логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (Обновено)

vozdvizenie.jpg

 

МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО (параболата за митарот и фарисејот)   

 

(Лк. 18, 9-14)
Блажени се гладните и жедните за правда, - вели Господ, - зашто тие ќе се наситат. Митарот и фарисејот од евангелската парабола дојдоа во храмот гладни и жедни за правда. Застанувајќи пред единствениот вистински Судија, секој од нив на различен начин се обиде да најде милост низ личното обраќање кон Бога. Но, колку што беше различен поединечниот пристап и однесување, толку беше различна и правдата што ја бараа. Фарисејот, според логиката на човечката правда, ги набројуваше делата што требаше да го оправдаат. Тој, на некој начин се обидуваше да докаже дека не Му е должник на Бога. Митарот, пак, стоеше немо пред божествената правда, надевајќи се само на безграничното милосрдие на Спасителот. Тој беше сиот во покајание. Со погледот спуштен кон земјата и со воздишките, тој ја исповедаше беспрекорната мудрост на Христовото истоштение. Неговата кротост и скрушеност беа како икона на страшните и спасителни страданија на Оној, Кој за нас поднесе исмевање, бичување и распетие.
Нема поголема добродетел од смиреното покајание, зашто кога човек преку покајанието ќе се испразни себеси од секоја суета, од секое осудување, од секое високоумие, тогаш тој како вистински свештен сад се подготвил себеси за Бог во него да ја излие незалезната мудрост, вистинската мисла и збор, небесната добрина. Кога човекот се смирува, тогаш љубовта како врв на добродетелниот подвиг во него има Богочовечки образ. Христов образ. Колку, во таа смисла, беше побезнадежна реакцијата на фарисејот?


Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така некаде е напишано, или пропишано; дека ова е забрането, а она дозволено; дека едно смее, а друго несмее; или дека ова е според едно правило, а она според друго, - туку едноставно заради нашата љубов кон Бога. Сé да биде од љубов, а не заради нешто. Зашто само кога е од љубов тогаш е заради ништо. Тогаш е вистинско послушание, а вистинското послушание е плод на нелицемерна љубов.


Нашата приврзаност кон Бога и кон исполнувањето на Неговите заповеди зависи од тоа колку ќе се научиме да ги љубиме нашите ближни. Зашто овој, фарисејот, имаше одлично познавање за верата на своите предци. Тој ги знаеше по подробност сите закони како и сите оние што и припаѓаа на оваа еврејска каста. Тој го правеше сето тоа што беше пропишано со старозаветниот Закон, но го правеше според обичајот, како традиција, како адет, како средство за правдање, како можност да се биде нешто повеќе од другите. Само слепо следејќи ги формите на надворешната побожност. Меѓутоа неговото срце не се измени од таквото ревнување, токму онака како што тој и не си замина од храмот оправдан, - според заклучокот од евангелското четиво. Зашто тој, наспроти ситничавата предаденост на формалната религиозност, всушност, мислеше многу лошо за оние околу себе, и немаше ниту една трошка љубов во себе за нив. Неговата мизантропија избиваше од секој збор што го беше изустил пред Господа.


И тоа не é аномалија на овој фанатичен човек, аномалија што постоела само тогаш, во Јудеја, или на некое друго географско место од Стариот свет, или само меѓу фарисеите. Таков фанатизам и такви фарисеи постојат и денес. Можеме често да ги најдеме и во сопственото опкружување, па дури и во своето срце. Секогаш кога ги осудуваме ближните, кога се обидуваме да се оправдаме себе си, ние сме истоветни на фарисејот од параболата. Неговиот грев не беше во неисполнувањето на заповедите, туку во гордоста со која ја уништи секоја љубов во себе си. Тоа што тој го направи е полошо и од Петровото одрекување, па дури и од Јудиното предавство. Зашто тие ја сфатиле својата грешка. Страшното неверство кон својот Учител. Петар, обраќајќи се кон покајание како и митарот, а Јуда, пропаѓајќи во потполно очајание.

Оној, пак, што постојано се правда и не се сомнева во својата непогрешливост, тој дури ја нема ни почетната состојба на свест за својата грешност. А тоа е далеку од секое благочестие. Затоа премудриот Соломон вели: Почетокот на секоја мудрост е стравот Божји!
 Законот Божји ни го пропишува она што е за наше спасение, т.е. она што го преобразува нашето срце, а не слепо исполнување на некакви правила и конвенции, како да сме некои добро издресирани животинчиња. Та Бог не нé создаде разумни посакувајќи да бидеме програмирани и дресирани. Бог нé создаде и нé љуби како личности.
Но, да се вратиме на личноста на митарот.  Неслучајно Бог како спротивност на фарисејот ни го претставува митарот. Митарите биле меѓу оние најбесчесните во класичното еврејско општеството. Тие во народот биле озлогласени како поткупливци, како немилосрдни, како пресметливи. За да го потенцира контрастот, Спасителот избира токму еден човек од ваква провиниенција. Наеднаш, еден од оние што постојано земале даноци и подмитувања од луѓето, што ги малтретирале своите сограѓани и со најситни давачки, и.т.н. се прикажува пофлексибилен и по добросрдечен од навидум побожниот фарисеј. Митарот, кој како и денешните цариници и порезници, постојано е ставен пред задачата да пресуди за тоа, од кого што ќе земе, и кому што ќе прости, сега стои пред Судијата и без збор оправдание бара прошка на своите гревови.

Токму овој, најсмирен и најбесчестен меѓу луѓето, всушност е оној, кој ја покажува и најпобожната добродетел, добродетелта на смирението низ покајанието. На кој начин? Најпрвин постојано бивајќи свесен за својата ништожност пред Бога. И тој, како што вели евангелската поука, стоеше одзади и не се осмели ниту очите да ги подигне кон небото, туку само се удираше в гради и валеше: Боже, биди милостив кон мене грешниот! - знаејќи дека човечката праведност е ништо пред Бога. Дека нашата добрина и праведност се само сенка на Божјата совршена правда.


Затоа нашето покајание, смирена мисла на благодарност и прозба за благослов секогаш треба да му претходат на нашето дело. Ако човекот најпрвин со добра молитвена мисла ја покрие секоја своја намера, тогаш и делата ќе му бидат добри, побожни и успешни. Ако, пак, неговата мисла е горделива, исполнета со осудување и суетно правдање, тогаш делата на таквиот однапред се осудиле на пропаст. Ќе се измачиме, безумно ќе ревнуваме, ќе се возгордееме и ќе си ја земаме платата од Бога, не оставајќи ништо за небесната ризница.
Параболата за митарот и фарисејот Бог ни ја постави како вистинска мерка на побожноста. Дали барем малку сме успеале во животот да го стекнеме покајанието коешто Бог ни го открива преку митарот? Дали и во малку се ослободивме од гордоста и патолошкото правдање со кои беше загадена душата на фарисејот, како и сета човечка природа преку првиот грев на Адам и преку секој грев од Адама до денес?
Митарот и фарисејот бараа правда. Митарот со покајание, со постојана свест за својата несовршеност, а фарисејот со осудување и самооправдување, со потполна неосетливост кон сопстевната грешност. Овие два лика од Евангелската парабола се парадигми за два типа на побожност.

Митаревата е благочестива побожност. Побожност од љубов. А нејзините плодови се покајанието и послушанието.

Побожноста на фарисејот е механичка побожност. Побожност по инерција или од ниски побуди. Нејзините плодови се осудувањето и самооправдувањето. Од ова произлегува една мошне важна поука: Мнението за личната праведност е навреда на совршената Божја правда. Бог е Судија, и освен Него друг да не бараме. Амин!

 

+Митрополит Методиј Златанов
(Извадок од зборникот со егзегетски беседи “Каскади“, издавачки центар ТРИ, Скопје, 2009.)

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »