логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Денеска го одбележуваме споменот на великиот светител и учител на Црквата, Јован, архиепископ Константинополски, именуван како Златоуст, како редок дар. Уште додека беше смирен презвитер во Антиохија, не барајќи слава, ниту чест, иако телесно слаб и не надворешно впечатлив, тој беше голем духовно и со силна вера. Ниедно слово во Антиохија немаше поголемо влијание отколку проповетта на Златоуст. Неговата слава беше распространета надвор од земјата и презвитерот Јован во својата 50-та година од животот беше повикан на служење како епископ кај Митрополитот во Константинопол. Неговата проповед  доведе многу грешници кон праведен живот. Но, оние кои го мразеа праведниот живот на дел од царскиот двор и свештенството станаа негови жестоки непријатели. Тие успеаа во своето осудување и егзил. Исцрпен од болеста, светителот се соочи со тежок пат, поминувајќи преку Мала Азија и планинска Ерменија. Прогонуван од стражарите кои не знаат за сочувство, стигна на пределите на Кавказ и со тешкотии стигна до периферијата на современиот Сухими. Таму, каде што за последен пат ја изведе Литургијата, тој го заврши својот земен живот со зборовите: „Слава на Бог за сé’’.
                                   
                                          


Црквата Христова не ги заборави духовните подвизи на свети Јован Златоуст. Речиси секој ден во храмовите се изведува Литургијата, составена од него; го слушаме неговото слово во Велигденската ноќ - повик да се влезе во радоста на Христовото Воскресение. Повеќе од илјада негови пастирски учења и писма, толкување на Светото Писмо, неговиот подвижнички  живот, со векови служат за духовен раст и спасение на чедата на Црквата.
Пред неговата смрт, светителот му се заблагодари на Бога за сѐ што доживеа. Зошто болестите и лишенијата не го разбија и не го паднаа во униние, не предизвикаа ропот? Затоа што физичкото страдање за вистинските Христови следбеници е веселба. Тешките испитанија и физичката болка во името  Христово ја чистат душата на подвижниот од пристрастност од суетното и земното, издигнуваат во неа мерка на вистинските вредности над имагинарните. Во маките, ослабува желбата за бездуховни задоволства кои ја расипуваат душата и ја отежнуваат совеста и го прават срцето ранливо, славољубиво и слабо. Болестите и лишувањата кои се издржуваат со молитва, исцелуваат од преценување и гордост. Еве зошто Господ, подготвувајќи го на Своите ученици патот на совршенството, ги нарече блажени оние што одат преку него.
Славејќи го земниот подвиг на големиот Светител, да научиме да не стравуваме од страдањата што ни ги предизвикува телесната болка, духовна нажаленост или нанесена навреда. Нека не ја помрачуваат нашата душа животните тешкотии, нека радоста се всели во нашите срца обилно. Да го измолиме од свети Јован Златоуст дарот на светата храброст, со која што тој самиот го помина својот животен пат. Заедно со големиот угодник Божји, да Му заблагодариме на Бога за сé што извршува со нас, за сето она што Бог ни го дарува во овој живот. Амин.

                                                                                               Питирим, архиепископ Волоколамски

Извор: https://www.optina.ru/holidays/1126/

 

Подготви:

Снежана Корнет

 

26-ти ноември 2018 лето Господово

 

 Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Подготви: Снежана Корнет

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2767
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1944
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…