Па, добро, децата секогаш се плашеле, на пример, од мрак: можеби во нас постои првобитно потсвесно знаење дека мракот е - област на злото, на пеколот, на демонските сили, како што е светлината - област на доброто, на вистината и на убавината, на Бога. Децата, исто така, се плашат од смртта - како од страшна непозната тајна.
Психолозите говорат за пасивен и опсесивен страв кај децата во светот што ги опкружува. Неговите последици и медицински симптоми се: нервозното однесување, пелтечење, нервозни движења и слично. Покрај тоа, тие забележале дека на таква нервоза се подложни скоро сите деца, а не само децата од „неситуирани" и неста¬билни семејства. Социолозите сметаат дека тоа е поврзано со криминализација на современиот општествен живот: детето во современо семејство често слуша разговори за убиства, за мачења, за крадење на деца и слично. Така е посебно со децата во семејствата „на новите бизнисмени", ама ниту нивните врсници од обичните семејства не се поштедени од тие страотни информации.
Таквиот страв, развивавјќи се и станувајќи постојан, го прави детето пасивно, депримирано, неодлучно и несигурно. Или обратно - агресивно, лукаво и злонамерно. Понекогаш едното и другото се комбинираат, оставајќи трага на веќе создадената детска слика на светот. Така, едно шестгодишно, постојано преплашено дете си имало омилена игра: по цел ден, изигрувајќи полицаец, тој го мачел Мики-Маус направен од платно, на електрична столица. Зошто? Ако сакате да го победите стравот, како ќе го направите тоа? Многу едноставно - самите ќе постанете страшни за другиот.

(Продолжува)

Прот. Александар Дубњин -ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Издавач: Издавачка установа „Канео“- Охрид, 2004

Друго:

 Прот. А. Дубњин - „ЗОШТО СВЕТОТ ОКОЛУ МЕНЕ Е ТОЛКУ СУРОВ?"

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6443
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5632
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная