логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

(Продолжение)

Г л а в а 10

 vozdvizenie.jpg

ПРАШАЊА НА УЧЕНИЦИ И ОДГОВОРИ НА СТАРЕЦОТ ЛЕОНИД

Прашања
на послушникот алексеј поликарович бочков и одговори на старецот

 

П р а ш а њ е: Што е осудувањето, и зошто отците осудувањето го нарекуваат - антихрист?

О д г о в о р: Осудувањето е тоа, кога ти го гледаш гревот или го знаеш порокот на својот собрат и говориш од целото свое срце: „По мое мислење, тој заслужува или маки, или казна, или болест." Тогаш, ти стануваш судија на ближниот и сакаш да седнеш на престолот на Единствениот Судија - Христос. За твоето гордо безумие ти се присоединуваш кон антихристот... Во своето молчание отците, занимавајќи се со внатрешен труд, не знаеле за гревовите на ближниот, туку го гледале само своето паѓање.

П р а ш а њ е: Можам ли на Исповед да зборувам за оној што грешел заедно со мене?

О д г о в о р: Зарем ти сакаш да се каеш за него? Ако тој не сака да го сознае својот грев, ти говори за твојот грев!

П р а ш а њ е: Отците велат, дека не е полезно подробно да се исповедуваат блудните мисли и дела, и дека е доволно тие да бидаш објаснеши со кратки зборови, бидејќи сиоменош за нив ја осквернува устата и мислите. Така ли е?

О д г о в о р: Да, така е! Отците биле поопитни од нас во духовните дела. Но, за секој човек не може да се применува едно и исто правило. Некој старец може бестрасно и без штета за себеси да ја ислуша твојата исповед. А и ти, да речеме, можеш не толку страстно, туку со скрушеност да се исповедуваш поподробно и да се засрамиш за свое смирение. Затоа, подробната исповед - макар и ретко - може да биде полезна. Но, старците го познавале големото Божјо милосрдие, што не го сака нашето крајно осрамотување, затоа и добро просудиле да го олеснат исповедувањето на блудните помисли. Понекогаш се случува, ѓаволот да ти сугерира (без ти да сакаш). Тогаш ти ќе ги разоткриеш не своите мисли, а неговите сугестии. Понекогаш и старецот, ако не е многу цврст во добродетелта, не ќе може брзо да ги заглуши во своето срдечно уво твоите исповедувани помисли.

П р а ш а њ е: Како да познаваме кои помисли се наши, и кои се од противникот - ѓаволот?

О д г о в о р: Еден коневски пустиножител ми раскажуваше дека, макар и да се задлабочувал долго време во духовното внимание, сепак, не можел да ги разликува своите помисли од демонските. Зашто и демонот, одвлекувајќи ја твојата мисла врз некој предмет, не ти вели: „Иди, направи тоа и тоа", а ти проговорува така, како ти самиот да си го мислел: „Јас сакам да го направам тоа и тоа. Јас сметам, дека тоа е полезно, а другото штетно. Јас решив да го сторам тоа и тоа." И сето ова, тоа често не се твои мисли, туку мисли на ѓаволот, прикриени зад твоето јас. Ти се заблудуваш, дека тоа се твои мисли. Ти слушаш демонски сугестии.

П р а ш а њ е: Некои свештеници - богослови, бараат најподробна исповед за исчистување на душата.

Одговор: Да ги оставиме! Тоа си е нивна работа! Но, можат ли тие самите да ги исполнат своите правила, на пример, ако им претстои да исповедаат 500 души за три часа?

П р а ш а њ е: На сите ли се дава духовната молитва?

О д г о в о р: Кога Господ ќе го посети некого со тежок испит, со болка, со губење на сакан ближен, таков човек неволно ќе се помоли од се срце и од длабочината на својата душа. Следствено, изворот на молитвата е во секого од нас. Но, тој се отвора или преку постепено задлабочување во себеси - според учењето на отците - или моментно - од Божјиот сврдел.

П р а ш а њ е: Некои многу ја сакаат Божјата Мајка и се фалат со тоа. Но, јас се сомневам во искреноста на нивната усрдност.

О д г о в о р: Да, кај оние, кои парадираат со своето набожно молење, тоа е сомнително. Понекогаш ние се фалиме со нашите Акатисти, меѓутоа, далеку сме од Небесната Царица. Да ја восфалуваме Божјата Мајка не со празна слава, а со поддржување на Нејзините добродетели - чистота, смиреност итн.

П р а ш а њ е: Што ќе кажете за Акатистите, со кои, некои ги претоваруваат своите молитвени правила?

О д г о в о р: Оној, кој ги разбира акатистите така, како што ги чувствувале нивните составувачи и кој проникнува во секој нивен збор, тој се моли со Акатистот не без учество на умот, доволно е само да не си ги припишува на себе и на својот ум (на суетен начин) туѓите трудови и туѓите слова, псалми или химни. Ние сме само читатели. Не се сите давидовци, кои го прочитале Псалтирот, и не сите се дамаскиновци, кои ги прочитале неговите канони. Најдобро е простото и на сите блиско мислење на митарот: „Боже, биди милостив кон мене грешниот!"

П р а ш а њ е: Кои светоотечки книги е најдобро да се читаат?

О д г о в о р: Читај ги словата на светителите со нивните дела!

П р а ш а њ е: Како е најлесно да се спаси човек?

О д г о в о р: Еве како - да си простосрдечен како апостолите, да не ги прикриваш своите човечки недостатоци, да не се преправаш како многу побожен, да не лицемериш - тоа е патот на нашето спасение. Макар и навидум лесен, тој не му успева на секого и не е разбирлив за секого. А, меѓутоа, тој е најблискиот пат на спасението и ја привлекува Божјата благодат.
Да нема неискреност и подлост, туку откриеност на душата - ете што Му е пријатно на Господ смирениот по срце (Мт. 11, 29).
Ако не бидете како деца, нема да влезете во Царството небесно! (Мт. 18,3).

П р а ш а њ е: Зошто јас чувствувам досада кон оние кои доаѓаат при Вас и се лутам на нивната глупавост и незнаење, макар што знам, дека многумина од нив имаат голема полза од Вас?

О д г о в о р: Ова е поради тоа, што срцето не ти е скрушено. Тој што чувствува до болка љубов кон ближниот, тој не ја забележува неговата глупост, туку со страв се моли Господ да му сугерира што да каже на ближниот за негова полза, и притоа, благопријатно го исполнува делото на советувањето како Божјо дело. Некогаш и откако си се помолил, не наоѓаш полезен одговор. Тогаш се чувствуваш посрамен и самиот се покајуваш. При такво чувство на сопствено недостоинство не можеш и да помислиш за човечките глупости, и си готов секому да кажеш: „Помоли се за мене, Божји слуго!"

П р а ш а њ е: Зошто понекогаш толку Ве сакам, како, на пример, сега (притоа се појавија солзи во моите очи и гласот ми затрепери), а понекогаш чувствувам негодување против Вас поради многуте луѓе кои Ве посетуваат и Ве обременуваат?

О д г о в о р: Ова е поради тоа, што ти уште не си монах, уште не си прекинал со светот. Ти сакаш веднаш, од првиот збор да ги сфатиш моите мисли, та, некако на брзина да се спасиш, набрзо се да научиш. Оттаму доаѓа твојата восхитеност, твоето бакнување на рацете и рамената на баќушката. А, при отец Теодор јас бев повоздржан, макар што мислено бев готов да му се поклонувам до нозете со синовска почит. Види ја игуменијата Анатолија и монахињата Аркадија. Тие не им завидуваат на оние кои доаѓаат при мене, подготвени се на секого да го отстапат своето место, а ме сакаат повеќе од тебе, зашто ги исполнуваат моите зборови на дело. Кога ли Господ и тебе сосема ќе те ослободи од светот? Можеби и ти тогаш ќе го засакаш својот ближен како себеси."


Овие зборови на старецот Леонид, дека послушникот А. Бочков со време ќе го засака својот ближен како себеси (Мт. 22, 39), се покажале пророчки. Тие се оствариле по околу 30 години по смртта на старецот Леонид. Послушникот Алексеј Бочков, при своето пострижување го добил името Антониј, станал игумен на Череменецкиот манастир, но во 1871 г. се откажал од игуменството и се посветил на подвижништво во скитот на Николо-угрешкиот манастир околу Москва. Во тоа време избувнала епидемија од колера. Московските свештеници се покажале недоволни на број за исповедување, причестување и погребување на луѓето кои биле болни и умирале. Еромонасите од околните манастири биле мобилизирани во таа акција. А отец Антониј Бочков, макар веќе и многу стар, сам изразил желба да се вклучи во тоа човекољубиво дело и во почетокот на 1872 г. се преселил во Московската болница, определена за простите работници. Таму му била изградена посебна ќелија. Во продолжение на 2 месеца, седумдесетгодишниот старец - игумен, секојдневно исповедувал и причестувал мнозина болни, откако и самиот побожно ги примал светите Тајни. Секој ден извршувал Елеосветување, обично над тројца болни и погребувал во просек по 6 луѓе. Вршејќи го сето ова, отец Антониј за себе говорел, дека за целиот свој живот не се чувствувал толку здрав и немал таков мир во својата душа, како во тоа тревожно време. Но, дошол и неговиот крај. На 17 март, во денот на својот небесен покровител и истоименик преп. Алексиј човек Божји, тој заболел од тифус и на 5 април мирно ја предал на Бога својата душа, која тој ја положил за своите ближни, прославувајќи ги со својот живот и со својата смрт прекрасните Христови зборови:


Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели  (Јн. 15, 13).

Друго:

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (1)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (2)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (3)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (4)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (5)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (6)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (7)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (8)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (9)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (10)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (11)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (12)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (13)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (14)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (15)

арх. Серафим - ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (16)

 

 Optinski.starci.jpg

Издавач: ЃаконијА  2004

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4031
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3248
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

    Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

« »