логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 Rozdestvo2010b.jpg

Христовото раѓање


 Празникот на раѓањето на Христа како човек е митрополијата на празниците, како што вели св. Јован Златоуст. Од Раѓањето следат сите други Господови празници: Богојавлението, Преображението, Страдањата, Крстот, Воскресението и Вознесението Христови. Без Раѓањето немаше да постои Воскресението, но и без Воскресението немаше да се исполни целта на Божјото вочовечување. Сите овие Господови настани се единствени. Ние ги делиме за да ги празнуваме и за да се вдлабочиме во содржината на празниците. На секоја Литургија ги живееме сите настани на Божјото вочовечување. Затоа според светите отци секогаш е Божиќ, секогаш е Велигден, секогаш е Педесетница.
 Со Христовото Раѓање почнува да се открива тоа што се случи при Благовештението. Кога зборуваме за откривање подразбираме дека постојат неколку личности, како што се Богородица, Јосиф и др., на кои им се откри дека Христос, Кого што Го чекаа сите векови, дојде во светот. Секако, Христос се крие објавувајќи Се и се открива криејќи Се. Тоа го гледаме во целиот Негов живот, но и при Неговото откривање на светителите.


     А

 Настанот на Христовото раѓање е историски, бидејќи се случил во еден конкретен историски момент, кога со Римската Империја владеел Кесарот Август, а во Јудеја царувал Ирод. Евангелистите настојуваат да ја нагласат историчноста на настанот, затоа што сакаат да кажат дека Христос е историска личност. Тоа значи дека Христос прими вистинско човечко тело и вочовечувањето не се случи привидно, како фантазија.
 И покрај својата историчност, овој настан останува тајна. Знаеме дека постои Богочовекот, совршен Бог и совршен човек, но останува тајна тоа како се соедини Божјата со човечката природа во личноста на Логосот. Впрочем, тоа што се случи во личноста Христова, ипостасното соединување на Божјата со човечката природа, се случи еднаш. Затоа, св. Јован Дамаскин ќе рече дека Христос е “единственото ново под сонцето”, т.е. единственото ново по создавањето. Тоа значи дека по создавањето на светот и на човекот, ништо не се случува ново во светот. Сé се повторува. Раѓањето на еден човек е продолжение и резултат на Божјите зборови “да создадеме човек...според наш образ и подобие”, и “плодете се и множете се и наполнете ја земјата и владејте со неа” (1. Мој. 1, 26 - 28). Новото е само Богочовекот Христос.
 Така, историчноста на настанот не ја одзема тајната, но и тајната не ја поништува историчноста. На Божиќ го празнуваме Христовото раѓање, но истовремено ги доживуваме светотаински во срцето сите настани кои се поврзани со тоа, затоа што кога живееме во Црквата учествуваме и ги доживуваме сите стадиуми на Божјото вочовечување.

      Б

 Разликата помеѓу Стариот и Новиот Завет се наоѓа во тоа дека сите откровенија Божји во Стариот Завет беа откровенија на Логосот Божји бестелесно, додека во Новиот Завет се откровенија на Логосот во тело. Тој Кој му се откри на Мојсеј и на сите Пророци беше Синот и Логосот Божји, Втората Личност на Света Троица, без да има тело.
 Старозаветните пророци и праведници немаа само општење со Логосот Божји, туку го видоа и Неговото вочовечување. Таа смисла ја има фактот дека Го видоа како човек. Адам, како што се вели во Стариот Завет, ги слушна чекорите на Бога Кој одеше по Рајот. Јаков се бореше со Бога. Мојсеј го виде грбот Божји. Исаија Го виде како човек Кој седи на престол.
 Сите овие откровенија покажуваат дека го виделе вочовечувањето на Втората Личност на Света Троица, т.е. Го виделе Него Кој ќе се вочовечи за да го спаси човечкиот род. Фактот дека Мојсеј го видел грбот на Бога јасно покажува дека тој го видел тоа што ќе се случи во иднина, т.е. вочовечувањето на Логосот. Пророците не ја виделе природата Божја, туку образот на тоа што би требало да се случи во иднина. Затоа што требаше Синот и Логосот Божји да стане човек вистински, за да се соедини со нашата природа и да биде виден воплотен на земјата (св. Јован Дамаскин).
 Освен овие случаи постојат и други откровенски текстови во Стариот Завет кои јасно го пророкуваат не само вочовечувањето на Логосот Божји, туку и конкретни настни, како, на пример, дека нема да се повреди девственоста на Богородица, дека Он ќе донесе мир во светот итн.


      В

 Во овие анализи се обидуваме да ги видиме христолошките моменти од Господовите празници. Меѓутоа, можеме да видиме и неколку други собитија кои се поврзуваат со вистината дека Христос е Спасителот на светот и дека доживувањето на тој факт претпоставува една конкретна духовна состојба на човекот.
 Освен Богородица и Јосиф, првите кои Му се поклонија на Богомладенецот беа пастирите. Ангел Господов им соопшти дека се роди Спасителот на светот. Ова не беше случаен настан, ниту значеше дека конкретните пастири се удостоија со ова откровение бидејќи беа поблиску до пештерата.
 Според светите отци, тоа се случи поради многу причини. Прво, заради чистотата на пастирите поради нивното отшелништво и тихување. Второ, затоа што пастирите беа подражаватели и следбеници на живеењето и на добродетелите на Старозаветните Патријарси. Значи, пастирите не беа случајни личности. Трето, за да се покаже дека Христос е вистинскиот Пастир на Израилскиот и на Многубожечкиот народ. Четврто, за да се објави јасно дека Христос ги избра најпростите по срце и најприемчивите за да го примат ова откровение, а не лукавите Книжници и Фарисеи. Сето ова го покажува начинот што може секој да го употреби за да ја доживее тајната на откровението.

      

     Г

 Карактеристична е и химната на ангелите: “слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето благоволение”(Лука 2, 14). Мирот што го воспеваа ангелите не е некој социјален мир, отсуство на војна, туку вочовечувањето и присуството Христово. Така, ангелите го воспеваа мирот што дојде со Христовото Раѓање, а не некој мир што ќе дојде во иднина. Бидејќи, Христос со Своето вочовечување го помири човекот со Бога, со неговиот ближен и со себеси, токму затоа што во Неговата личност се соедини Божјата со човечката природа. Човекот по падот го загуби мирот со Бога, затоа што се поклонуваше на бездушни и бесчувствителни идоли, а не на Вистинскиот Бог. Сега со Неговото вочовечување му се дава можноста на човекот да Му служи и да Му се поклонува на вистинскиот Бог. И уште стекна мир и со ангелите и со неговите истородни. И, секако, го стекна мирот на своите душевни сили, затоа што Христос го направи тоа што не успеа да го направи Адам. Адам требаше со благодатта Божја и со својата лична борба да стаса до целосна заедница со Бога, неговите сили да функционираат природно и натприродно. Тоа се постигна во Христа.
 Фразата “меѓу луѓето благоволение” означува дека вочовечувањето е првобитната волја Божја. Според светите отци, волјата Божја се разликува на таа што претходи и на таа што следи. Претходното е нешто според благоволение, додека тоа што следи е по допуштање. Кога се вели дека вочовечувањето е претходната волја Божја, тогаш се мисли дека тоа не беше последица на Адамовиот пад, туку во Божјата мисла му претходеше на падот. Значи, соединувањето на човекот со Бога не ќе можеше да се постигне ако не постоеше конкретната личност во која ипостасно би се соединила Божјата со човечката природа. Затоа, вочовечувањето е претходната (првобитната) волја Божја, што значи дека беше планирано независно од Адамовиот пад. Тоа што следеше како последица на падот се традањата и Крстот Христови. Вочовечувањето Христово беше крајната цел на создавањето. Целата твар и човекот постанаа заради Богочовекот. Тоа се вели од аспект дека не ќе можеше човекот да се обожи и тварта да се освети ако не постоеше Богочовекот.
     
Д

 Освен Пастирите, мудреците од исток се удостоија да Му се поклонат на Новородениот Христос. Нема значение кога се случило тоа, туку значајно е тоа дека Го открија Христа. Всушност Бог нив им се откри, нешто што не се случи со Книжниците и со Фарисеите кои го сочинуваа религискиот институт во тоа време. Мудреците не беа астролози, какви што ги знаеме денес, туку астрономи кои ги гледаа небесните ѕвезди и нивните движења. Во тоа време астрологијата се сметала за наука. Денес кога науката на астрономијата се оддалечи од астрологијата што се поврзана со метафизиката и со сатанизмот, последнава (астрологијата) е отфрлена од Православната вера.
 Мудреците Го препознаа Христа и Му се поклонија “преку познанието на умот”. Преку телесните очи гледаа едно бебе, но преку видот на умот Го гледаа вочовечениот Бог. Така, мудреците се наоѓаа во соодветна духовна состојба за да Го видат и да Му се поклонат на Бога. Тоа не беше работа на наука, туку на внатрешна умна чистота.
 Доказ за тоа што овде се кажува е дека ѕвездата што ја видоа на исток и која ги одведе до Витлеем не беше една обична ѕвезда, туку, како што вели св. Јован Златоуст, ангел Господов кој ги водеше. Фактот дека тоа не беше еден природен, туку натприроден настан, се гледа од својствата на конкретната ѕвезда. Прво, ѕвездата не беше само во движење, туку и стоеше. Кога одеа мудреците таа се движеше, кога тие застануваа застануваше и таа. Второ, ѕвездата се движеше пониско од другите ѕвезди, а коа мудреците стигнаа до местото каде што се наоѓаше Христос, се спушти и застана над пештерата. Трето, ѕвездата имаше толкава блескавост, така што ја надминуваше блескавоста на другите ѕвезди (св. Никодим Агиорит).
 Освен тоа, ѕвездата на мудреците се движеше чудно, т.е. од исток кон запад, а на крајот се движеше од Ерусалим кон Витлеем, т.е. кон југ. И уште, како што вели св. Јован Златоуст, се гледаше и дење, додека сите други ѕвезди не се гледаат со светлината на сонцето.
 Според тоа, таа блескава ѕвезда беше ангел Господов, а како што вели Јосиф Вриениј беше таа беше архангелот Гавриил, кој, впрочем, беше служител на големата тајна на вочовечувањето на Синот и Логосот Божји.
 Така, мудреците беа богослови со православното значење на зборот, бидејќи имаа стигнато до просветлување и го стекнаа Богопознанието.


     Ѓ


 При Христовото Раѓање се најде и тварта, која прими благодат од вочовечениот Син и Логос Божји. Во терминот твар ги опфаќаме животните, пештерата, јаслите, планините, небото итн. Иконата на Христовото Раѓање покажува дека сета твар прима благодат од Христа. Центар на иконата е Христос, Кој е извор на несоздадената благодат и од Него произлегува осветителната и обожителната Божја енергија.
 При Христовото Раѓање целокупната твар Го воспева Бога, нејзиниот Создател. Се докажува дека Христос како Бог е Создател на тварта, а тварта е Негово создание.
 Претходно кажавме дека целокупната твар при Христовото Раѓање прима благодат од Бога. Треба да правиме една јасна разлика. Енергијата Божја е една, но аналогно на нејзините последици има различни својства.Така зборуваме за осветителна и обожителна енергија, или за суштествителна, животворна, мудросна и обожителна енергија Божја. Во овие рамки треба да кажеме дека тварта од онтолошка страна учествува во суштествителната и животворната енергија Божја, а од сотириолошка страна во осветителната енергија Божја. Само обожените луѓе и ангелите учествуваат и во обожителната енергија Божја.
 Според тоа, луѓето, кои се најдоа при Христовото Раѓање, и ангелите учествуваа во обожителната енергија Божја, додека нелогосната твар учествуваше во осветителната енергија Божја. Тоа се кажува за да нема никакво помешување во Божјата благодат.

            Е

 Зборувајќи за вочовечениот Син и Логос Божји неопходно треба да ги видиме и имињата што Му ги даваме, затоа што тие изразуваат различни теолошки вистини.
 Втората Личност на Света Троица пред вочовечувањето се нарекува Син и Логос Божји. Името Син означува дека се роди од Отецот, а раѓањето е Неговото ипостасно својство. Името Логос Божји се употребува за да се означи не само бестрасноста на раѓањето, туку бидејќи има однос со Отецот како што има словото однос со умот кај човекот. Значи, словото ги објавува поимите и се она што го има во умот. Така, името Логос ни Го покажува и Отецот, затоа што тој што Го гледа Логосот, тој Го гледа и Отецот преку Логосот.
 По вочовечувањето или поточно во моментот на зачнувањето на Логосот во утробта на Богородица, кога се случува соединувњето на Божјата со човечката природа во личноста на Логосот, Он се нарекува Христос. Името Христос е име на личноста и не се кажува само за една природа, туку се однесува на двете природи во вочовечениот Логос. Бидејќи човечката природа беше помазана од Бога, затоа Логосот доби име Христос. Името Христос Го покажува Отецот Кој помазува, Синот Кој е помазан и Светиот Дух Кој е помазанието. Меѓутоа, бидејќи човечката природа беше помазана од целиот Троичен Бог, затоа во помазанието учествуваше и Логосот Божји. Самиот Логос Божји се помаза Себеси, давајќи Му како Бог помазание на телото, со Своето Божество, а истовремено беше помазан како човек (св. Јован Дамаскин).
 Според тоа, името Христос истовремено ги означува и Бога и човекот, т.е. Богочовекот Христос. По крајно снисходење може да се употребува понекогаш за човечката природа Христова, а понекогаш за Божјата. Затоа што, по ипостасното соединување на двете природи, Логосот се нарекува Христос. Така, Тој Кој беше Син и Логос Божји пред вочовечувањето, останувајќи постојано Син и Логос Божји, по вочовечувањето се нарекува Христос, кое нешто го означува соединувањето на двете природи.
 Зборот Божество се однесува на природата, додека зборовите Отец, Син и Дух се однесуваат на ипостасите. Еретички е да тврдиме дека Божеството се воплоти или се вочовечи. Православно е дека Божеството се соедини со човештвото во една од Своите Ипостаси. Значи, не се воплоти Отецот, туку Втората Личност на Света Троица, Синот и Логосот Божји, Кој беше и е Бог вистински (св. Јован Дамаскин).

     Ж


 Кај Христа постојат две раѓања. Едното раѓање е предвечно од Отецот вон причина, време и природа, а другото се случи заради нас од Пресветата Богородица “преку зачнување во времето”, но “зачнување над законот”, бидејќи зачна од Светиот Дух, а не семено.
 Синот и Логосот Божји се роди пред сите векови од Девствениот Отец, без мајка, а во времето се роди од Дева Марија, без телесен татко. И двете раѓања беа бестрасни  и без да предизвикаат промена, бидејќи ниту Бог Отецот со раѓањето претрпе нешто, ниту Пресвета Богородица со раѓањето ја загуби својата девственост.
 И двете раѓања се несфатливи за човечката логика. Ние ја примаме откриената вистина дека Он се роди од Отецот без предизвикување измена и од Богородица бессемено, без да ги обработуваме интелектуално овие факти. Затоа што, според зборовите на св. Григориј Богослов, обидот за сфаќање на надразумната тајна може да го одведе човекот во лудило. Факт е дека двете овие раѓања ја даваат неопходната потврда дека човекот само преку Христа може да се спаси, бидејќи Христос ја поправи грешката на Адам и го одведе човекот до целта до која
ќе стасаше Адам доколку не згрешеше.
 Св. Јован Дамаскин прави неколку суптилни етимолошки забелешки за несоздаденото ( и создаденото , и за нероденото  и роденото . Овие етимолошки забелешки ја изразуваат најдлабоката суштина на православната Теологија.
 Несоздаденоста и содаденоста (со едно ) го означува нетварното и тварното, соодветно, бидејќи несоздаденото не било создадено, додека тварното е создадено некогаш. Во таа смисла Бог е несоздаден (с), додека  се однесува на тварта. Со зборовите создадено  и неоздадено  ја претставуваме природата.
 Нероденоста  и роденоста  не ја означуваат природата, туку личноста (ипостас). Тоа го гледаме кај Бога и кај човекот. Отецот е нероден, затоа што не е роден од никого. Синот по Своето Божествено постоење е роден, затоа што е роден од Отецот пред сите векови. Токму истото го забележуваме и кај луѓето, бидејќи и човекот се раѓа, но е создаден.
 Со овие претпоставки Отецот е несоздаден с, затоа што е нетварен и не постанал, нема почеток на создавање, а истовремено е нероден с затоа што не се родил, туку Он Го раѓа Синот и Го исходи Светиот Дух.
 Синот и Логосот Божји е несоздаден с, затоа што како Бог не е создаден, туку е роден (с) бидејќи се родил од Отецот предвечно. Исто така по човечката природа е роден (с), токму затоа што се роди од Дева Марија во времето.
 Тоа има големо значење за Христологијата, затоа што го покажува Божеството на Логосот Божји, но го покажува и тоа дека по раѓањето е ипостас. Бидејќи роденоста е карактеристичен белег на личноста (ипостас), затоа Богородица роди ипостас којашто се познава во две природи.

     З

 Едно основно прашање во врска со вочовечувањето на Логосот Божји е зошто се вочовечи Втората Личност на Света Троица, а не Првата (Отецот) или третата (Светиот Дух). Секако, целата Света Троица дејствуваше во вочовечувањето, бидејќи Логосот прими човечка природа, Отецот го благоволи воплотувањето на Својот Син, а Светиот Дух содејствуваше, затоа што Христос се зачна преку Светиот Дух. Но факт е дека Втората Личност на Света Троица ја прими на Себе човечката природа. Постојат три основни причини.
 Првата причина е затоа што Логосот Божји е прототипот на создавањето на човекот. Синот и Логосот Божји е “образ (икона) на Невидливиот Бог” (Кол. 1, 15), а човекот се создаден според образ Божји, т.е. според образ (икона) на Логосот. Според св. Јован Дамаскин, човекот беше создаден според образот на Логосот, бидејќи му беа дадени умноста и самовласноста, и според подобие, т.е. совршен во добродетелите колку што е возможно за неговата природа. Меѓутоа, бидејќи со престапувањето на заповедите се помрачи тоа според образот и се соблече од општењето со Бога, природна последица беше навлегувањето на трулежноста и на смртта. И затоа се вочовечи Логосот, за да го пресоздаде човекот и да го одведе таму каде што би стигнал со Неговата благодат и со својот личен труд.
 Бог со создавањето ни го даде највисокото нешто, т.е. образот и подобието, но ние не го сочувавме, го изгубивме. Сега доаѓа Логосот Божји, прототипот на нашето создавање и го прима пониското, т.е. нашата природа, за да не ослободи од трулежноста и за да го обнови садот кој се извалка и искрши, а исто така и за да не ослободи од тиранијата на ѓаволот и да не води кон нов живот.
 Како што учи св. Атанасиј Велики, враќањето на човекот при Бога не беше работа на едно обично покајание, бидејќи по гревот навлегоа трулежноста и смртта. Значи, требаше да се победи смртта. Затоа Синот и Логосот Божји со Своето вочовечување прими најчисто тело од Богородица, но сепак смртно и страсно, за да ги победи смртта и ѓаволот и за да стане прототип на новото создание.
 Втората причина заради којашто се вочовечи Втората Личност на Света Троица е за да остане Неговото својство (особеност) непроменливо. Тоа значи дека секоја Личност на Света Троица има едно непроменливо својство. Отецот е Отец а не Син, Синот е Син Божји а не Отец, Светиот Дух е Свет Дух а не Отец или Син. Тоа својство не може да се промени, да се измени или да се помрдне. Не можеше Отецот да стане Син, ниту Светиот Дух да се роди, бидејќи исходи од Отецот. Втората Личност на Света Троица Којашто предвечно се роди од Отецот требаше да се роди и од Богородица во времето, при Неговото воплотување. Така, Синот Божји станува син човечки за да остане својството непроменливо.
 Третата причина е дека Втората Личност на Света Троица е Логосот Божји, Којшто ни ја возвестува волјата на Отецот. Он, впрочем, се јавувал во Стариот Завет и ја откривал волјата на Бога Отецот.
 Така, преку воплотениот Логос го стекнуваме спасението. Преку Него го имаме нашето приведување кон Отецот. Он е вратата преку којашто влегуваме во домот на Отецот, а бидејќи Христос е вратата на овците, клучот е Светиот Дух (св. Симеон Нов Богослов).

      Ѕ

 Вочовечувањето на Синот и Логосот Божји за цел го имаше исправањето на Адам и на Ева, а пред сé обожувањето на човекот. Според св. Атанасиј Велики, Бог стана човек за да го направи човекот Бог. Истото го среќаваме и во тропарите на Црквата: “Бог станува човек, за да го направи Адама Бог”.
 Падот на Адам не беше етички (морален), туку онтолошки, бидејќи целокупното негово битие тана трулежно. Тоа, секако, имаше и етички последици. Со гревот човекот се соголи од Божјата благодат, го изгуби своето дерзновение пред Бога, се покри со влакната на тешкиот живот (смоквините лисја), се наметна со умирањето, т.е. со смртноста и со грубоста на телото (кожна облека), беше избркан од Рајот, стана осуден на смрт и потчинет на трулежноста. Бог со Своето милосрдие и човекољубие го воспитуваше на многу начини. Меѓутоа, за да ја победи смртта и за да го одведе човекот до обожување, Он се вочовечи. Впрочем, тоа требаше да се случи од почетокот, како што нагласивме претходно, бидејќи немаше друг начин на кој човекот би стигнал до обожување.
 Вочовечувањето на Синот и Логосот Божји ги покажува мудроста и добрината, правдата и силата Божја. Добрината, затоа што не ја превиде болеста на созданието, туку му подаде рака за помош. Мудроста, затоа што го најде најсоодветното решение за тоа што игледаше невозможно. Правдата, затоа што по падот не создаде друг човек за да се бори со ѓаволот, ниту го отцепи човекот насилно од смртта, туку него самиот го направи победник со тоа што амиот го понесе неговото смртно и страсно тело. Силата Божја, затоа што тоа можеше да го направи, т.е. да стане човек додека истовремено би бил вистински Бог единосуштен со Отецот и со Светиот Дух (св. Јован Дамаскин).
 Според тоа, обожувањето на човекот не е луксуз во духовниот живот, туку конечната цел на човекот. Преку Богочовекот Христос човекот може да стигне од образот до подобието, односно до обожувањето. Во Христа се обожи примената човечка природа, а кога човекот се соединува со Него, тогаш може да ја обожи сопствената личност. Откако се најде лекот за спасението, сега секој човек може да го земе и да се исцели.
 Обожувањето на човекот се нарекува и исцеление, затоа што на тој начин човекот се исцелува од трулежноста и од смртноста и се ослободува од ропството на ѓаволот. Во древната Црква имало еретици кои учеле дека Христос ги примил душата и телото на човекот, но не и умот. Одговарајќи св. Григориј Богослов вели дека Христос ја прими целокупната човечка природа, т.е. тело, душа, ум и сите составни  делови на човечката природа, затоа што поинаку не би можел да ги исцели. Значи, ако не го примеше умот, тогаш умот ќе останеше неисцелен. “Тоа што не е примено не е ни исцелено; а тоа што се соединува со Бога, тоа и се спасува”.
 Според св. Максим Исповедник, со создавањето на светот и на човекот постојат пет поделби: помеѓу нетварно и тварно, помеѓу ангели и луѓе, помеѓу небо и земја, помеѓу рај (сетилниот во Едем) и вселена, помеѓу машко и женско. Тоа што не успеа да го постигне Адам, тоа го оствари Новиот Адам, Христос. Така му ја даде можноста на секој човек и тој да ги надмине овие поделби, кога ќе се соедини со Него.

      И

 Вочовечувањето Христово се нарекува уште и испразнување. (с). Изненадувачки се зборовите на Апостолот Павле: “Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето, и по вид се покажа како човек; Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст” (Фил. 2, 6 - 8).
 Испразнувањето на Логосот треба да се сфати како снисходење. Снисходи до човечкиот род, примајќи го обличјето на слуга, т.е. телото, и на некој начин го намалува Своето Божество, без да престане да биде Бог, за да стане сместив (св. Григориј Богослов). Карактеристични се зборовите на св. Григориј Богослов: “Полниот се испразнува, затоа што се празни за малку од Својата слава, за да учествувам јас во Неговата полнота”.
        Синот и Логос Божји е постојано единосуштен со Отецот. Тоа е нормално, бидејќи таа еднаквост не ја грабна со сила. Со Своето вочовечување ја прима човечката природа, криејќи го Своето Божество, за да го спаси човечкиот род. Слегува при Своите слуги, “понижувајќи ја Својата непонизлива висина” (св. Јован Дамаскин). Само со апофатички изрази може да се формулира големата тајна на испразнувањето (понижувањето) (сс).
 Испразнувањето Христово не се состои во тоа што се роди сиромашен, што живееше во едно сиромашно семејство, што од мала возраст ги живееше бегањето, гонењето и маките, се соочи со омразата од луѓето итн., туку пред сé дека ја прими човечката природа, и тоа смртна и страсна. Тоа дека нетварниот Бог го прими тварното на човечката природа, и дека тварното се соедини со нетварното е и се нарекува понижување (с) и осиромашување Христово.
 Без испразнувањето не ќе можеше да се случи исполнувањето - обожувањето на човекот. Впрочем, Божественото испразнување покажува што е точно љубовта. Љубовта е испразнување, жртва, принос, примање на другиот. Затоа и колку човекот се просветлува и се обожува, толку се понижува (испразнува) и обратно.

      Ј

 Продолжение на претходното, т.е. на испразнувањето, е тоа дека Христос, примајќи ја во Себе човечката природа, ги прими и т.н. природни и непорочни страсти. Откако Синот и Логос Божји ја зеде човечката природа, следствено беше да го земе се она што му припаѓа на човекот, без гревот.
 Кога зборуваме за непорочни страсти, мислиме на оние коишто не зависат од нас, коишто не се предмет на избор и на претпочитање, туку тоа се оние што влегоа во нас по падот. Тие се гладот, жедта, болката, маката, солзите, трулженоста, одбегнувањето на смртта, стравот, агонијата, помошта од ангелите поради слабоста на човечката природа. Тие не претставуваат грев, туку се последици на гревот.
 Бидејќи Христос за да ги победи смртта и ѓаволот, прими тело смртно и подложно на страдања, и е вистински човек а не привидно, затоа и ги прими т.н. природни и непорочни страсти. Така гледаме дека огладнуваше, ожеднуваше, се заморуваше, солзеше, го бараше одбегнувањето на смртта итн.
 Меѓутоа, Христос не ја прими и сперматичноста, како што функционира во машката природа. Тоа има врска со фактот дека Он се зачна со Светиот Дух, а не семено. Впрочем, сперматичноста, која се поврзува со сексуалниот инстикт има врска со помисли, желби, плотски возбудувања итн. Христос немаше никогаш такви проблеми, затоа што “грев не направи, и не се најде неправда во Неговата уста” (1. Пет. 2, 22). Како што кажавме претходно, ги прими природните и непорочни страсти, но не гревот. Кога Христос беше искушуван од ѓаволот, беше искушуван од надвор, а не од внатре преку помисли.
 Христос беше Новиот Адам, “единственото ново под сонцето”, Богочовекот Христос, затоа и непорочните страсти што ги прими функционираа природно и натприродно. Се движеа природно, т.е. гладуваше, жедуваше како и сите луѓе, но кога Самиот му допушташе на телото да страда од истите. Непорочните страсти функционираа во Христа и натприродно, затоа што не беше возможно тие да ñ претходат на Неговата волја. Немаше ништо принудно во Христа. Затоа и кога сакаше огладнуваше,кога сакаше ожеднуваше, кога сакаше се плашеше, кога сакаше умре. Со други зборови непорочните страсти немаа власт над Христа, туку Христос имаше власт врз нив (св. Јован Дамаскин). 
 Ако во човекот кој стигнува до обожување, а особено во времето на Боговидението, се гасат сите телесни дејства, тогаш колку повеќе тоа се случуваше во Христа. Христос умре за човекот, но кога посака умре, затоа и “откако извика со висок глас, го испушти духот” (Мат. 27, 50). Исцрпениот човек не може да извика силно. Христос со Својата волја ја предаде душата, извикувајќи силно, што значи дека не изгасна малку по малку, како што се случува со тие што се пред смрт, туку умре со власта што ја имаше како Бог.

     К

 Во овие анализи неколку пати кажавме дека во Христа се соедини Божјата со човечката природа ипостасно. Тоа треба да го видиме поаналитички, колку што е можно, според учењето на светите отци на Црквата. Секако, тоа е една тајна и не ни се дозволува да рационализираме, затоа и се потпираме врз учењето на нашите обожени светители кои го примија откровението, откако стигнаа до обожувањето. И како што Пророкот Мојсеј, стигнувајќи до Боговидение, беше воведен во многу неискажливи тајни, истото и повеќе се случи со обожените светители на Новиот Завет.
 Во древната Црква имаше разни еретици кои се обидуваа со философски разум да го сфатат тоа како дејствуваа двете природи Христови, т.е. Божјата и човечката. Главно можеме да одделиме две основни гледишта. Едното е несторијанското, а другото е монофизитското. Според несторијаните двете природи и нивните својства се различни помеѓу себе. Не е возможно, велеле, да се соедини Божјата со човечката природа, затоа што не се работи за истовидни природи. Така, според несторијаните, човечката природа е просто соединета со Божјата природа. Соединувањето го замислувале како соединувањето на две дрва помеѓу себе. Напротив, според монофизитите, Божјата природа ја апсорбирала човечката природа, затоа и човечката природа ги изгубила сите свои својства.
 Црквата, побивајќи ги и двете овие еретички гледишта, ја утврди догмата дека Христос е совршен Бог и совршен човек, т.е. Богочовек. Човечката природа се соедини со Божјата природа во личноста на Логосот, и така Христос се познава “во две природи неслиено, непроменливо, неразделно и неразлучно”. Ова учење е запазено во еден Богородичен тропар од октоихот, којшто го составил св. Јован Дамаскин: “не претрпувајќи никаква промена, ниту смешување, ниту разделување, туку запазувајќи ги својствата на двете природи”. Значи, секоја природа го зачува своето својство, и така двете природи ниту се променија, ниту се помешаа, но ниту се разделија.
 Во продолжение ќе треба да ги видиме по малку зборовите непроменливо, неслиено и неразделно, согласно со учењето на св. Јован Дамаскин, затоа што во нив се крие тајната на Богочовечноста Христова.
 Непроменливо означува дека секоја природа не ги загуби своите својства. Во случајот при смртта и воскресението на Лазар човечката природа просолзува, бидејќи солзите се својствен белег на човечката природа, а Божјата природа го оживува Лазар, бидејќи оживотворувањето е карактеристичен белег на Божјата природа. Така, во Христа тварното остана тварно, смртно, опишливо, видливо, додека нетваното остана нетварно, бесмртно, неопишливо и невидливо.
 Неслиено означува дека не постои никакво сливање помеѓу дејствата на двете природи. Во случајот на Лазар не оживотворува човечката природа, ниту просолзува Божјата природа. Сите чуда ги направи Божеството, но не без телото, а сите смирени и понизни дела ги направи телото, но не без Божеството. Факт е дека не постои во Христа слевање помеѓу дејствата на двете природи. Божеството му ја предава својата слава на телото, но тоа самото останува нестрадално и непричесно од страстите на телото.
 Зборовите непроменливо и неслиено неопходно треба да се испитуваат со третиот збор: неразделно. Тоа значи дека двете природи се неодделни и неразделни, никогаш не се разделија. Секоја природа дејствува во Христа “со општење на другата”. Во примерот на Лазара велиме дека просолзе човечката природа, а Лазар го воскресна Божјата природа, но и двете природи беа соединети, поради личноста. Кога страдаше телото, Божеството беше соединето со телото, но остана нестрадално. А кога дејствуваше Божеството на Логосот, светиот ум Христов беше соединет со него, знаејќи го она што се врши.
 Поради ипостасното соединување Христос не го вршеше човечкото човечки, затоа што беше и Бог, и не ги вршеше Божествените работи Божествено, бидејќи истовремено беше и човек. Тоа е последица на вистината дека двете природи се соединија ипостасно, т.е. се соединија непроменливо, неслиено и неразделно, и секоја дејствуваше со општење на другата во личноста на Логосот.
 
По ипостасното соединување на двете природи постоеше една Личност, една Ипостас. Несториј, со философска мисла проповедаше дека секоја природа има и своја личност. Тврдеше дека Христос со соединувањето на двете природи прими две личности, една на Божеството и една на човештвото, и се состави една трета личност, која ја нарече “личност на домостројот” или “законска личност”. Така, личноста Христова не е истоветна ниту со личноста Божја, ниту со личноста човечка, затоа кога се одделуваат двете природа престанува да постои и таа личност.
Црквата ги отфрли овие еретички гледишта. Соединувањето на двете природи се случи во Личноста на Логосот. Како што вели св. Јован Дамаскин, Самиот Логос Божји стана ипостас на телото. Христос е Еден, совршен Бог и совршен човек, и е почитуван целокупен, сочинет од Божјата и човечката природа. Следствено, почитувано е и телото, токму затоа што Логосот Божји стана ипостас во него. Тоа значи дека Христос не беше составен од две личности, ниту по соединувањето се оформи некоја законска личност, туку бидејќи Божјата со човечката природа се соединија непроменливо, неслиено и неразделно во Личноста на Логосот, Логосот Божји стана ипостас и на телото.
И уште, во Христа двете природи взаемно се проникнуваат, без да ги губат своите својства. Меѓутоа тоа треба да се каже од аспект дека тоа взаемно проникнување (с) бива од Божјата природа, затоа што Божјата природа минува низ се поради тоа што е нетварна и ништо не може да мине низ неа. Така, постои соединување и взаемно проникнување на двете природи, но тоа бива од Божјата природа, како што сонцето ни ги предава своите енергии и останува непричесно во нашите дејства.
Секако, како што Христос имаше две природи, така имаше и две енергии и две волји. Енергиите имаат врска со природите, а не со личноста. Меѓутоа тие енергии дејствуваат со заедничката Личност, личноста на Логосот. Како што природите не се движат независно од личноста на Логосот, така истото се случува и со енергиите.

    Л

Христолошката догма е многу значајна, затоа што има врска со еклисиолошката, антрополошката и сотириолошката. Светите Отци му даваат големо значење на Христолошкото учење, затоа што кога тоа ќе се измени, тогаш автоматски се менува и еклисиолошкото, антрополошкото и сотириолошкото учење. При една таква измена Црквата се претвара во една човечка корпорација и една религиозна организација и здружение, а човекот ја губи целта на животот, бидејќи скршнува од вистинскиот начин и пат на спасението.
Развивајќи неколку детали на христолошката догма, треба да се осврнеме и на полемиката помеѓу термините “составна природа” (сс) и “составна ипостас” (сс), затоа то и во минатото, но и во сегашноста се случуваше и се случува голема полемика за разликата што постои помеѓу нив.
Монофизитите тврдеа дека двете природи во Христа, по соединувањето, се соединија помеѓу себе и се состави една природа, којашто тие ја нарекоа “составна природа”. Со таа перспектива тие го оправдуваа гледиштето дека човечката природа беше апсорбирана од Божјата природа. Меѓутоа, тоа гледиште ја менува “непроменливоста” на двете природи. Како што вели св. Јован Дамаскин, составната природа, бидејќи е нешто различно од првобитната, не е единосуштна ниту со Божјата ниту со човечката природа. Како пример го наведува составот на човековото тело од четирите елементи: оган, воздух, вода и земја. Телото после неговото составување е нешто различно и не е ниту оган, ниту воздух, ниту вода, ниту земја. Значи, ако го употребиме изразот “составна природа” за Христа, тогаш Христос не е ниту единосуштен со Отецот според Божеството, ниту единосуштен со Својата Мајка и со нас според човештвото. Така, Христос не може да се нарече ниту Бог ниту човек.
Св. Јован Дамаскин, органски вграден во Православното Предание, го отфрла терминот “составна природа” и го воведува изразот и терминот “составна ипостас”. И секако, и овој израз треба да се толкува православно, затоа што е веројатно и тој да се искривоколчи. Да видиме накратко како можеме православно да зборуваме за “составна ипостас”.
Личноста (ипостас) на Синот и Логосот Божји пред воплотувањето беше проста, несложена, бестелесна, нетварна, невидлива, недопирлива, неопишлива, имајќи го сето она што го има Отецот, разликувајќи се само во начинот на постоење, бидејќи Отецот е нероден, а Синот е роден. Меѓутоа, по вочовечувањето личноста на Логосот Божји стана составна (сложена) во смисла дека е составена од Божјата и од човечката природа. Така сега, по вочовечувањето, едната ипостас Христова, бидејќи е составена од две природи, е нетварна по Божјата природа, а тварна по човечката природа, невидлива по Божјата, а видлива по човечката природа.
Ако не го прифатиме терминот “составна ипостас”, тогаш паѓаме или во несторијанство, прифаќајќи две ипостаси во едниот Христос, или во монофизитство, прифаќајќи ја промената и сливањето на двете природи.
Така, во Христа се соединија двете природи “во едната составна ипостас”. Зборувајќи за составна ипостас ние, бездруго, ја подразбираме како “сочинета од две совршени природи на Божеството и на човештвото”.
Секако, можно е некој овој израз да го поима на еретички начин, т.е. да прифаќа дека се состави една ипостас од други две ипостаси, Божја и човечка, или да го прифаќа постоењето на една ипостас од две природи. Но терминот “составна природа” отфрла такви еретички погрешни толкувања. Затоа што се работи за една ипостас која што е сочинета од две природи и се познава со две природи. Во Православното Предание, кога зборуваме за “составна ипостас”,  не мислиме само на ипостас која што е сочинета од “две совршени природи”, туку и на ипостас која што дејствува и се познава “со двете природи”. Така се одбегнува како несторијанството, така и монофизитството.

   Љ

Во стихирата на “Слава...” од хвалитните стихири на празникот на Христовото Рождество пееме: “Тјем Тебје приносим и ми паче имјеннаго данословија, православнаго богатства богословие”. Божјото вочовечување не се нуди за побожни мисли и сентиментални или психолошки анализи. Можат и такви анализи во една соодветна телесна и духовна возраст да принесат нешто, но, конечно, тајната на вочовечувањето треба да се анализира во атмосферата на православната Теологија. Како може да биде поинко, кога имаме соединување на Божјата и човечката природа во личноста на Логосот, обожување на човечката природа, нови и чудесни нешта, кои не може да ги сфати човечкиот ум?
Покрај тоа што го кажавме претходно, можеме во продолжение да видиме четири моменти кои покажуваат едно лично доближување до овој голем празник, до митрополијата на сите Господови празници.
Прво. Пештерата во која се роди Христос е образ на Црквата. Св. Атанасиј Велики ќе каже сликовито: Онаа куќарка каде што се породи Богородица го прими образот на Црквата. И тоа затоа што жртвеникот се јаслите, свештеникот кој служи е Јосиф, Клириците се мудреците, ѓаконите се пастирите, свештениците се ангелите, Архиерејот е Господ, Престолот е Девата, рипидите се Херувимите, дискосот е Пресветиот Дух, покривалото е Отецот Кој се покрива со Својата сила.
Црквата е Богочовечкото Тело Христово, тоа коешто беше во утробата на Богородица, тоа кое се роди, тоа кое се преобрази, тоа кое пострада, се распна, воскресна и се вознесе на Небесата. Во Литургијата се совршува оваа голема тајна и ни се дава можноста да учествуваме во Христовата благодат. Ниту Црквата е некоја човечка организација, ниту Литургијата е некој чин за комеморација и за задоволување на нашите чувства.
Второ. Божјата и човечката природа се постојано соединети во личноста на Логосот непроменливо, неслиено, неразделно и неодделно. Тоа значи дека не се одделија и никогаш не се одделуваат. Бидејќи човечката природа останува неразделна од Божјата природа, затоа што постојано постои во сите векови Богочовекот, затоа можеме и сега да се причестуваме со обоженото тело на Логосот. Причестувајќи се со обоженото Тело и Крв Христови стануваме сотелесни и сокрвни на Христа.
Трето. Откако ќе ñ се поклониме на оваа голема тајна на вочовечувањето, а пред се откако ќе се причестиме со телото и крвта Христови, треба да го изиграме Ирод, како што направија мудреците. Евангелистот Матеј вели дека мудреците “кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја” (Мат. 2, 12).
Зборот Ирод во еврејскиот јазик значи кожно. Затоа св. Никодим Агиорит вели дека треба да го изиграме плотскиот начин на мислење и плотските задоволства. И уште, треба да го изиграме ѓаволот, којшто не попречува да одиме по патот на спасението. Треба да се вратиме по друг пат, преку добродетелите, во нашата земја, која  е Рајот.
Тоа значи дека се бара светотаински и аскетски живот. Оние кои живеат аскестки се удостојуваат да се соединат со Христа во Светите Тајни.
Четврто. Кога некој живее светотаински и аскетски, согласно со духот на Православното Предание, тогаш духовно ги живее собитијата на Божјото вочовечување во своето срце, и воопшто во целото свое битие. Тогаш, не ги чувствува собитијата надворешно, туку внатрешно. Св. Симеон Нов Богослов ќе каже дека, кога човекот ќе го очисти срцето и ќе се просветли, тогаш во себе Го прима Христа. Христос се зачнува кко бебе во него, се раѓа со добродетелите, и тогаш човекот ги живее сите тие собитија во своето битие. Секако, само во Христа се соедини Божјата со човечката природа ипостасно. Но и обожениот ја прима Божјата енергија во својата природа, станува член на Телото Христово. Така разбира како дејствува Благодатта во неговата природа, што е тоа испразнение (с) и што е обожување на човечката природа.
Вочовечувањето на Втората Личност на Света Троица за цел го имаше обожувањето на човечката природа. Меѓутоа треба да се обожи и личноста на секој од нас. Ако ние не се наоѓаме во перспективата на обожувањето, тогаш за нас е како да не се вочовечил Христос.

 

Извор: http://preminportal.com.mk/content/view/8948/1/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1602
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2054
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1809
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…