СВ. ТЕОДОРА АРКАДИСКА ЧУДО БОЖЈО
Повеќето од нив високи и преку 30 м , а пречник на некои од нив изнесувал повеќе од 1м.
И покрај тоа што покривот на оваа мала црквичка е тенок без некоја потпора, сепак со векови стои како некое чудо да го држи. А од под Црквата извираат неколку извори со чиста вода, онака како што самата таа побарала од Господ.


Неговата душа никогаш нема мир. Тој секогаш е незадоволен – ова не е во ред, ова не е како што треба… 
Оној кој се подготвува за причестувањето со Светите Христови Тајни мора да има чиста совест, да нема непријатели, да биде ослободен од гнев, расеаност, смут, мрзливост, па со длабоко покајание на духот и во потполно сознание за својата недостојност, со страв и вера да пристапи кон Светата Чаша.
„Не сум мислел и не мислам, дека е едно и исто нешто:
- Зошто си Му толку благодарен на Бога?
Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам и не ги колнам.
Свети Јован во едно од неговите посланија вели: „Совршената љубов го изгонува стравот“. Што сака со ова да ни каже светителот? За каква љубов и за каков страв ни говори? Псалмопејачот (Давид) вели: „Имајте стравопочит кон Господа сите праведници Негови“. Вакви изреки наоѓаме на многу места во Светото Писмо. Според тоа, ако светителите кои Го љубеле Бога и имале стравопочит кон Него, како можеме да кажеме: „Љубовта го изгонува стравот“?
Навистина е Божји дар да се чувствува длаболка болка поради гревовите.
“Браќа, вразумувајте ги распуштените, тешете ги малодушните, поддржувајте ги слабите, бидете долготрпеливи кон сите. Внимавајте на некој да не му возвратите зло за зло, туку секогаш барајте добра и еден на друг и во се”… Така во последната глава од своето послание до Солуњаните говори апостол Павле. Овие зборови се јасни, прости, кратки, но – колку во нив има светлина, колку добро и вистина…
Без постот е невозможно да се зачува светоста, невозможно е телото да му се потчини на духот, па ни самата молитва нема да се вознесе и нема да има дејство, бидејќи падната природа ќе го надвладее телото и тоа ќе биде принудено да се распали. Од тоа распалување на телото доаѓаат мислите кои го валкаат умот; тие, пак, го возбудуваат и валкаат срцето,
Покајте се, браќа! Побрзајте, да не останете зад затворени врати.
Монахињата Параскева ни поради елеј од кандилото на гробот на старец Гаврил и ни објасни како можеме да се помазуваме со него. Имав чувство како да сум добил некоја огромна сила. Така и беше!
И така, опфаќајќи нѐ од сите страни, ги спречува стрелите што доаѓаат однадвор да се допрат до нас, бидејќи Тој е нашиот дом; а сѐ што внатре е нечисто, Тој го исфрла надвор, затоа што како негов жител го исполнува целиот дом. Навистина, не заедничариме во нешто што е Негово, туку во Него Самиот; и не примаме во своите души некакви зраци и светлина, туку го примаме самото Сонце;
Кога не ги крадеш, а тие тебе те крадат? Кога ги благословуваш, а тие тебе те проколнуваат?
И јас ги благословувам и не ги колнам. Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите. Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
Божјите свети луѓе бегале од градовите, бидејќи знаеле дека општењето со грешните развратни луѓе се одразува врз нив пострашно и од најстрашната заразна болест. Пророкот Илија, напуштајќи ја Јудеја, живеел во Кармилската планина, која била ненаселена и полна со диви ѕверови. И Елисеј, неговиот ученик, се угледал на својот учител, и го возљубил пустинскиот живот.
Оној што е научен на љубовта од Светиот Дух, цел живот тагува заради луѓето што не се спасуваат.
Оној што е заразен од гордоста, сите оние кои се повисоко од него, било да станува збор за власт, за возраст или способности, ги смета за рамни на себе и не поднесува да биде подолу од нив. Ако горделивиот човек е потчинет, тој не го почитува својот претпоставен, не сака да му се потчинува и не ги исполнува наредбите; се поставува на исто ниво со сите кои се образовани и, 
























