логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TVITER128

Митрополит Струмички Наум:
Недела на Самарјанката

(29.05.2021 15:49)


Добивањето и пронаоѓањето на вода жива, пројавено како умно-срдечна молитва и просветлување на умот, е дар Божји – „водата што ќе му ја дадам Јас“ (Јован 4, 14). Потоа не ни треба духовен раководител, благодатта сама ќе нè води – „вода што ќе тече во живот вечен“ (Јован 4, 14).


Пројавувањето и потекувањето на благодатта во нашето срце е сведоштво дека лично сме го усвоиле дарот Божји и дека сме созреале како личности; сведоштво дека не сме повеќе наемници, туку деца на Отецот наш Небесен; сведоштво дека настапуваме во силата на личност – која Го сведочи Неговиот Син.


Вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во благодатта на Светиот Дух и во исповедање на вистинската Вера. Поклонувањето во дух и во вистина е едно и исто поклонување, едно и исто дејство, една и иста благодат. И, се случува на едно и исто место, пред сè – во нашето срце. По просветлувањето на умот, а по послушание, и надворешно.
Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира дека Му се поклонуваме на Бог во дух и во вистина, туку неопходно е и да ја активираме и актуализираме благодатта на Светото Крштение, преку дела на верата. Такви поклоници бара Бог да бидеме.
Кој сака да дознае што значи ова, односно кој сака да го открие изворот на вода жива, која тече во живот вечен, нека влезе во апсолутно или целосрдечно послушание на Христовите заповеди, односно на Црквата, односно на Светото Предание, односно на својот духовен отец – пред сѐ, својот Епископ. Тоа за нас, и ништо друго, значат зборовите: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете... Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршувам Неговото дело“ (Јован 4, 32; 34).

Светите отци, честопати, со терминот дух го именуваат умот. Во библиско-антрополошка смисла, поклонувањето во дух и во вистина значи поклонување со исцелен ум.
Исцелен ум има човек кој енергијата на својот ум ја соединил со суштината на својот ум, која се наоѓа во неговото срце. Бидејќи ова соединување е дејство на благодатта на Светиот Дух и молитвено-аскетски се случува внатре во срцето, исцелен ум во соодветна смисла е исто што и просветлен ум со дарот на умно-срдечната молитва.


Доколку ова молитвено соединување е постојано благодатно, а не времено аскетско, тогаш исцелен ум е исто што и обожен ум. Обожениот ум е ум од Духот воведен во сета вистина; созерцател на несоздадената светлина. Само за оној што има исцелен, обожен ум можеме да говориме дека е целомудрен и девствен, во вистинска православна смисла.
Голема утеха и голема надеж е фактот дека Богочовекот Исус Христос на секого му дава можност за покајание и можност за лична средба и заедница со Него. И на големи грешници како што е жената Самарјанка – според тоа што читаме.
Но, да почнеме од себе. Ако се согласувате со мене, тогаш ајде најнапред да заплачеме или да се присилиме да заплачеме, зашто тоа е почетниот дар на жива вода која води кон живот вечен, дар соодветен за нивото на нашиот духовен развој, кој сведочи за восогласеноста на начинот на нашиот живот со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме, со кој го ослободуваме нашето срце од заробеноста на страстите.
„Господи, ми даде сува земја, дај ми и водни извори“; т.е. плач и солзи на покајание.


P.S. Сакав нешто поедноставно да напишам за тоа – што е тоа вода жива, ама нема друго освен дека е тоа благодатта на Светиот Дух што ни е дадена во часот на Светото Крштение.


Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1698
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2182
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…