логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 vozdvizenie.jpg

Кога Бог го создал човекот, Тој во него вложил нешто божествено. Тоа е подобно на мисла, која како искрата содржи и светлина и топлина. Таа мисла, која го просветува умот и му посочува што е добро, а што – зло, се нарекува совест. Таа е природниот закон. Како што толкуваат св. Отци, таа е оние кладенци што ги ископал Исаак, а филистијците ги затрупале (Бит. 26). Следејќи го тој закон, т.е. совеста, старозаветните патријарси и сите светии пред пишаниот закон, Му угодувале на Бога. Но, кога луѓето преку своите гревови ја затрупале и подгазиле совеста, тогаш се појавила потреба од пишан закон, се појавила потреба од св. пророци, се појавила потреба од доаѓањето на Самиот наш Владика Иисус Христос, за да ја открие и издигне совеста, кога одново ја распали онаа затрупана искра преку запазување на Неговите свети заповеди.

Сега веќе од нас зависи дали пак ќе ја затрупаме или, кога и’ се покоруваме, ќе и’ дадеме можност да свети во нас и да не просветува. Зашто, кога нашата совеста ни вели да сториме нешто, а ние не и’ обрнуваме внимание, и кога повторно ни вели, но ние пак не го правиме и продолжуваме да ја газиме – со тоа ние ја затрупуваме, така што таа, поради тежината која лежи врз неа, веќе не може откриено да ни зборува, туку како светилник зад завеса, започнува да ни ги покажува работите затемнети. Како што никој не може да гледа и да го познае своето лице во вода разматена од многу тиња – така и ние, по престапувањето, не разбираме што ни зборува совеста и ни се чини дека воопшто ја нема. Но, не постои човек кој воопшто нема совест, затоа што таа, како што рековме, е нешто божествено, и никогаш не загинува, туку секогаш ни напомнува за полезното. Ако ние не ја чувствуваме, тоа е затоа што не и обрнуваме внимание и ја газиме.

Затоа и пророкот го оплакува Ефрем со зборовите: “Ефрем е угнетен, поразен е преку суд” (Ос. 5:11). Противник е наречена совеста. Затоа и во Евангелието е речено: “Измери се со противникот твој на време, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш затворен; вистина, ти велам: нема да излезеш од таму, се додека не го дадеш и последниот кондрант.” (Мат. 5, 25-26). Но, зашто совеста е наречена противник? Затоа што таа секогаш се противставува на нашата зла волја и ни напоменува што треба да правиме, а ние не го правиме, и што не треба да правиме, а ние го правиме – за сето тоа таа не осудува. Ете зошто Господ ја нарекува противник и ни заповеда: “Измери се со противникот твој на време, уште додека си на пат со него”. Патот, според зборовите на св. Василиј Велики, е светот.

Така, браќа, да се потрудиме да ја пазиме нашата совест додека сеуште сме на овој свет. Ништо, за кое таа не’ разобличува, да не допуштаме, да не ја погазуваме за ништо, дури и за најмалото. Знаете дека од необрнување на внимание на тоа мало и навистина ништожно нешто, ние преминуваме и кон необрнување внимание и на големите нешта. Ако некој започне да вели: „Што дека ќе го кажам тој збор? Што дека ќе го изедам тоа? Што дека ќе погледнам тука или таму?“, имено, од тоа „што дека тоа, што дека она“ тој паѓа во лоша навика и започнува да не обрнува внимание и на големото и важното и да ја гази својата совест, а така, кога тоне во злото, тој се наоѓа во опасност да стигне и до потполна безчувствителност. Затоа, браќа, внимавајте да не го запоставувате малото, пазете се, не презирајте го како мало и ништожно – тоа не е мало, бидејќи преку него се создава лоша навика. И така, да бдееме над себе си и да се грижиме за лесното додека е лесно, та да не би да стане тешко, затоа што и добродетелите и гревовите започнуваат со малку, а стигаат до големо добро или зло. Поради таа причина Господ ни заповеда да ја пазиме својата своест, и како да не уверува секој од нас посебно, велејќи: „Гледај што правиш, несреќнику! Освести се, помири се со својот противник, додека си на пат со него.“ А понатаму го посочува бедните последици од непазењето на таа заповед: „за да не те предаде на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш затворен“ А потоа што? – „Вистина, ти велам: нема да излезеш од таму, се додека не го дадеш и последниот кондрант.” Како што веќе реков, совеста не разобличува и за доброто и за злото, ни посочува што да правиме, а што не, и таа ќе не осуди во идниот живот, затоа е и речено: „за да не те предаде на судијата“ итн.

А пазењето на совеста бива најразлично, така што човек треба да ја пази во однос на Бог, кон ближниот, кон нештата. Во однос на Бог совеста си ја пази оној кој не ги запоставува Неговите заповеди ниту во она кое не е видливо за луѓето и не се бара од нас – таков човек тајно ја пази својата совест пред Бога. На пример, некој бил мрзлив за молитва или пак, страсна помисла влегла во неговото срце, а тој не се спротивставил и не се воздржал, туку ја примил, или видел дека неговиот ближен прави или зборува нешто и, како што обично се случува, го осудил. Со еден збор, ние треба да се пазиме од се’ што е тајно, кое никој не го знае, освен Бог и нашата совест – тоа значи да ја пазиме нашата совест во однос на Бога. А пазењето [на совеста] во однос на ближниот бара да не вршиме ништо кое знаеме дека би го оскрбило или соблазнило ближниот, било со дело или збор, со изглед или поглед, затоа што, како што често повторувам, може да да го оскрбиме својот брат и со изгледот, и дури само со поглед. Кратко кажано, човек не треба да врши ништо за кое знае дека го врши со намера да го оскрби ближниот – преку тоа тој си ја осквернува својата совест, бидејќи сфаќа дека тоа го направил со цел да го повреди својот брат ил да го наскрби (разжалости). Тоа, пак, значи да си ја пазиш совеста во однос на ближниот. А пазењето на совеста во однос на нештата се состои во тоа да не се однесуваме невнимателно кон која и да било твар, да не дозволуваме да се расипи и да не ја зафрламе. Напротив, ако видиме дека нешто е зафрлено, не треба да го одминуваме, макар и да е ништожно, туку да го дигнеме и ставиме на неговото место. И така, браќа, потребно е секогаш да бдееме над себе си и да се пазиме од се’ што е спротивно на совеста, за да не ја претрпиме онаа беда, од која Самиот Господ не претпазува, како што кажавме погоре. Да ни даде Бога до го слушаме и исполнуваме тоа, та словата на нашите отци да не ни бидат за осудување.

Извор:  За съвестта – Авва Доротей

Преземено од. Маран Ата

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2877
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2690
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…