логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Bogorodica.Markov.freska.jpg
IV. 3. Грижата на Богородица за човештвото во Новиот завет
 Пресвета Богородица не само што ни Го роди нашиот Спасител, туку и самата не го заборави човештвото, па секогаш се моли за нас кај Својот Син. Како небесна и земна кралица, таа им помага на царевите и ги утврдува државите. Таа како избрана војвотка спасува градови и населби од непријателски напади. Таа како застапница на човештвото води грижа, заскитаните да се вратат од патот на заблудата и да излезат на патот кој води кон спасение и добротворство. Таа е радост на жалните и брза да му помогне на страдалното човештво. Таа ги застапува и ги брани оние што се навредувани и напаѓани од други  и ги спасува оние кои се без одбрана.
 Ако се вдлабочиме, ако ги проучиме списите на писателите од минатото и сегашноста, ако ги поминеме манастирите и црквите што се подигнати во христијанството во чест и слава на Пречистата Богомајка, ќе најдеме многу докази за нејзината добрина и моќ, за нејзината мајчинска љубов кон човештвото. Со неа е проткаена сета христијанска уметност, како источната така и западната, а тоа ќе го забележеме секогаш кога ќе влеземе во кој било храм. Таму Нејзиното место е почесно, крај царските двери и во средината на апсидата, каде што го симболизира средиштето на целиот свет, како негова заштитничка и застапничка.
 Многупати Пресвета Богородица ја задржувала и сè уште ја задржува раката Господова, за да не ги казни грешниците. Да се запрашаме само колку ли пати таа спасуваше земји и смируваше скарани народи, прекинуваше војни, победуваше непријатели, задржуваше поплави и задоволуваше глад!? Овие нејзини добротворства се запишани во летописите на Светата Црква и тоа беше причина за да се почитува и слави Богомајката повеќе и од херувимите и од серафимите.
 Пресвета Богородица секогаш се застапува кај Својот Син и сака смртно болниот свет да го прими небесниот лек. Првото посведочено застапништво на Богородица го среќаваме во Новиот завет, во Евангелието според Јован (Јован 2, 1-12). Имено, станува збор за свадбата во Кана Галилејска, каде што бил поканет и Христос со мајка си и тука направил чудо, со што ги уверил Своите ученици дека е пратен од небото. На свадбата снемало вино, па грижливата Богородица Го замолила Својот Син да им помогне на луѓето.
 А кога приврши виното Му рече мајка Му на Исуса: Немаат вино (Јован 2, 3). И покрај тоа што Христос ѝ вели Што бараш од мене, жено?, таа на учениците Негови им вели: Сè што ќе ви рече, направете (Јован 2, 5). Христос заповедал да се наполнат шест камени садови со вода и тогаш им рече: нацрпете сега и однесете му на старосватот (Јован 2, 8). Со семоќната волја на Севишниот, водата се претворила во вино, па така се развесели домаќинот и ги нагости своите гости, што многу ја израдувало Пресвета Дева. Со ова наполно се објавува несомнената вера на Богомајката во Божествената моќ на Синот, што е и напомена дека таа секогаш кај Него ќе се застапува за жалните и страдалните. Со ова Богомајката го прави првиот обид на застапништво кај небесниот Спасител за ужалените земни деца.
 Па затоа и ние денес постојано прибегнуваме кон Царицата небесна , молејќи ѝ се да нè заштити нас кои сме во неволји, жалости и болести, оптоварени со многу гревови; секогаш ја молиме со солзи, топла душа и смирено срце и имаме цврста надеж дека ќе ни помогне и дека ќе се застапи за нас пред Нејзиниот Син.

 

 (Продолжува)

Друго:

 

 

Diplomska.Josif.jpg

ДИПЛОМСКА РАБОТА

БОГОРОДИЦА - ПОЧЕТОК НА НОВИОТ ЗАВЕТ

Ментор:   Протоѓакон  Проф. д-р Ратомир Грозданоски

Diplomska.Josif.jpg

Кандидат:    Еромонах Јосиф Тодоровски

Diplomska.Josif.jpg

Скопје, 2011



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1602
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2054
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1809
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…